дали има некое правило на кој ден ќе се носат бовчите колку време пред свадбата или можи кога ке си се договориш?пошто јас правам свадба во недела и ми доаѓа на велигден да ги пуштам бовчите
ние од мојата страна од кај мојите, планираме на старосватот, деверот и кумот да му купиме или правосмуклака, микрон, такви некои работи за дома.. кај нас така поцнаја да прават и ние така ке направиме.. на зетот т.е на мм незнајме усте ама сигурно некоја белегзија или пак саат исто по несто на свекрва ми, свекор ми и золва ми и то е се.. толку се мози .. не мозиме дусата да ја даваме.. има полно др тросоци..
Еве јас како ги решив сите: Кумови - за кумата совршеното сваровски ланче на 50% попуст- скоро 6 000, за кумот фотоапарат 7 500 Старосвати - за старосватицата исто ланче од сваровски 4 500, за старосватот касио саат 4 000 Девер - комплет кошула, кравата, каиш и манжетни, па за да не бидат 4 работи ставив и едно чоколадо 3 500, а за неговата вереница исто ланче од сваровски 3 000 Свеки и свекор - За неа обетки од сваровски 2 500, за свекор ми касио саат 3 000 Золва - ланче од сваровски 2 500, а за вереникот нејзин касио саат 2 800 Сите среќни, јас најмногу, ем се од сваровски беше на 50% попуст, ем ќе плаќам на 12 рати, ем за саатите добив 30% попуст, и одвај чекам да им ги дадам. Секако пред свадбата, немам намера јавна примопредаја да правам за народ...
Ова со сваровски супер ти текнало на попуст да ги купиш плус и за саатите точно е ако купиш повеќе производи од иста продавница можеш да побараш попуст.
Свадбата ми е нареден Мај, а поклоните ги купив вчера... Главниот попуст на сваровски е баш сега во тек, а сакав да им купам на сите по нешто лично, а не за во кујна или што и да е. Попусти колку сакаш, сите нудат на рати заради сумите. Значи, само ланчето за кумата било на 30 посто, па на тие 30 уште 50... Тоа беше прогласено за модел на годината лани, беше скоро 20 000 а јас го купив за 6 000. Епа, добар пазар излезе!
Сега на зборот ќе ги дарувам само мм и неговите дома: За него - преубав саат што сам си го одбра и едвај чекам да му го дадам, и мајка ми (ептен и е мерак за него) додаде и кошула и машна кои ќе ги купиме со оделото за на свадба. За мајка му, татко му, брат му и девојка му по еден саат. Од мајка му и од мм си одбрав преубави обетки и огрлица од Сваровски кои ќе си ги носам на венчаницата, за моите дома исто нешто ситно и мн корисно. Кум и старосват ќе дарувам на денот на регистрација (два месеци пред свадба) така да нема да има јавно дарување. Планирам на старосватицата обетки или ланче од Сваровски (до 100 еур), парфем и нешто трето, на старосватот нешто до 50еур, на кумот саат (до 130 еур), парфем и нешто трето и на девојка му може обетки или саат, парфем и нешто трето. Се е убав спомен од мене и мојата свадба, а цените во граници на нормалата.
Фати го предновогодишниот попуст на Сваровски, кај нив кога ќе се каже попуст, значи попуст. Единствени се такви тука, дефинитивно!Ќе пишам тука кога ќе биде наредниот, бидејќи јас сакам да си купам обетки за со венчаницата, па секако ќе следам. Истото што сега е 10000 ќе биде 5 000-7 000. Не е мала разлика.
Така и мислев да направам, само што не знаев точно кога им е попустот. Мислев дека е како и другиве, во јануари-февруари, ама ќе ги проверувам и во декември тогаш. Треба да видам и за саативе кога ќе биде попустот
Саатите се зависно од количината која ја купуваш, барем таму јас каде што купував. А попуст имаат исто, предновогодишен.
Ние пред едно 12 години кога бевме кумови,тие не даруваа нас со бовчи.И бидејќи сме стари кумови,т.е баба и дедо му биле кумови,на овој што се женеше.И имаше за сите бовчи. Е сега колку што памтам мислам дека имаше непарен број на парчиња внатре,мислам имаше и по едно парче матријал,пешкир и другото мислам беа алишта. А за старите кумови т.е за баба и дедо имаше онака скромно три парчиња за да не бидат исостваени.Имаше матријал,маица и јастук за перница. Ама како што иде времево се помалку и помалку се даваат бовчи,пример ние на истово место каде што бевме кумови не им дадовме бовчи,туку си ги прашавме што сакаат и тоа им купивме,а тие нас само бовчи и така.
Јас мислам сите ( свекор, свекрва, девер, кум и старосватица ) да ги дарувам со по еден саат од околу 50 евра, на денот на давањето збор ( веридба ). Ако се со придружба деверот, кумот и старосватицата на нив по еден мирис до 20 евра. Колку што знам невестата не го дарува момчето туку нејзините родители, мајка ми има сребреник, татко ми златник. Јас прв пат слушам дека невестата го дарува момчето?
Свекрва ми е малку старомодна со сфаќањата ама не е запната по традиција па си се договоривме. Во мојата бовча стави повеќе работи.Ми купи долна облека,ноќница,два пара чевли и две ташни.Бањарка, крпа и многу облека Она што си носам јас и исто си го одбрав јас.Тука имаше корсет со пантолони, 2 џемпери,марама..и не се сеќавам што уште, многу се искрено и ја претера.Ми стави и мобилен на тач.Не се штедеше, со задоволство купи се што и фаќа око неа и мене.Вели шопингот уште не почнал, да се купува градероба за невестата е еден дел од чејзот што таа треба мене да ми го даде. Спремија бовчи и за татко ми, мајка ми, сестра ми и дедо ми.Во бовчата на дедо ми ставија и чевли.Тоа беше на нивно инсистирање правилно било барем најстариот член во семејството така да се испочитува.Би требало на сите да им стават ама мојте не сакаа.На татко ми и дедо ми им стави по една кошула, машна и крпа, долна маица и чорапи.Битен момент било да се 3 или 5 работи, односно непарен број. За сестра ми и мајка ми им стави блузи и марами, јас и помогнав при изборот. Во нивните бовчи и ние ставивме слично.Мажот ми исто не сакаше костум како што налага правилото па си одбра дуксер и фармерки.Барем ќе си ги изнаноси.Зеде и јакна. На кумовите и деверот ќе им купиме нешто за по дома, бела техника.Ќе им биде од корист, а и немам време ни нерви да им одбирам гардероба.Млади се нема да одбијат Бовчите се глупава работа, посебно оние старинските. Порано давале материјали, за да си сошие нешто невестата Како не.Еве ја свекрва ми дури сега ги фрли нејзините, цел куп, никогаш неупотребени.
а јас се утепав од туфкање дека многу пари потрошив за неможам ни бовчи да ги наречам, туку поклони... Ова вашево кошта колку една свадба! Секој си знае што и како му чини. Важно, еден проблем помалку!
Kолку ве чинеше вашата свадба? Можда ќе звучи глупаво прашањево (али јас сум очајно не-традиционална) ...wtf се бовчи??
Kолку ве чинеше вашата свадба? бовчи се поклони кои девојката ги дава на момчето, на неговото семејство и на кумот и старосватицата. Порано знам дека се спремале бовчи тешки еден тон ама во последно време се купува нешто позначајно - часовник, накит и сл., се поретко тоа се алишта, бањарки, чорапи, пижами. брат ми кога се женеше, снаа ми на сите ни купи подарок, ама кој што си сака. На мене ми купи саат, на татко ми саат, на мајка ми накит и парфем, дури и на мм и на ќерка ми им спремиле подарок. Нормално и за брат ми имаше подарок (бовча) ама не се сеќавам сега што беше.
Јас колку што знам невестата дава бовчи а од машката страна ја даруваат невестата најчесто накит. Ама во денешно време прави кој како сака најдобро седнете на маса и договорете.
Forko, тебе свекрвата со злато те "кити" (дарува) А ти нивните ги даруваш, младоженецот , неговите, кум/старосват девер
Jas spremav bovci za negovite,kumovite i starosvatovcite,se na se mi bea 13,oti neli trebalo da bidat neparen broj.E sega svekrvata mi dade zlato i bovca(bovcata bese garderoba sto sama si ja bev odbrala),na pogacata sto ja krsat svatovite isto taka dobiv nekolku pomali bovcicki od tetkite,strinkite na mm.