1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бовчи

Дискусија во 'Свадба' започната од Viiiiip, 10 октомври 2010.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Голем дел од старите обичаи денес се пресмешни, а на врвот од таа листа ми се бовчите :tmi:
    Ауу ова бовчиве ми се најголема глупост. :headbang: Мојот став е дека ова е непотребен трошок, а и луксуз и замарање во целата таа фрка,... Инаку најидиотски ми е дарување пред сто луѓе, па сликање во поза примо-предаја-на-поклонот-и-наместена-насмевка ^_^ :D Ако некогаш се одлучам на свадба дефинитивно ова ќе го нема. За класичните бовчи немам коментар, па зар сеуште има луѓе кој даруваат чорапи, гаќи и ќебиња! Многу глупаво и непотребно! :x
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  2. milljana

    milljana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Ние за веридбата се договоривме само прстени да си даваме, но свекрвата на која и е побитно шо ќе кажи народот ми донесе бовча (иако е прескржава). Мене тоа ми падна многу глупаво дека не се договоривме така и само тие ми дадоа бовча. Во неа ништо не ми погодиле, џабе беа дадени парите и јас ги раздадов работите по другарки (ставиле дури и шампон и тоа за фарбана коса, а јас никогаш не сум се фарбала :lol: . Ова многу ме налути дека на вечерта на веридбата си ‘играше‘ по нејзино, а пред тоа друг план беше. :@

    Сега се плашам и дека за свадбата ќе биде така. Таа најпрво нема осет дека ние имаме многу помалку пари од нив и ние имаме уште трошоци (таа има мажена ќерка, а јас имам уште две сестри, едната е немажена) и не можиме да си дозволиме колку таа сака. :(

    Сега барам ѓердан за свадбата (тоа ми рекоа да побарам) и да бил до 200евра :o :tmi:
    Па најслабото белезивче е 200 евра, а не па ѓердан за толку пари. Шетавме со вереникот, ги виде и тој цените, ама ништо им рече дома им. Мајка му запнала дека за 200 евра се најдувало многу убаво ланче со привезоче. Јас се откажав и им реков најдете го и купете ми го. Златото е навистина многу поскапено! :!:
     
  3. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    моето ланче што ми го купија беше за 800 евра ама преубаво е
     
  4. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    златото е многу скапнено и нема вредност...јас мислам дека за 200 евра мозе да се најде несто посаглам.Немора да биде ланце...мозе и нараквица има доста убави и поприлицно дебелки.ЗАвиси од какде си и кај барас...во стара царсија на бит пазар е најефтино ;)
     
  5. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Сакам да прасам...јас нема да спремам бовци и планирам да им дадам извесна сума и секој да си купи сто сака...јас ке им го спакувам и заврсена работа.И волкот сит и овците на број :) Незнам отприлика по колку да им дадам...дали за кумовите се доволни по 5 000 ден,на децата по 2000,на деверот 3000,на старосватовците по 3000 итн. Не сакам мн.да се расфрлам со пари зосто според мене тоа се беспотребни тросоци.Со остатокот од парите со мм мозе да инвестираме во несто.Совет?
     
  6. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Каталина, сосема се доволни сумите што ги напиша. Нека си купат што сакаат, ако сакаат нешто поскапо нека си додадат сами... Нема потреба да даваш повеќе, бовчите/подароците треба да се симболични, само чест да се направи. Немој како мене да згрешиш, па после глава да те боли :D
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    и според мене е доволно ама си велам да цујам и нецие друго мисленје...
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Лани бевме кумови и беше на ти го -дај ми го,значи она по 150 евра исто и ние :lol: Ние си купивме саати и плус ни останаа пари.Таа сума обично сите ја даваат...
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Јас не би спремала бовчи, ниту пари би давала... :D
    Овие адети ми се неразбирливи и глупави, ми немаат логика бе :^)
    Ве читам и се чудам, толку трошоци за што? За дај ми го на ти го? :x
    Сум пишувала и во други теми - не сакам свадба, така да и овие работи отпаѓаат :fubar:
     
  10. Marijanka

    Marijanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Ќе биде ли некој љубезен да ми каже што треба да се купи на момчето освен костим, чевли, кошула за свадбата? Ние се договоривме да не си даваме бовчи помеѓу нас двајцата. Кога имавме дума ми дадоа една убава златна белегзија од 600 евра, макар што се договоривме и тогаш ништо да не си купуваме затоа што се беше набрзина, но тие ми купиле белегзија. Е сега ќе правиме свадба и мене не ми е јасно дали мојте треба на мажотми да му купат нешто? Регистрација ќе правиме предходно, дали тогаш треба да му купат нешто? Јас сум тапа за вакви работи :fubar: :D
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    пред се веќе сите го избегнуваат тоа ете ти на него костим тој на тебе венчаница пред се поради фактот што треба може би некој да се остручува или да гледа е мене ми чини толку тебе толку знаеш ако е возможно најубаво е да се договорите тоа секој сам да си го купува. Во поглед на бовчите се е ствар на договор ете ќе ти кажам ние лично се договоривме за веридба да не се даруваме, тоа да го направиме за свадба со тоа што тој ќе ми купи злато на мене, јас на него и толку. За регистрација не се дава ништо освен што гостите присутни на чинот носат цвеќе меѓутоа не се дава ни вие на него ни тој на тебе. а за свадба па договорете се што сака тој тоа купете му. Знаеш искрено на денешно време и на безпарица фрлањето на пари за глупости е непотребно, така да договорете се меѓу вас ти и тој што сакате и најубаво ќе си поминете ;)
     
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    па ако сте во можност купете му на зетот и некое златно ланче, а за регистрација носете само една бобоњера колку да се почасти таму. Ние му купивме само кошула на зетот, мислам тој си ја купи ние му дадовме и повеќе пари не му купувавме и костим и чевли бидејки тој не ми го купи фустанот.
     
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Кај нас не дававме бовчи, само на кумовите голем прекривач и пари во плик,исто и на деверот само на кумовите повеке пари. Свекрва ми и свекор ми ми поклонија златно ланче и белегзија, а зетот го дарувавме со мн убава крпа и сакаше тој скап тел му купивме дека си има и саат и ланче и не е мн по накити. Така да ако има тој некој желба нека си каже, ако не златно лаче ако носи или белегзија или пари нека му дадат и ќе ви се најдат и на двајцата.
     
  14. Vasilisa

    Vasilisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    9
    Јас дефинитивно сум против ова. Некои луѓе кај немаат пари и зимаат кредит за свадба, уште и да се фрлаат пари по ред за поклони на кои обавезно некој ќе најде маана (а да дадеш да си бира секој - немаат некои луѓе усул). Свадбата е голема работа и голем трошок, така да не би се расфрлала со златни часовници за децата на кумот или слично.. Тоа како чин пред се ми се глупаво, а после и како трошок. Јас сум кума и сум рекла дека не сакам ништо да добијам бидејќи не сакам да се трошат за мене луѓето и тој став до крај цврсто го држев. Јас дека ете „таков е редот и така треба“ - за мојата свадба ги дарував само кумот и старосватицата, плус моите го даруваа сопругот, а неговите ме даруваа мене. Ете - со тоа можам да кажам дека сум направила комромис. И мислам дека треба тука да застане се! Да земам сеа цели фамилии да китам, а немам сеуште сопствен покрив над глава и штедиме пари, ми е глупаво. Башка, како најблиски они треба да сфатат и да не бараат :)
     
    На AloneM, Hopeful, Kaetana и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Се согласувам потполно, дефинитивно голем непотребен трошок... Најдобро да си се договорите без бовчи и нема да ве боли глава дали некој ќе го бендиса подарокот и дали некој ќе замери :^)
     
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Ние си се договоривме: Без глуповштини... никој не пукнал за нови пижами или слично... се боревме ептен за ова - но не успеавме баш... запнаа - за мене злато... ама со солзи во очите, мелодрами и ред други емотивности.... затоа ги зедов парите, и си купив прекрасен сребрен филигран... плус бело злато мали обетки и сл... кога за ова дознаа моите, и тие решија дека треба да им купат нешто на неговите (по еден саат за двајцата и за брат му каиш)... па после неговите се збунија дали треба да им купат на моите нешто...

    Со оглед на фактот дека ние не се замаравме и им посакавме долго и непрестајно дарување (доколку имаат пари за фрлање), ние како младоженци не учествувавме во никоја ваква бовчарска манифестација... :)

    А за кумот и старосватицата - им кажавме да си одберат нешто - како поклон да им остане за спомен од евентов.... а тие нас, фала богу не ни купуваа ништо (ко демек чанти, чевли... не знам што)....
     
  17. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    аман јас мислев веке се искоренила овај глупост еве јас имам керка и Јас нема да дозволам вакви глупости не заради парите колку заради принцип бидејки тоа се излишни работи !!!!!
     
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Така и моите си викаа... но кога излезе златото... почнаа тетки-стринки да им кажуваат дека морало да дадат и тие нешто (да не останат покуси), па ај... инаку, ние им викавме дека е глупост - кај се арчат пари, уште за нив да се арчат... ама со рекла-казала да си нема чоек работа...

    На крај, јас и маж ми кренавме раце и им рековме меѓусебе да прават што сакаат!...
     
  19. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    една моја другарка не сакаше бовчи да прави .. ги собра сите ке одела злато да им купувааа {тие што сакаат} и можете да замислите како да направила 70 бовчи се испотроши.. добро е и тоа да не се прават оние огромни бовчи и глупости внатре .. но има некои луѓе кои се навистина без осет !!!
     
  20. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    На моја свадба не сакам никакви бовчи на тоа гледам само како непотребни трошоци ,тие пари би можела на нешто корисно да ги потрошам ,покрај бовчи не би сакала ни никакви подароци да ми носат
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.