1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бовчи

Дискусија во 'Свадба' започната од Viiiiip, 10 октомври 2010.

  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Ние не се договоривме :D , уствари јас се договарав со муж ми, он со нив :lol:
    Бањарки заедно земавме комплет, па тие мене, јас на маж ми, чевли си видов Бата, ми го правеа ќејфот многу, и му викам на маж ми, ај купи ми ги и дај и ги на мајка ти да ми ги стави во бовчата :D , а сама ми купила ташна, скапа, ама не ми е ич по ќејф, парфем и обетки сваровски...
    Од злато, јас огрлици нејќев ни под разно, демек знакот дека сум се омажила |( , отидов и сама си одбрав, ништо претерано, 2 симпатични златнo жолта, и златнo бела тенки ланчиња тако звани,,сајла,, :lol: , не се скапи тие а се толку убави и практични, само привезок купувај си и нов накит секој ден, си земав 3 привезока, многу сакам крст привезок, па земав два златни, еден помал тенок, со малку циркони, за секој ден, еден голем, целиот од циркони, за поретки прилики, и еден од сваровски понежен да го комбинирам со белата сајла за секој ден, еден прстен убав сваровски земав, саат сама си одбрав кога шетав со муж ми, му реков овој и точка, па оделе после они купувале...
    Тоа имаше во бовчата, и плус тренерки едни адидас...
    Класично договарање немаше, јас префрлив се на муж ми, додека шетавме си одбрав све, па како се справувал он понатака ич не знам а и не ме занима нешто многу :D , ама боље кажи си, јас само за ташната не се бунев и ете ја дреме дома, а скапо ја платила...
     
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Бреее енцоо ти си ги ошурила... :lol:
     
    На AloneM и eleni23 им се допаѓа ова.
  3. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    :lol: :lol: :lol:
    Па и они мене, прочитај напред :lol:
    Не бе, многу поевтино фати од класичното огрлица, алка, обетки, прстен и незнма ти што, па нели ставаат таму, свашта, од папучи, пижами, тренерки палта...
    Знам дека за накит потрошија малку повеќе од пола од тоа што го планирале, така да штедлива бев :lol:
     
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    А до кои суми одприлика се движевте? Мене никако да ми кажат бар одоколу до која сума да гледам... замисли да одберам нешто а да чини повеќе... :$
     
  5. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Никој ништо не ми кажа, за накит ми рекоа околу 2000евра, што за мене беше чиста глупост толкава сума, ама подобри класични свадбарски комплети се околу 1200е, па ваљда се распрашале и затоа така ми рекоа...
    А за другото све со муж ми, никој не ми рече чевли од толку, ова од волку, прашај го него, што зборат дома, како им е планот, колку можат, што како, па подобро 2-3 работи асални да купиш, отколку да има се по пропис, а ништо да не биде по твој ќејф...
    Незнам, класично договарање, онака на маса седнати, до оваа сума за ова, до онаа за она незнам, мене лошо ми е и за двете страни, непријатна ситуација...
    Вака со мажето најбезболно е, незнам како се со финансиите, примањата, како им се распределени, можете и сами да си доплатите нешто, а кажете им поефтино да не мрчат, па не мора се да знаат точно :lol:
    Оди еден ден со вереникот, одбери си, па нека оди он после со неговите нека купи, а не и ти да шеташ со нив, па незгодно ти е, па млада невеста, потќутуваш и пак ќе земеш нешто што не ти се допаѓа...
    Ние бркавме скоро се, сами, само ти кажав, тоа што сакала, менѓушите, ташната и парфемот, сама ги купила, за нив не знаев, ги видов дури во бовчата...
    И морав да редактирам, се смеевме со мажето ми, многу смешно ми ја кажаа сумава, 2000 е како за половен автомобил :lol: , ама пустата моја битолчанка сакаше да се покаже ептен :lol: ...
    Ах, леле, маки се ова, дури и сега кога пишувам, намизерниот дел од свадбата, дефинитивно, пазарење, пазар, и секогаш има некој навреден, некој незадоволен, некој оштетен...ова целото претсвадбарско расположение ми го расипуваше.. :@
    Глупави адети...
     
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Искрено мене и да ми кажат накит да гледам до 1500е нема да прифатам, тоа за мене е глупост... И 1000е се многу според мене, подобро тие пари да ни ги дадат за нешто друго ако веќе планираат толкав трошок... Ќе мора да му кажам на вереникот да праша одоколу колку планираат.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    И мене ми беше, и глупо и смешно, редактирав погоре, пишав колку се смеевме со маж ми, затоа и потрошив нешто малку повеќе од половината од таа сума, затоа што златото е толку скокнато, нема да ти се верува, за 500е ништо нема, а сакаа злато да сум земела по секоја цена :o ...ама тоа ти е... ;)
     
  8. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    :o Уффф многу дарежлива твојата свеки енца :D
    Јас поим немам колкав буџет ќе ми одредат :D ама колкав и да биде, би ми било непријатно да потрошам повеќе од 600-700еур.... Сега за сега така мислам ама до Септември кој знае, можеби ќе ми "рипнат" акциите.... ;)
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Eптен ми се допаѓа во бовчите да си купиме комплет бањарки, на нет гледав на Тач какви се, перверзии... знаете можеби како им се движат цените??
     
  10. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Златото е многу скапо, верувајте...мојава сака многу така да се покаже пред народот, и сигурно прошетала пред тоа, па затоа и така кажа, а штом ќе прошетате низ златариве, ќе ви стане јасно што сум зборувала...
    Само работата беше тоа што јас несакав злато да зимам, ама тие инсистираа, што беше до мене, јас ќе тркнев на Бали на некој ден со тие пари, или ќе уплатев за ново ауто :lol: , им викав јас кључевите после ќе ми ги дадат, колата ќе ја дотераат со машна и тоа е тоа :lol: а не да се китам како була некоја ...ама нема...не зависи само од тебе... :@
    А да, и нагласив дека нема шанси да ме китат тука како дрво некое, пред луѓето, ај сега свекорот ланчето, да се сликнеме, па овој прстенот, бабата едната менѓуша и тн...среќа ме послушаа, а и немаа избор додуша, строго нагласив, па купила едно убаво поголемо ковчеже, и ми го даде со се внатре... ]:)
    Инаку грл бањарките во Тач комплетите ти се од 6000 нагоре, ама она со се комплет, со пешкири и некои тракатанци....
     
    На Sun.shine и girl1985 им се допаѓа ова.
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Мене ми се допаѓаат Класик сетовите на тач, две бањарки, и по два пешкира во двете нијанси. Останатите сетови што се со папучи ми е излишно...
    Еве како изгледаат Класик сетовите одприлика:

    [​IMG]
     
    На AIT, Sun.shine, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Се согласувам дека многу е рипнато златото, под 500-600еур не може да се најде некој поубав златен комплет... Јас не сум голема мераклика на злато па така ќе си одберам некое комплетче од Сваровски, барем со мерак да си го носам (па свеки нека скока колку сака) :D
     
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Бевме викендов да гледаме по златари, па дефинитивно на крај одбрав тоа што и првично посакував, златно ланче и алка со кралска сплескана плетка. Преубаво нешто за мене.. универзално нешто што може да се носи скоро во секоја пригода и со се, и во секоја доба од животот.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    koga ke mi tekne sto pari potrosiv ama seto toa so sreka da si go imaat,pa za ubavo se dalo,,,,,,e sega koj kolku moze koj nemoze pa i nemora ne e srekata vo bovcite,toa kolku za adet,porano babami mi kazuvase maramcinja im davale zboram vo nivno vreme a babami e umrena na 82 god hahah,i namesto da prekine ili nesto simbolicno ,kolku za adet nevestata treba da ja boli glava za kupuvanje namesto taa da si uziva,,,,,,,,,,
     
  15. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Женцки, да ве прашам, за бовчалоциве, ги пакувавте во украсни кутии или со хартија? За тие кои имавте украсни кутии, од каде ги зимавте??? :^)
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Украсни кутии. Ваљда можеш да ги најдеш секаде каде што прават такви украси за свеќи и сл. Поточно немам појма во Ск каде има :)
     
  17. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Имаш на цветен пазар , а има и на битпазар во продавничките кај женскиот пазар , е цена незнам :)
     
  18. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.897
    Пол:
    Женски
    Јас ти препорачувам,да отидеш во некоја цвеќара кај што поубаво виткаат со украсни хартии и плус некои украси одозгора,отколку да купуваш кутии,зошто една другарка прашуваше за кутии на цветен и една кутија за колку бањарка да собере беше повеќе 100ки,негде 10денари сантиметар,рачунај ти ако ти треба некоја од 50цм и така повеќе,ќе се утепаш од пари давање.Мислам дека подобро снабдените цвеќари им носиш се што сакаш да ти спакуваат,убаво ти украсуваат,дури и за твојата соба ти прават ти спаѓа украсувањето,распрашај се убаво.
     
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Кај брат ми и снаа ми на свадба, многу комплицираа со ова бовчиве, поготово на снаа ми мајка и. Таа е постара жена и „де срам било, ќе ги оговарале...вака така“.
    Мајка ми и купи злато на снаа ми окулу 400-500 евра мислам дека беше, комплет ланче и алка, не и кажаа моите сума туку сама тоа си го одбра.
    Сваќата(на снаа ми мајка) му купи на брат ми златен ланец, не многу дебел, среден окулу 500-600 евра мислам дека беше, Булгари прстен и саат. Неа ја фати 1000 и кусур, ама таа инсистираше така да било.
    Си разменија бовчи, за во на снаа ми јас шопингував, и и реков да дојде со мене низ продавници и да си одбере, дали гардероба, дали накит, дали чевли било што за окулу 300 евра. Таа не сакаше и морав јас да и бирам, и зедов убава бањарка, долен веш од Лиска, тренерки од Еко, фармерки и блузички од Калиопе мислам дека беа, парфем и уште некои ситници.
    И во на брат ми бовчата имаше слични ствари.

    А сега бовчи за кумови и старосвати...
    Кажав мајка и како размислува, и сакаше да им купува луксузни накити, часовници од по 300-400 евра и сл. Мене не ми се допаѓаше тоа пресеравање, и ја зедов во град со мене.
    Кумата беше сама, другарка на снаа ми, и си беше одбрала комплет од Алтинбаш, нежно ланче и прстен за окулу 150 евра мислам.
    За вујко ми(старосватот) купивме саат од окулу 3000-4000 денари, за вујна ми исто, за нивните деца купи парфеми од по 1000 денари...
    Бидејки таа ги даруваше и деверот и неговите, на деверот(детенце од 6-7 години) и на сестра му и им зема постелнини и плус нешто гардероба докај 4000 потроши за нив двајца, а на нивните родители парфеми, ги плати 1500-2000 денари. Бидејки чичко ми, му е дедо на деверот и нему му купи кошула, поткошула и чорапи мислам...
    Мене ми купи Најк патики, добро ние сме си поблиски и таа сакаше тоа да ми купи :$ , а на мајка ми мислам дека и зеде гардероба до кај 2000-3000.

    Лично јас несакав да прават вакви адети, дарување и сл. зошто јас личноста сум ја поканила да ми биде кум или старосват зошто ми е блиска, а не да гледам што подарок ќе ми донесе, и да се стиска колку бовчата толку подарокот, еве снаа ми и купи накит на кумата од 150 евра а таа им даде поклон во плик 400 или 500 евра, за деверот и неговото семејство даде окулу 150 евра а тие им купија фрижидер од незнам мислам дека окулу 300 евра беше.
    Глупости се ова, или мене барем така ми изгледа, јас незнам дали ќе ги дарувам, а и не очекувам да ме даруваат, ко на снаа ми што и направија таа нив бовчата, чичко ми оп прстен, деверот обетки, вујко ми оп прстен, вујна ми алка... Кога ја испонакитија, како нусе беше...
    Мене патиките ми ги даде пред тоа, па на свадбата само си се избацивме и изгушкавме и и мушнав едно илјадарче во рака :lol: , мајка ми и даде 50 евра па она нека си купува, а не прстените од овие сите големи и беа, а и не и се свиѓаа...

    Затоа јас фино лепо, само Петко ќе си го дарувам, ќе му купам кола, зошто ланци не сака, и ќе им кажам на неговите дека подобро некое југце до кај 1000 евра да ми купат,или нека ми уплатат нова кола на лизинг па јас ќе се ја исплаќам отколку ланчиња, алки, прстени...кои повеќе ми се драги ако се од бижутерија отколку вредни неколку илјади евра.
    Ама ко што ми се добри свекоров и свекрвава, ќе ми купат и тоа и тоа ;) , знам дека свекрва ми нема да дозволи да не ми купат некое златце, а свекор ми ќе ми подаде некој клуч и завршена работа...
    Па срамота е на единствениот син и снашка да штедат :$ ...
    Мајка ми ако планира на Петко да му купува ланци и бовчи, ќе додадеме пари и оп и за него кола, па наместо да не китат колите пред врата, машносани, накитени и ни ги врачуваат клучевите...момент вреден милион долари ;)
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Јас нема шанса да давам класични бовчи.Со влечки,пижами,крпи,гаќи,долни маици... :shake: Зар некој уште го прави тоа?
    Со кумот се договоривме -он нас машина за садови а ние нему саат или мобилен,а на кумата-жена му, или саат или некој накит,ќе одлучат и ќе ни кажат,и они ќе си изберат како што и ние веќе си ја избравме машината :lol: На детенцето-мало е ќе му купиме нешто.Со старосватицата сеуште имам некој проблем,ама и она ќе биде на тој принцип.Поубаво така,него да го меркам кој број гаќи носи,или влечки или што ти знам....
    Е сега на сестра му на маж ми ќе и порачам некоја ташна од Авон или Дуки Дасо со некој накит-и она ја бендиса идејата,на свеки и свеко-поима немам,на деверот-саат ,и на други зар на уште ќе давам :sweat:
    Не сакам на сите,сакам само на поблиските,што ги набројав,па ќе видиме ;)
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.