1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бовчи

Дискусија во 'Свадба' започната од Viiiiip, 10 октомври 2010.

  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Еве јас потазе , да ви кажам како направив по ова прашање...
    Веридба не правев, тоа за мене е најголема глупост, дупли трошоци, и за домаќините и за гостите, па уште ако е брзо свадбата, за 3 месеци двапати ги викаш луѓето за иста работа, срамота, да те испраќаат од дома, па те водат стопати...па се враќаш....абе бог да чува...значи немаше веридба, фала богу ни бовчи..
    За свадба, на кумот и старосватицата им купив поскапи часовници, на мажот ми исто (најскап нели :lol: ), на деверот и на мажот на старосватицата исто саати, за нијанса поефтинки....
    На свекрва ми ташна, самсонајт..да не биде од пазар за денов...
    На свекор ми кравата, новчаник и каиш комплет...
    На дечињата на старосватицата по едни патики адидас..
    На кумата и деверицата(девојките на кумот и деверот, неофицијалната) парфеми..
    Е сега мојата свекрва сакаше да дадам и на родителите на кумот и на деверот :envy: :devil: (по мене глупост, ама нејќев да се расправам), па на мајките им дадов саат касио по 3500 ден, а на татковците кошули од Пал Зилери (на попуст начекав)
    На баба му и дедо му, по едни чевли за постари луѓе...
    Не поминав ич ефтино... :devil: :devil:
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    леле енца па како си почнала мислев ќе прочитам дека и гостите си ги дарувала. ок сметам дека си претерала ок не по твоја вина но и ова свекрвиве мислат како они да ги даваат парите од џеп.
    јас планирам само кум-кума, старосват- старосватица, мојте дома неговите дома и толку како да не баби дедовци родители на кумови ако си сакаат нека ми платат и коли ќе им купам, јас за чалам пари немам :?:
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Леле Енца па етпен скапо си ги дарувала, а ќе можете ли да и кажете од прилика до колку пари ви беа бовчите ( на пример на кумот до толку, старосварицата, деверот....) сестра ми сега ќе прави свадба и треба да почнеме да купуваме??
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    па мислам дека за една бовча солидно е од 50-100 евра, знаете никој нема да ви замери колку имате толку пред се сите знаат дека сте во трошоци и нема потреба да се расврлате. а плус нели кумовите и старосватите ви се блиски луѓе и ја знаат вашата финансиска состојба. Ете јас кога бев кума добивме двд кое кошта 100 евра, значи за двајцата излага ко по 50 евра.
    а сега кај што ќе бидеме во мај исто кумови дечките рекоа да си бираме нешто до 50 евра и рековме ќе си избереме саати и ќе си доплатиме. никому ништо искрено од двете страни. колку имаат толку сепак адет е во прашање не расфрлање со пари и надавање кој ќе даде повеќе ;)
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.
  5. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Скапо беше да, ама немав избор, мислам ги знам луѓето, знам што носат :worried:
    За маж ми саатот беше 600е (ама тоа затоа што он не носи и не сака злато ни под разно)
    За кумот ми беше 14 000 саатот, за старосватицата 11000, другите беа по 7.500, ташната на свекрвата беше 4.500, на свекорот комплетот 5000, кошулите за татковците на сведоците по 2500, часовниците на мајките по 3500, и на девојкиве по 2500 парфемчиња, на дечињата на старосватицата патиките од борис трајковски ги земав, 1500 и 1300 мислам беа, мали за годинка и за 3 год...
    Инаку тие донесоа неколку бовчи за мене, мислам јас што си одбрав, и за мајка ми, брат ми и баба ми....
    Стварно ова е најлошиот дел од свадбата...
    Чукаш глава, даваш пари, незнаеш што, како, за кој... :@ :@ пукнав, ама тоа ти е.....
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас не претерував во тие работи. Уште во старт се договорив со маж ми да не ми купува злато и сл. работи за да ме кити свекрвата :) туку натенане, спрема прилика и потреба ќе си купам јас. Исто важеше и за него. Свекрвата ја прашав што си сака, во стил нешто што ќе го износи и таа си реши, золвата си зема сандали, самата си ги бираше. Кумот доби сат, каиш и парфем (не беа од Мк), кумата -мајка на кумот -( стара жена, професорица у пензија) си доби материјал за шиење, парфем и една интересна книга, старосватовите си ги фатив за рака и си ги прошетав да си одберат нешто. Старосватицата си зема бижутерија која ја носеше на свадбата, старосватот и неговиот брат си бираа кошула, нивната мајка ???? не ми текнува а нивното синче го наџиџав со Окаиди некои фармерчиња и кошулка.
    Истиот ден им ги давав така мораше да биде бидејќи маж ми немаше слободни денови за да накнадно им ги носиме подароците а и веќе имавме уплатено за одмор (заминавме веднаш наредниот ден). Самиот чин ме запрепасти, нели прво кумата и се поздравувам со неа и таа ми дава пари :@ ќе умрев од срам се погледнаа останатите и тие почнаа да вадат пари. Кумата и кумот се од Скопје :puke: и кај го најде тој адет, свашта...
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    алал да тие па ти со парите шо си ги потрошила за веридбата си можела да ја платиш свадбата :lol:
    мислам дека се е договор, јас навистина неправев веридба, зато шо само за џабе фрлање пари мие, го дадовме само зборот, и тогаш им дадов на сите кои дојдоа по една крпа(имам претходно пишувано за ова)
    а после за свадбата им дадов поклони на деверот, деверицата и кумовите ;)
     
  8. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    ^^^
    Не си ме прочитала добро...не правев веридба, ова ми е за свадбата бовчи...
     
  9. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    694
    Јас правев веридба и мене само свекрвата тогаш ме даруваше со накит јас што си избрав.А пак моите родители и останатите гости го даруваа маж ми.
    Сеа на свадбата ќе ги дарувам кумот,старосватицата и нивните родители и купив поклони што мислев дека ќе им користат,а и свекрва ми и деверот и толку никој друг,дека сум слушала дека се дарувале и останати роднини.
    А слушнав нешо и дека маж ми требал да ги дарува моите родители што ме зачиди,прв пат слушнав,па кажете дали некој од вас имал такво искуство?
     
  10. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    14
    И јас прв пат слушам за ова. На свадбата, ти ги даруваш родителите на сопругот и брат, сестра со фамилијата доколку има, кумови, старосвати ,девр, деверуша.....Сопругот и неговите те даруваат само тебе, никој друг.
     
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Еве и јас да се приклучам кон оваа тема, значи на веридбата си разменивме со маж ми прстен, мајка ми купи на сите по една бајнарка што дојдоа( свекрва, свекор, маж ми, кумот, кумата, нивното детенце и золва ми). За свадбата ги дарував само кумот, кумата и нивното детенце, нормално и маж ми. На кумот и кумата им дадов по 100 евра, а не детето 50 евра. На маж ми мајка ми му стави златен гердан, татко ми колба а јас часовник. Од нивна страна не се испуштија многу и многу( бидејки свекрва ми не знаеше каков е герданот на маж ми а навистина беше многу убав и паметам беше многу скап, ми стави само едно тенко ланченце.
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    sorry сега прочитав подобро ;)
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ср*ње. Или што би рекле западњаците-по ѓаволите :lol:
    Баш деновиве правев муабет со мајка ми што како да купуваме на кумовите и нивните деца, на золва ми и нејзината фамилија, на родителите на маж ми. И јас и предложив пари да им дадеме (оти сите се терсене за подароци, тешко им се погодува :@ ), но предложив сума од по 50 евра на сите. Малку се ???
    Инаку за маж ми, моите се договорија да дадат пари да си купи тој што си сака ( се спомна цифра од 300 евра). Но :!: малку се побунив јас, бидејќи од свекор ми и свекрва ми јас нема да добијам нешто посебно (можеби само некое поклонче до 1000 денари, да не е без ич). Ама мајка ми сака да си тера како што си е редот, а ако тие не ми купат мене ништо-нивен проблем, нивни срам.

    Е сега сум на огнови од сите страни. Доволни се парите (50 евра на секој) наместо бовчи? Да побарам моите да ја намалат цифрата што ја планираат за зет им?

    Сепак, само женската страна дарува, машката ништо, ама баш ништо не купува :devil: . Барем за бабата и дедото (мајка ми и татко ми) да купи нешто, не мора многу скапо да е, битно да се припази редот.
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    блонд јас мислам дека по 50 евра се доволно. Нека си тераат твојте како што е адетот за свекрва ти ич нека не ти чуе и нека се покажат твојте, па сепак ти е нели прв брак ;) Свекрва ти батали ја нека си се имаат и почитуваат твоите со зетко и не се нервирај мислам дека твојте правилно размислуваат. или пред се поклон од по 50 евра но и самата викаш дали ќе им погодиш така да дај им пари и кој што сака нека си купи или кажи им да си бираат нешто до 50 евра ;) имаш парфемчиња и убави женски саати до таа сума
     
    На eleni23 и blond им се допаѓа ова.
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Паметно ти е тоа да им дадеш по 50 евра и да не се замараш. Јас на инсистирање на свекрвата, да се терале сите стари обичаи, правев бовчи и ми излегоа 20 некаде. Потрошив сума околу 500 евра. Еве за пример на зетот од золва ми не му се фати кошулата оти блиски сме и ми кажаа, а за другите врска немам. Како и да е бовчите се едно големо *рање ко што кажа Блонд и се надевам дека за ќерка ми во иднина тоа тотално ќе се исфрли од употреба за чинот свадба. Та нели свадбата е венчавање во црква и пред матичар, на тоа треба да се обрне внимание.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Најдобра опција е -договор...да се купи едно ама вредно,и гледам денес младите почесто така применуваат...едино старите водени од класиката можат да замешаат прсти ама вие ќе си кажете :!: многу од моите пријателки ми имаат кажувано дека го прашувале пример кумот,кумата,старосватицата итн...што им треба,или овие да си изберат а они да им купат-давале дигитални апарати,мобилни и сл...се случувало и да ми кажат дека им дале пари во плик ,па они да си изберат што сакаат....ама навистина ми се мизерни оние класичните бовчи-башка и увиткувањето кошта-пошто се огромни,и скоро сите содржат-пижами,влечки,крпи,долен веш,бањарки... :lol: такви некои ствари....КОј како мисли дека му е убава-така нека си прави,и ствар на вкус е :)
     
  17. caci-maci

    caci-maci Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Еве и јас сум пред таа дилема. Прво кумот и старосватот ми се по цела фамилија., односно кум кума си две дечиња од по 3 и 6 години. Исто и старосватот. Кумот му рекол на мажот ми дека ќе му даде во плик 150Е а старосватот 200е. Нормално кој колку има толку ке даде. Само сега по колку јас да издвојам за поклони за нив. Тие ке дојдат и со родителите кои нормално ќе се прилкучат на нивниот поклон. Значи ќе имам од страна по 4 возрасни за порции, односно по 60 евра за порција за секоја страна. Под 50е неможеш да најдеш пристоен поклон. За кумата и старосватицата најдов ланчиња од Сваровски пред нова година на попуст по 3000 ден. Значи сметам за нив средено,иако мало ќе изгледа поклончето :( За мажите нема саат под 4 - 5000. За децата ај за секое викам по 1500 ден ќе најдам некоја облека. Значи во најдобар случај ако најдам за мажите поклон до 50е ќе поминам со по 150е од фамилија за поклон, плус по 60 евра за порции. И од нив ќар до гуша. Несакам да звучам користољубиво ама нели треба да испадне сите да си ја платат порцијата и да остане нешто ситно за младите. Барем јас така сум се раководела кога сум идела на свадба.
    А мала дигресија јас и мажот ми сами си ја правиме свадбата, си земавме кредити и ќе си ги плаќаме сега :(
    Ако некој знае каде има пристојни поклони за мажи до 50евра нека ми пише.

    Поздрав
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Аххх,те сфаќам ама така е ,што да правиш...ако си за машки часовници отиди во чаршијата скопска,во zenith можеш да најдеш casio до 3000и нешто и ако зимаш два замоли ги да ти дадат попуст,и ќе ти дадат 10посто попуст,тоа од сигурно,зш и јас направив така ;) а на жените им ги купи ланчињата сваровски или не?ако си ги купила дали си сигурна дека би знаеле да ценат,зашо има секакви па би можеле да речат-пффф ми купила накит :^) ако не си им купила на нив,најубаво на сите дај им по 50евра во плик,а на децата по 20или 30 и средена работа ;)
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Види некој каиш, новчаник, оние копчиња за одело, игла за кравата... такви некои работи. И некои штосни кошули можеби ќе можеш да најдеш.
     
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    На дечињата оди до Борис Трајковски аутлетот, ама и во 3м, за 990 денари имаш супер патичиња, адидас, најк...видов пред една недела, а за мажите, мене пред еден месец колешка ми кажа за овие часовници, она купи за свадба и биле супер и оригинал, мажот и ги проверил во грција, со гаранција и се, а прилично ефтини (ќе си пукнам како јас незнаев за мојата свадба :@ )
    http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Ind ... 9812&Idx=4