Еве јас како нова млада невестулка да се пријавам мм ме побара, си реков да, иако не беше некое чудо да се земеме бидејќи заедно сме 9 години и како што сум си таква блесава, реков подароци, дарови, злато што ти ја знам - НЕСАКАМ. сега, за некој ден, мм со неговите ќе дојдат кај мене дома, на давање збор или веридба што и да е и бидејќи неговите се постари луѓе, јас им подготвив т.н. бовчи класични и планирам дента кога ќе дојдат да им ги дадам. арно ама, проблемот ми е што неколку пати им реков на неговите дека несакам никакви дарови од нив, но јас веќе им ги приготвив, и сакам да им ги дадам бидејќи нешто ми спомнаа деа некој златник ќе ни донеле и несакав ние ништо да не им подариме, а златници ни пак нешто сл - немаме...и цела сум во некои нервози, дали ќе дојдат, како ќе биде, дали ќе се налутат што ги дарувам сега, па држете ми среќа се да помине барем во некој ред
па не сте малку време заедно за да се договорите кој што како и ќе даде и ќе прими. Отворено мислам дека треба да си кажете со мм затоа што глупо е ти да викаш ништо не сакаш и тие да дојдат со празни раце а ти да се испуваш со поклони.
и јас како и карак мислам дека треба да се договориш убаво со мм ти за бовчите...не е фер ти да викаш несакам а ваму ти си се спремила си купила се...велиш постари се луѓето па замисли како ќе им биде нив кога ќе видат дека им даваш класични бовчи а тие ништо не се спремиле нели оти ти си кажала дека не сакаш?! кажи му на мм ти дека ти веќе си спремила нешто па тие како сакаат... и на крај честитки од мене за веридбата! ..нека се помине во најдобар ред и само насмевкиииии
Сонце, прво честитки за веридбата и јас сум тазе како тебе па можам да ти одговорам. Во слична ситуација бев и јас, односно договарања и преговарања за бовчи, свекрва ми се плашеше изгледа да не не успееме да се спремиме, им ја знам ситуацијата финансиска и на двете страни и пресеков, бовчи нема, освен прстенче за мене. Е мајка ко мајка, му купила на дечко ми мал поклон, пижами, фротирка и чорапи, и среќа што му купила излезе после тоа, на свекрва ми и било незгодно да ме пречека без поклон па ми купила ама буквално бовча, со тренерки, пижами, бањарка, веш, облека и се што следува де. Затоа викам среќа што мајка ми спремила, но ни мајка ми ни па таа имаа класично дарување, пред да си одиме мајка ми му ги даде на дечко ми и тоа без никакви церемонии, кога стигнав овде ми го даде како поклонче свекрва ми ова, и да ви кажам право добро што ми ги даде, првите денови немав баш многу гардероба со мене па си ги носев тие. Мислам дека и ти треба данаправиш така, да се договориш, но немој да чекаш да ги препаднеш, ќе се чувствуваат неубаво луѓето. Јави му се на вереникот и прашај го, ако спремиле нешто и тие да си знаеш, мислам дека нема да биде убаво. Од друга страна имаме искуство со сестра ми, свекрва и инсистираше и на крај излезе ние да бидеме зезнати, односно, ние добивме по една ситница, ко поклонче за роденден а они прави дарови што се вели, ама тоа е што е, кога се нема прав договор тоа е. Затоа за мојов случај јас превзедов се во мои раце, јас да организирам се, иако е тешко се знаеше од сам старт што и како ќе биде. Немој после да си правиш проблеми во понатамошниот соживот со свекрва ти, знаат овие работи отпосле да се отворат како тема и навистина да те повредат, на крај краеву окриви ја мајка ти, речи не знаела жената направила, ама со време тоа расчисти го да немаш после 5 до 12 ситуација
и кај нас свекрвами абе како без ништо срамота било и дрн дрн... Ама јас кажав баш ништо се договоривме со мм да дојад со цвеке, вино и торта и ние така да им вратиме. Истото беше и за свадба само јас на него и он на мене злато. И реков кој ќе донесе нешто плус мислејќи да и напоменам на свекрвами дека нема да има дарување спрема никој, значи кој ќе донесе нешто поклоот ќе лета преку тераса и ок беше немав проблеми ни на веридба ни на свадба. Па ако се договараш треба да си стоите на договорот
Да, да спомнав на мм дека ќе им дадам подароци, а они ми кажаа претходно дека ќе ми донесат златник, е сега работата беше што јас незнаев дали е доволно златник да ми дадат за јас да им ги дадам подароците или треба да ми дадат плус некој накит па тогаш да им ги дадам подароците... а и секако нема да им ги давам ко да сум на некоја си манифестација, па да се сликам и разно разни глупости...абе да се прашувам јас немаше ништо да има, ни па свадба, ама ај, мм е единец па да им се направи некој кеиф на постарите
Ајде малку помош, јас планирам за свекор ми и за свекрва ми да направам бовчи, а на золвите да им купам нешто или ќе им речам сами да си одберат , и ќе им кажам до колку пари. Е сега бидејќи се мажени истото ќе треба и на нивните мажи и деца да им дадам по нешто нели? А за кумот кумата, старосватот? Не сум во состојба да правам големи бовчи за сите, ај ве молам помогнете ми малку окулу ова. Уште ова заборавив да ве прашам, невестата треба посебно да ги дарува старосватот кумот и деверот? а потоа заедно невестата и зетот им даваат поклон на кумовите и на старосватите? не ми е јасно
Savana,не би ти препорачала сами да си одбираат золвите и плус да и кажеш до која цена,некако навредувачки ми изгледа.не мораш ептен големи бовчи да им спремаш,но да биде достојно како за твои золви . некој поблизок член од твоето семејство нека ти помогне што да им купиш,пример мајка сестра итн...
Ако ти дадат златник треба да бакнеш рака. Прашај го мт дали ќе ти дадат златник и готово. Златник може да дадат твоите од нивната свадба, ако ги дарувал некој со златник.
Да но двете си имаат различен вкус, кога би им купила несто различно можеби би се налутиле, а вака затоа си мислев да ги прашам што би сакале, на пр некоја убава ташна или накит, саат и сл. да им остане, а за парите размислував до 50 евра за едната, мислам дека најдобро е од прилика да им кажам до која сума , да не се залетаат по нешто многу скапо (тогаш ќе треба да се мислам)
Савана ,добра е идеата да им подариш по нешто на золвите и на нивните сопрузи и деца доколку се одлучиш така и на нив.А доколку не им даруваш на золвите ништо не мораш ни нив,за помал да е трошокот можеш само на свекорот и свекрвата да им податиш нешто.Јас би ти препорачала по едно нешто колку да се одбележи.А за кумот,кумата и деверот можеш да им одбереш по еден подарок со пристапна цена,денеска гледам повеќето така прават.Така ќе се ослободиш од товарот за правење бовчи а можеш и поевтино да поминеш. А за тоа дали посебно ти треба да ги даруваш нив па заедно колку што знам.Некако е дупли трошок прво посебно па потоа заедно да ги дарувате.
[/quote] Еее ти благодарам, ама јас веќе завршив работа бидна веридбата, пишував за тоа во тема веридба. Но во секој случај фала ти Ќе им кажеш на золвите дека ќе им купиш подарок до 50 евра и дека си се одлучила тоа да биде или некој накит или часовник, можеш да ги најдеш и на попуст во зависност од периодот кога ќе купуваш. Така ќе го избегнеш фактот да ги праќаш да си одберат нешто па они да се залетуваат по нешто поскапо. Сепак тоа се твои пари и ти ги даруваш, значи треба да го ценат тоа, а не да очекуваат дека на тебе ќе ќарат некој скап подарок. Значи нема ништо страшно во тоа да им кажеш дека ти си се одлучила и во зависност од тоа што повеќе носат, да им одбереш нешто во нивен стил. Треба да ги даруваш кумот со кумата, деверот и старосватите ама само еднаш, нема дарување по втор пат сосе мт мт никогу не дарува. само ти
во секој крај на македонија им аразни адети а во мојот крај на свадбата невестата ги дарува домашните од намажот страната свекор свекрва девер јатрва или золва и золвеник зависи кој што има и се даруваат кумот и кумата и старосват и старосватица Савана за золвите мислам дека по еден касио часовник би било реално и супер поклон и онака до кај евра има прекрасни часовници може и поефтини да најдиш или пак ако земаш повеке да ти дадат попуст или пак некој од сваровски комплетите со ланче +обетки и тиа се тука некаде сепак ти си ги знаеш каков им е стилот и што повеке би сакале и не прашувај кој што сака што тебе да не ке те праша некој ти што сакаш???
Адетите сами си ги правиме, т.е. ако сакаме прифаќаме нешто што правел друг некој, а ако не сакаме не прифаќаме. Јас лично сум против бовчи и дарови, па баш за тоа мојата свадба помина без тоа, само на кумот купив саат, на друг никој ништо не сум купила. Тоа е индивидуално. Ако се плашите од коментари, да знаете дека секогаш ке ги има, и да дадете нешто и да не дадете и да дадете многу или малку пак нешто некому не ке му е по кеиф, затоа главата горе и прави си како ти одговара. Јас и маж ми сами си плаќавме се за свадбата, буквално нашите родители си беа гости како и сите други, и баш затоа одлучивме да скратиме доста работи, ама ја поддржаа сите нашата идеа дека не ги потрошивме родителите воопшто и сите ги одобрија "отфрлените“ бовчалаци .
Jas spremav klasicni bovci samo za svekorot,svekrivata i za mazot mi.Ostanatite dobija pari so koi si kupija garderoba,cevli itn. I mi gi dadoa samo,a jas gi spakuvav.Zatoa ne se macev mn.da setam po dukani so site,oti toa e stvarno iscrpuvacka rabota.
Ние не сакаме бовчалуци, оние класични. Ако веќе нешто купувам тоа ќе биде скромно и корисно. Како накит, облека за тој ден итн...И тоа не планирам на сите. Само свекор, свекрва, маж, кум и старосватица. Па кој како сака нека ме сфати. И тоа нема да ги давам на денот, туку на веридба. Која секако нема да биде како свадба туку само со оние набројаните.
Савана, на мажите на золвите можеш по една бањарка да им земеш, а на децата по некој прикривач со детски ликови и најефтино да си поминеш. Ќе им подадеш и на нив нешто, ем практично,ем фино завиткано, ем со помалку фрлени пари. Ова ми е идеја од свадба на која сум била.