1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бовчи

Дискусија во 'Свадба' започната од Viiiiip, 10 октомври 2010.

  1. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Мили идни невестулчиња, еден совет од мене. Чувајте си ги паричките ќе ви требаат за понатака ( за бебушките мили ваши), а ова со бовчиве гледајте на културен начин да го заобиколите. Тоа ви се џабе потрошени да не речам фрлени пари
     
    На pikolino, AloneM и girl1985 им се допаѓа ова.
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Се согласувам, но знаете какви се постарите, особено бабите и дедовците, па после да те оговараат.. леле срамота ништо да не ни даде... А чеиз ќерко имаш? :D
     
  3. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ќе имаме и кумови и старосвати, но како да не ги дарувам бабаму и дедому коа живеат во иста куќа? ... Се мислев барем по една убава кошула, убави папучи за дома и нешо слично.
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Тачно за постариве. Мене свекрва ми за веридбата ми рече да купам некој поклон за татко и' бидејќи бил жив и срамота било да не му однесам подарок на него. Па му земав кошула.
    Море Неса, ја колку не сакав да давам пари нит да купувам нешто... Само дарови на кумови и толку. Та небива мене ме даруваше нешто свекрва ми. Пффф нема што |( . Ај вака си се тешам за кумовците и золва ми, излезе капа за глава (колку јас нив, толку тие поклон за свадба, тука некаде).
    Ехххх здрааааааааавје кога ќе дојде ден да се прави свадба на мои деца, такви бовчилаци, глупости, не сакам. Ама снајка и зетко обавезно ќе бидат од мене дарувани (па не цица кравата од телето, туку телето од кравата).
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    ^ И вака и така ќе зборуваат, од тоа нема спас. Ако купиш леле што ни купи, а ако не леле како не им е срам со ништо не не дарува. Јас на мојата прва свадба на свекорот и свекрвата културно им кажав дека немам намера да им давам ништо, зашто они сакаа свадба а јас и тогашниот сопруг не. За нивни атер направивме со сите салтанати што се вика, ама за бовчите реков НЕ. И ич не ми беше ни срам ни ти пак се сеќирав ако некој кажеше нешто.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Убавини.
    Ех ми текна уште нешто. По порачка на свекрва ми (бидејќи на кумот што ни е) мајка му била жива, па ми рече да купам нешто за неа (демек срамота било) и да го однесам подарокот |(
    Јас се правам наудрена уште. Нит поклон има нит ништо :) А ме праша свекрва ми : каде е поклонот? - кај мајка ми го заборавив. :D
     
    На nesa и girl1985 им се допаѓа ова.
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    И мене ми е нелогично, колку да го даруваш кумот, толку ќе ти донесе подарок, па ало, ја не му давам поклон за свадба у кумство?! Го дарувам! А поклонот од нив нема благе везе со тоа. Ок ако не се во можност ама враќање со ист е глупо оти нема логика.
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    А бе балкански менталитет. Се нервирам што повеќето од на маж ми страната се Титови пионери,ама ајде... Нека оде од моите. Јас многу се противев на мајка ми и она рече само:"Нема нас 500 евра да не обогатат или осиромашат. Подобро да им затнам устата да не зборуваат и таму (овде) тебе да те нервираат".
    Хах, и после ќе се пофалат дека дале поклон вреден 200-300 евра. Хах, па само парата се завртела, од мене на нив и пак на мене. Значи поклон од нив за свадбата нема :)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Taчно. Ако е така нека кажат да не ги дарувам и нека не ми носат подарок :D А може и да не дојдат на вечера ако им се брза :D (шала).
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Колку би потрошиле за подарок за кумовите, старосватите и неговите домашни? По 50-60 еур од човек се доволно или малку? :worried:
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Доволно. Па ако најдеш некаде по пониски цени некои работи, можеш и со помалку да поминеш.
     
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    И мене ми е добредојдено ова инфо.
     
  13. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Сосема доволно , а и сега не се прават класични бовчи , за секого по една работа .
    Јас кога правев бовчи вака ги распоредив :на мажите (свекор ми , девер ми и старосватот ) по една кошула и кравата (гратис ми ги дадоа со кошулите ;) ) , на свекрва ми пошто беше неодлучна што сака и дадов 3000 денари , на јатрва ми и купив ташна од bags mania 1700 ден , а на децата од јатрва ми тренерчиња (2000 денари двата пара) , на кумата саат 2500 ден , исто и на старосватицата , а на кумот му дадовме 100 Еур пошто и он незнаеше што сака :D
     
    На Sun.shine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Мислев на кумата, старосватицата и золвата да им земам по едни обетки или ланче од Swarovski, за старосватот убави копчиња за манжетни, за деверот некоја убава кошула или парфем (во Космо има некои интересни понуди парфем плус гратис торба, несесер, пешкир...) а за свекрвата и свекорот мајка ми инсистира да им купам комплет костум :^) по 100 еур за двајцата. За кумот уште немам идеа, можеби убав часовник?! :?:
     
  15. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    И јас размислувам на тема убав часовник за кумот, часовник за кумата, за свекрвата убава чанта со комплет новчаник и слично гледав интересни комплети во Ферџи, за свекорот убава кошула, кравата, каиш, паричник и нешто во тој стил, за бабаму и дедому по една убава кошула и можда уште нешто.. за деверот размислував некоја убава младалашка чанта од Самсонајт и внатре да му ставам парфем некој пошто е луд за парфеми :) А може и некоја друга комбинација, неделава ќе дефинирам. И за другата баба да не ја двојам ќе земам исто кошула, планирам да појдам во Линеа за тие кошули за бабите. И уште зеткото да си го средам. Е сега бидејќи и тој ме дарува мене нели, а и јас него, мислевме да си купиме комплет убав со бањарки од Тач-зорлу и јас нему злато и тој мене злато (со нормални суми, не забегуваме со илјадници евра, тоа за мене е претеризам и снобизам). Интересно ова со Сваровски комплетиве за женските особи, ќе размислам :) Може да видам и во Митас, во ГТЦ ако го знаете, и тие работат со Сваровски кристали и позлата, како што е накитот на Сваровски (тој не е злато).
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Јас често купувам за другарки накит од Oxette во ГТЦ (карши Манго), има убави обетки и ланчиња од 1000ден па нагоре и многу убаво ги пакуваат во бели кожни футроли. За бабичките можеш да купиш повеќе ситни работи (папучи, чорапчиња, поткошули, новчаник) ќе се радуваат и фалат дека им е од снашката :D
    Пред една недела открив во ГТЦ на 3ти кат (до ексима) продавница за сребрен накит со кристали сваровски (порано во истиот дуќан продаваат оригинал сваровски), имаше многу убави моделчиња а цените беа минимум дупло поефтини од оригинал сваровски накит.
    За мажулето планирам еден убав часовник по негов избор :) јас најверојатно за себе нема да земам злато (не носам) туку некој убав комплет од сваровски.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски

    Нека зборат, арно ти вели Неса. Јас си се договорив со кумовите, им кажав што ќе им купам и прифатија. А на старата кума (мајката на кумот) не и се погодило и зборувала. Е па, нека зборува, ич не ми е гајле, а кога се договаравме дали ќе има бовчи или не, таа го прифати мојот предлог... и ете после не и било по ќеф. Ич да не се трошите, поарно тие пари чувајте си ги, не само за бебушките, туку и за вас, за дома (под претпоставка дека не сте заедно со свекор и свекрва).
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    А да ве прашам за обратната ситуација, што вие добивте во вашите невестински бовчи и како се договоривте околу таа работа? И до која вредност одприлика требаше да одберете , ако воопшто биравте сами. :^)
     
  19. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Мојата бивша свекрва, бидејќи е многу љубоморна и циција (а тоа јас неможев да го разберам, на сопственото дете) и реков она да ми одбере што сака и воопшто не се замарав. Ми одбра стварно мн убава огрлица и алка, бидејќи обетки не носам. Арно ама бидна што бидна, и коа си отидов ми ги земаа. Можда и на новава снаа и ги дала истите :lol:
     
  20. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Многу веројатно :D