На кумовите планирам да им дадам 200 евра,на старосватицата 150,на деверот 100.Дали мислите дека е малку?
Најнормално е колку што имаш толку. 200 евра за кумот 100 за деверот е сосема разумно. Чак слушнав во цвеќарата кога бев бараа пред мене пликоа за праи и ја прашаа вработенава по колку се надава симболично најчесто и она им кажа 200 за кумот 100 за деверот, па сепак кој колку може. Никој нема да те колки ако дадеш повеќе или помалку.Или прашај ги дали нешто сакаат специфично. Нашите добија и пари и уметничка слика изразија желба па полесно е кога се знае.
Дефинитивно на оние големи бовчи им пројде модата одамна. Јас би направила бовчи но не за цело село што би се рекло,само на оние што е најпотребно. И би дала злато или саат,нешто по вредно.Сега баш има и елегантни кутии за женско е со некој накит и саат,а за машко со саат и кравата или копчиња...се комбинира било како. Убава идеја е таа.
Oва мене ми е премногу.....Јас ќе им дадам по 100 евра на деверот 50,зошто и он мене толку ми даде за да купам чевли,а секако ќе си додавам од мој џеб за ташната и бидермаерот зошто кај нас имало глуп адет чевлите,ташната и бидермаерот да ги купи деверот. Со старосватицата се договоривме да им купам саати,зошто таа скоро беше кума па и двете се договоривме да нема многу трошоци.
Јас вчера со старосватицата се договорив да не си даваме поклони т.е. колку планирам да и дадам за бовча истите да ми ги врати како поклон за свадба,што е е супер барем нема да размислувам,деверот има 15 години па затоа се двоумам дали пари или ако сака нешто посебно да го прашам,а кумовите најавија дека ќе ни дадат 400 евра поклон,па затоа ми е незгодно помалу од 200 да им дадам
Душо не размилсувај на овој начин колку тебе и ти толку нив. Не е воопшто малку, јас на кумовите и дадов 150е, на старосватот 100е, а на деверт 60е. Кој колку има толку ќе даде не е нати дајми. Ти нема трошоци само за бовчи ти плаќаш и порции во реторанот, и милијон други ситници. Како и да е женската страна има многу повеќе трошоци.
Трошоци глава да те боли,ама ај за убаво нека се дава и нормално кој колку може,ама кога некој ти дава поголем поклон некако се чувствуваш обзврзан потоа..
На Веридбата на сестра ми, бовчи си даруваа сестра ми и зет ми ... само за нив ... Мислам е доволно ... а на другите дарови т.е. пешкири
Сега секој си прави како му одговара ама во 80% не се прават оние класични бовчи со пижами и тренерки внатре само пари ќе лупнеш а на кој си му погодил на кој не, да не зборам дека треба да потрошиш драгоцено време да се утепаш од шетање по градот. затоа јас кога правев свадба за тие работи никој не ми се мешаше.јас и мм како се договоривме така направивме. на кумата наша најмила во договор со неа и дадов пари за да си купи часовник 150е , на старосватовите пари и за нивното детенце само купив фустанче и чевли и за деверот 50е во плико ,за свекрва ми купив џемпер и кошула и толку (свекорот е починат а мм е единец) со мм еден ден отидовме до град јас него му купив саат а тој мене мн убаво златно ланче и прекрасни златни обетки that's all
јас спремам класични бовчи.Кумовите ни се малку конзервативни и затоа се одлуцив за таа варијанта .Но сепак во бофчите ставам убави и квалитетни работи ( ќебиња,прекривачи,тренерки комплет ...).
Ние правиме веридба сега во јуни, и се договоривме НИКАКВИ БОВЧИ НИ ГЛУПОСТИ! На старосватите и на кумовите ке им купам по несто сто ке си одберат за свадбата, и толку. Колку ми е длабок џебот толку, и немам намера никако да ја комерцијализирам свадбата ни веридбата. Ни пешкири, ни бутури. Свеки ми е од овој век, фала му на Господ, и реков злато не сакам, не носам, ако нешто сакаш да ми купиш за да ми остане, ќе си одберам сама, и она рече секако, тоа и ми е планот.Ние му купивме на вереникот саат што сам си го одбра и фала Богу веке си го носи, не ќе се китиме пред народ за веридбата, за свадбата па ич. Старосватицата ми е другарка 20 години, од пелени, така да знам многу добро што сака, кумата и кумот поим немам старо кумство и сите пропратни глупости, значи немам поим кои се луѓето, ама фино лепо ќе им кажам колку можам и што можам, и тоа! А дали сите ќе бидат задоволни, и по 1000 евра да им дадам на сите пак ќе се најде некој со уста чорапа, така да ич, ама ич не ми е гајле. Нас да ни е добро и да се слагаме, а за другите баш ме боли уво колку ќе бидат задоволни. Мојата и неговата фамилија се слагаат со нашето мото!
Ние ке правиме свадба во јуни и јас спремав бивчи на свекрвата на свекорот на кумовите и на деверот .А исто така сме кумови сега во мај Но таму каде што ќе кумуваме адетот е да ни купат костуми т.с. костум на кумот и фустан на кумата .Сите се во право тросок голем е за невестата но исто така голем тросок е и за кумовите .За да кумувате негде ви требаат над 700е Срамота е да не се даруваат кумовите .Сега сум во таква ситуација ја гледам свадбата и од страната на невестата и од страната на кумовите ...
Тој адет не е од Македонија туку од мала преспа поточно од македонскиот дел во Албанија Таму и ке бидеме кумови
^ааа ОК, зошто многу ми дојде чуден обичајот,си викам вакво нешто уште не сум чула Епа со убаво нека ви е
Кога ја правевме веридбата, беше во најтесен круг, само моите дома и неговите, и тогаш тие ме даруваа со злато, пижами, папучи и пењуар. Додека, јас ги дарував сите, и вереникот и неговите родители и брат му, подароците беа марама, парфем и украс за свекрвата, парфем, кравата и пепељара за свекорот и новчаник, парфем и каиш за брат му. Дали треба повторно да им купувам нешто за кога ќе дојде свадбата?