Со темава не сакам да бидам сватена како материјалистка,но напротив,крајно сум изреволтирана од една мајка која што го учеше своето дете како треба да се дружи со богато друштво,дека така нејзиното дете ќе било поценето и ќе имало повеќе корист,едноставно не го личело да се дружи со `секакви` т.е со некои од пониска класа од неговата. Во случајов не се работи за дете туку за 19 годишна девојка (што и не е толку важно). Јас сум лично против ова и најмногу се нервирам од вакви работи.Па зар нешто помалку вредат посиромашните луѓе само затоа што имаат помалку финансиски средства. Па девојки да го видам вашето мислење околу ова.Дали јас сваќам погрешно или навистина е правилна оваа `делба` на луѓето?Колку ги осудувате ваквите совети од постарите или можеби ги поддржувате? Ако темава е дупла-канта.
Воглавно најголем процент и така се дружат, или не знам може тоа е само на моја возраст. Еве на пример кај мене во школо богатите си се дружат со богатите, а просечните можам да кажам со сите, ама ете богатите „не ги примаат во друштво“. Инаку и јас сум против тоа, зашто кога мене ќе ми треба пријател нема да ме тешат парите негови туку самиот карактер на пријателот.
Тек допрва и ќе сфаќаш колку е сурова реалноста Камо да беа само вакви делби... Ама ок, донекаде и разбирам и не се трудам да променам нешто, го прифаќам како нормална работа сето тоа, затоа што јас со на пример џепарац од 200 денари едвај во вечер, неможам да се рамнам со некои што имаат 1000 и повеќе. Исто така неможам да се рамнам со некои што секоја година одат на одмор итн. Едноставно, не припаѓам во таа околина, разликите се гледаат, а и нема да постигнам ништо освен што ќе си набивам комплекси. Исто е и обратно, со исклучок на комплексите де. Има еден пример, вистина е ова не си го вадам од газот, богата фамилија, презиме и се тоа, дечкото (синот на тие) главен фраер, сите женски по него се лепеа, куќа на убаво место... Преку ноќ на коцка се изгубија. Сега ни другарчињата не го дружат и живеат во мизерни услови. Зборот ми е, има пострашни работи од оваа, иако ова треба нормално да се прифати, секогаш било така а и ќе биде.
Богато друштво е она, кое може се да прави што ќе посака, да зборува се и сешто,да купува и да фрла,да поигрува со немоќните и послабите,да отпатува каде сака,да ги празни нагоните на било каков начин кога ке посака и колку ќе посака и со кого ќе посака.Богато друштво е она кое смета дека е бог на боговите.Синето и девојчето на тато и мама (богатите !!!) мора уште не родено диплома да му се даде.Богато друштво (бидеќи мислиме на материјално) е ЕМОТИВНО ХЕНДИКЕПИРАНО ДРУШТВО.
Значи поглупо размислување од тоа дека треба да се дружиш со побогати амин. Зашто? Затоа што парите доаѓаат и си одат како снегот шо паѓа и при крај на зимата се топи. Не се знае кого што го чека во животот. Оназис шо беше еден од наjбогатите луѓе на светот на почетокот бил некој кого сигурно го одбегнувале (можам само да замислам мислам немал пари за карта за воз) Еден мој роднина пак, од друга страна потекнува од многу добра фамилија од богати родители, сега живее кај жена му (не дека осудувам дека кај жена му живее, но типов од татко му имаше три стана плус огромна куќа на мн елитна локација, две лимузини, еден џип, најскапиот мотор тогаш, мислам нема што немаше, а ден работно искуство нема и сега да спадне на тоа дека нема кај да оди). Мислам се циганчи од мене и од мм за еден сендвич да го частиме кога ќе излеземе на јадење. И сега? Каде му е репутацијата на дете од богата фамилија? Однесена со виорот... Така што, ако сакаш да имаш пријатели, најди луѓе кои навистина ќе ти бидат пријатели. Ако сакаш пак, пари и моќ, направи се' што е во твоја моќ да ги створиш зашто премногу е неизвесно да чекаш на туѓите. И за крај, ќе завршам со една мисла од Мерлинка: “Be nice to people on your way up because you meet them on your way down."
Уффф, пуста желба за статус и луксузирање. Да бидеме искрени сите сакаме да излегуваме со илјадарче во џеб и да не ни е однапред испланирано колку пијачки ке испиеме и на -20 пеш да излегуваме на штикли наместо со такси. Мојата чергичка да бидам искрена не е ни проближно толко долга, да ми даваат 1000 денари за едно излегување. Дали за цел месец ми се собираат толку е питање. Но јас не ни прашувам од дома за повеке бидејки кога не се може, не се може. Е сега, мојот мал град е полн со прости раји кои имаат длабок џеб но плиток ум. И така се курчат по дискотеки и кафичи тие што имаат некоја пара повеке и се е тоа во ред, и јас да го имам нивниот статус исто можеби би се однесувала. НО. Ме иритираат тие кои покрај нив се замислуваат нешто што не се, и оние кои живеат на стара слава. Има луге кои од Недела до Четврток јадат леб и сол за Петок и Сабота да пијат Џони Вокер и да ми продават пуфки а сите знаеме дека на тате фирмата му пропадна дека се е под хипотека и вработените немат земано 6 месеци плата. Ама јбг, во тоа друштво е и ако сака да ебне нешто вечерва ке ја земе последната 1000ка од дома!
Зависи од човек до човек и од неговите приоритети. Значи од тој период кога бев на дното до ден-денешен кога веќе можам да се пофалам со материјално стокмен живот, илјадарката исто ја вреднувам. Добро, сеа не скокам кога ќе ја донесам јас или мм дома како тогаш, но дефинитивно знам колку вреди и за што вреди да се искористи. Мене лично отсекогаш 1000 на искачање ми било смешно да носам. Никогаш не носам со себе повеќе од 200. Не ни вреди повеќе едно излегување.
Дефинитивно некои родители си лечат комплекси преку своите деца. И што ако те отфрли тоа ,,богато друштво,, поголем комплекс кај едно дете - личност која не е емотивно стабилна, нема или пак живееш во илузија дека ќе го омажиш/ожениш за богаташ ако се дружи со такви. Богат си во душата ако знаеш правилно да ги цениш вредностите и имаш знаење - памет во глава а сето др. е утопија. Не е за џабе кажано ,,пара на пара оди,, ,,крушка под крушка паѓа,,. Јадно е кога животот го гледаш низ призмата на парите.
Додека се ова што го кажавте погоре е точно, морам да ви замерам за предрасудите. Се разбира дека има многу богати кои што го прават тоа, се занесуваат по дискотеки, се расфрлаат со пари на секакви глупости и ситници, но не мора да значи дека сите се такви. Има и многу богати деца кои што се воспитани и фини, не ги ценат луѓето по тоа колку пари имаат, не се расфрлаат, не се снобови и слично. Не мора да значи дека ако се богати децата дека автоматски мора се да им биде со врски, можеби нивните родители ги воспитале на тој начин што самите си се бореле за она што го добиле. Затоа не е убаво да се генерализира поимот „богати деца“ според мене. А оние кои сакаат да влезат во такво богато друштво само заради тоа што се богати, или заради било која причина освен да им одговараат карактерите на луѓето од друштвото, се мноооогу детинасти и неразумни.
Оф леле темава, абе парите се релативна работа, денеска е богат, утре исто, ама после една година може да не биде, тркалото се врти. Како што не ги ценам луѓето според нивната финансиска состојба така не ми е важно друштвото да е богато нити некогаш дома ми рекле да се дружам стрикно со богати или да имам богато друштво Значи ако сум сиромашна не треба да се дружам со никого и сите да ме избегнуваат или стрикно при запознавање ќе прашувам еј ти богат си?- фала, мило ми беше што се запознавме-ЧАООО ќе си барам ја сиромашен достоен на мене. Или обратно ако си богат треба само со богати, ЧАОо пријатно ќе барам ја "достоен" на мене ти си сиромашен барај си такви пријатели. Лошо, лошо, ич неубаво тоа како совет кој и да го кажал, и постар да е не е во ред. Не е битно дали е богат или не материјално кој и да е, се додека е богат во душата и ти одговара како пријател во ред. Ама многу ми се мизерни тие поделби.
Се сложувам со сите постови погоре. Многу сме блиски со девојката и дури жал ми паѓа постојано да ми се жали (а и јас самата сум сведок) како мајка и` на секое излегување и вика `Со нив ли најде да се дружиш,види ја онаа со кои богаташи се дружи колку е отракана да најде такво друштво,таа можела,а ти си нашла со оние да се дружиш! Така таа ќе си најде и богат дечко,а ти влечи се со секакви`. Искрено повеќе не знам ни како да ја утешам,не можам да се вмешам,а можам да замислам колку и` е тешко. Како можат да постојат такви родители,како?!
Прво, би разграничила дека другарот не се бира по тоа каква е неговата материјална состојба, па може и затоа, најверни другарки/другари имаш 2-3, со кој си цел живот. Попатно во животот запознаваме уште стотици луѓе и со дел стануваме поблиски, со друг дел се гледаш еднаш годишно, со трети на две години, а со четврти си на здраво/како си/ што има/ чао пријатно. Второ, кога ќе ги изоставиме верните, стари другарства, и ке збориме за оние 4 поделби кои ги споменав, сметам дека најчесто доаѓа до комбинација, си се комбинираат сите според материјалната страна и интереси. Така беше кај мене во средно, дел бевме на една страна, се пронајдовме во многу работи и се здруживме, дел беа исмејувани, а дел незаинтересирани за никаква социјализација и дружба. Дел од моите другари и другарки приметувам дека не се интересираат воопшто да кажат ни здраво на некој што не е на тоа некое си нивно ниво за кое збориме во темава, додека интерес покажуваат за оние кои имаат разни предмети (свој автомобил, добар телефон, часовник, патика, парфем и итн), прошетале, имаат јаки амбиции за утре... Тука се затвара кругот нивен, и движењето е искучиво во таа орбита, значи меѓу таквите како нив. Познавам и такви кои студираат колку да се рече, нема потенцијал никаков, а познавам и страшно амбициозни, кои иако имаат средства, имаат и во главата. Трето, што се однесува до она што го спомна Look на крајот од последниот пост, за мајките, сметам дека таа мајка патела и се измачила за основни работи во животот, немала никогаш ништо повеќе од основното, и затоа и дели такви совети на ќерка си, сакајки да и го покаже патот во животот кој носи повеќе благодети, отколку трња и нервози. Ова не го зборам од ракав, туку познавам исто таква мајка, која ја советува ќерка и , дека од љубов не се живее, па девојчево здраво за готово размислува за џипови, куќишта, најскапи брендирани работи, што не ми е сфатливо баш од причина што таа не припаѓа во таков сој, а таквите се бираат најчесто меѓу себе. Лично јас, непатам од комплекси како многу други околу мене, и сум воспитана дека сите сме еднакви пред Господ, без разлика што имаш, колку вредиш и слично. Имам пријатели и богати, и средина, и посиромашни, и од внатрешноста, и друга вероисповет. Со секој можам да се прилагодам, а понатамошната дружба ке зависи од нас и нашите мислења и поставувања. Нема да кријам дека друштвото ми е добро ситуирано, а тоа значи од едно место на друго, од пијачка на друга, ручеци и итн, за разлика од пријателството кое го имам со други кое се базира на една кока кола, или со друго пријателство кое поминува со прошетка на воздух, што воопшто не ми пречи. Реалноста е дека парите си одат и доаѓаат, и жалосно е дека се поради тоа се склопуваат другарства, на таканаречена база на интереси, но исто така знам дека големите разлики во однос на материјалната страна се пречка, било во врска, било во другарство, бидејки едниот секогаш ке се чуствува подоле и ке неможе да си дозволи некои х доживувања и работи, и затоа мислам дека луѓево најчесто се комбинираат и ротираат околу своето ниво.
богато друштво Имав најдобра другарка која пливаше во пари, кој нејзините ги стекнаа во текот на животот. Сето тоа е во ред цело детство го поминавме заедно, никогаш не ми беше криво дека имаше повеќе, се дружевме и растевме, нејзините нови работи не ме правеа љубоморна, ми помагаше секогаш кога ми требаше помош и беше покрај мене и во добро и зло. Тоа беше детство бевме невини деца кој освен симпатии шетање низ населба и глупирање не ни беше потребно ништо повеќе. Ги немаше парите во себе и богатото друшво. Средношколски денови ..... Се разбира парите си го прават своето секој спрема парите и образованието јас се запишав во дршавно а таа во приватно школо... И морам да кажам нашата комуникација беше феноменална. Се до оној момент после 18 години тргнавме на факс јас се разбира тука таа во странство и пак излагавме јас таа и нејзиното богато друшво.... Меѓутоа јас неможев да ги поднесам финансиски лудите журки до доцните часови и немав добра кола. Кога и да се јавев немаше време за мене богатото друштво се комлетира а јас како послабо рипче останав да пливам само во океанот наречен живот. Да ми речеше некој дека ја интересираат пари рака ќе сечев дека не е така. Но животот е таков суров. И ден денес јас плачам што не е покрај мене, што неможам да и го слушнам гласот и да ме советува да биде дел од мене. Дали богатото друштво и начинот на живот си го направија своето тоа незнам. Само знам дека загубив вистински пријател поради ваквиот начин на живот. Меѓутоа богатството и парите си го прават своето. и да како што почнав така ќе завршам имав една другарка за која не се каам што ја имав
Најчесто богати - со богати се дружат, и излегува фатална комбинација Таквите се воздугнати, шмизли (ако се женски), ги омаловажуваат другите... Но комент
Паа најверојатно поголемиот број ќе се чудат но јас сум ЗА оваа поделба . Да знам дека е фино да се дружат сите и оние што имаат повеќе и помалку ама ај реално . Не може значи НЕ МОЖЕ да не ви влијае доколку се дружите со богати . Нивниот начин на живот , пример тој или таа паркира бмв , ауди и мерцедеси те ги распределуваш денарчињата за такси . Одите некаде пијат најскап пијалок , частат , фрлаат пари како на дрво да им растат . Сакаш или нејќеш се осеќаш во подредена положба како нешто помалку . И не е до вас до потсвеста е најнормална работа на свет . Кој несака пари ? Парите носат моќ , моќта респект , респектот влијателност . Секој се стреми кон повеќе , ќе се појави желба порано или подоцна да бидете дел од нив да бидете рамноправни . Не може да останете имуни кога ќе се фати мубает за шопинзите , патувањата , автомобилите , накитот . Нејќам никој да ме разубедува како не тежнее кон тоа зошто не е точно . Во таа смисла подобро да има поделба колку и негативно да делува одколку полека но сигурно да се мачиш немоќта ќе те јаде и тоа постепено нема никаква врска со љубомората и пријателството . Вака барем не се срамиш да кажеш еј знаеш што не идам немам пари , или ај позајми ми ќе земат моите плата ќе ти вратам . Една стара поговорка вели - Подобро прв во село отколку последен во град ... Некои работи се преодредени и подобро функционираат кога се поделени ...
^Комплетно се согласувам со Вендиии. Некои работи едноставно не одат заедно, така налага средината,начинот на живот и конечно ПАРИТЕ! Колку и да се труди и едната и другата страна(мислам-богатите и посиромашните),такво пријателство едноставно не бива.Може да потрае за кратко,се додека вашата пријателка не ви се пофали дека купила два пара чизми од 500 евра и ве прашува кај ке шетаме вечер? А, вие имате само 100 денари во џеб! Нејзе ја мачи едно,вас нешто сосема друго.Таа води некој нејзин живот,има свои навики,желби,размислувања за животот....А, вие сте некој друга приказна од некој сосема поинаков филм. Каква црна дружба?Нема тука дружба, може само интерес и корист!Пријателство-никако. Чист капитализам-секој со својата класа.Мешање нема.
Денес да, со оглед на тоа какви се луѓето ми е нормално да има ваква поделба. Ама прашајте ги вашите какви биле дружбите порано-имал еден, имале сите, се шетало, се дружело и не се броело кој, колку и како. Тоа е другарство.
Да,така било во времето на Тито.Тогаш сите горе-доле биле еднакви.И да, веројатно тогаш имало многу поголемо меѓусебно другарство.За жал,не е веќе така...
И јас се согласувам со Венди. Просто парите си го прават своето! Додека другарка ти се мисли дали да ги купи црните или сивите чизми и на крај ја вади картичката и лупа неколку стотини евра за двата пара бидејки не можела да се одлучи, ти размислуваш дали ако секој ден одиш со превоз до факултет ќе ти стигне џепарлакот за цел месец. Додека таа секој викенд има нов фустан, ти размислуваш дали да се подновиш со блуза или со фармерки. Додека таа може да си дозволи шопинг во странство секоја сезона, ти размислуваш како дома ќе врзете крај со крај! И така натака... И како ќе се согласувате, за што ќе разговарате со таква личност? Колку богатата другарка да е добра и дружељубива еден ден ќе и станеш патетична зборувајки за финансиските проблеми... Или слушајки како зборува за одморите низ светот ќе почнеш да се измачуваш бидејки ти тоа си го немала. Затоа сметам дека е подобро секој да си се дружи со луѓе од својата класа, што всушност кај богатите е и применето.