1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Богато друштво

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Look, 27 ноември 2011.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Знаци за жал вака настануваат дружтвата пред се за некои да ти бидат другари треба да бидат слични на твојот карактер и возрас.Ама па и не е убаво едната другарка да биде на едниот а другата на другиот крај на градо...Знаци друштво не се дира според пари и тоа не е друштво тоа е материјална добивка...Ам иц не ги оправдувам ваквите друштва...И ми се мизерни тие поделби....
     
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Знаци за жал вака настануваат дружтвата пред се за некои да ти бидат другари треба да бидат слични на твојот карактер и возрас.Ама па и не е убаво едната другарка да биде на едниот а другата на другиот крај на градо...Знаци друштво не се дира според пари и тоа не е друштво тоа е материјална добивка...Ам иц не ги оправдувам ваквите друштва...И ми се мизерни тие поделби....
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.589
    Допаѓања:
    79.110
    Пол:
    Женски
    Јас сум средна класа и не се вклопувам со богатите. Сите оние со кои се дружам се исто така средна класа, односно не сме ни богати ни сиромашни. Не дека јас имам нешто против и ги избегувам, туку едноставно не сум дошла до некои сличности помеѓу нас, до нешто што не поврзува. Богатите се занимаваат со понакви нешта, јас таа поделба ја согледав дури на факултет. Имам една колешка која не е некоја арогантна, весела е и сака да се дружи со сите па така и заедно излеговме на кафе каде што самата кажа дека нејзините од дома не и дозволувале да се дружи со секакви, од малечка ја праќале на часови по клавир и тенис и требало таа исто така да се дружи со такви како неа. Навинистина не ги разбирам луѓето, зошто создаваат такви поделби. Богатите никако не ги сакаат подолните од нив, не ги сметаат за луѓе. Тие се најдобри, тие се надмени и другите не се достижни да бидат во нивно друштво. Богатството ги прави лоши а оние посиромашните се всушност поим за човечност иако ги избегнуваат. Но не секој го цени тоа.
     
  4. Бугарката

    Бугарката Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Не најдов баш соодветна тема за ова што ќе го напишам но мислам дека и тука не би му било лошо местото.
    Имам 15 години.Прва година средно сум и со сите што се дружам имаат најнормален живот за тинејџери. Околината ми е таква и немам баш некој од друштво со состојба како мојата.и друштвото од маало,и од средното училиште се такви.Имаат телефони од 50.000,имаат професионални апарати и прават фотосесии секојдневно,ги зимаат со луксузни коли,ќерки/синови се на некои луѓе од „високото добро утро“ и не си ја знаат парата.За искачање по 3000 им даваат секој вечер.Одат на летни одмори 5-6 пати и тоа на некои по луксузни места.Девојчињата со облека вредна илјади и илјади..На некои разгалени синчиња им купуваат мотори уште на 14 години,и тоа мотор ептен голем.За разлика од мене што не можам ни да си замислам да имам телефон поскап од 5.000,или земен на субвенции или преку синдикат на рати.Апарат па да не зборам...50.000 за тоа неможат да соберат моите ни 5 години ако не купуваме ништо.Татко ми работи за 15.000 плата од која што 6.000 одат во рата за кредит,5.000 за сметки вода струја,1500 за телефон и останатото што ке остане да тераме цел месец за да јадеме нешто.Мајка ми работи за 12.000 плата од кои исто 6000 одат за кредит,2000 за рата за регистрација на кола,другото што ке остане да се раздолжи на оние од кои што позајмила,да ми купи некоја блузичка од пазарче,за нејзе и за татко ми нешто за носење,за гориво и тоа е.Да знам дека мене моите родители не ми се криви што немам и дека не може сите да имаме таков живот.Ама мене ме исфрлаат од друштвото,ми се исмеваат на мојот телефон,ме прашуваат зошто немам кредит да им се јавам,кога им кажав дека татко ми ке ми купи нов телефон тие мислеа којзнае каков,утре дента кога дојдов ми викаа зошто не си земала ајфон ова она...Еднаш два пати ке си дозволам во месецот да искочам со нив да јадам нешто со 150 денари ,а тие со по илјадарки.И не јадам,пијам едно сокче и толку.Ги штедам за кога дома ке ни зафали за јадење да им дадам на моите.Не ме сфаќајте погрешно,НЕ СЕ ЖАЛАМ ОД ЖИВОТОТ КОЈ ГО ИМАМ ТУКУ СЕ ЖАЛАМ ОД ТОА ШТО МЕ ИСФРЛААТ ОД ДРУШТВО И МИ СЕ ИСМЕЈУВААТ. Ми се смеат за тоа што носам облека од пазар а не од некои скапи продавници..За тоа што одам во обични патики а не Nike.
    Морав некаде ова да го напишам затоа што ми е тешко.Да ми олесни. :)
     
    На Keiner му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    А да си најдеш ново друштво?
    Нема потреба толку труд ако очигледно не иде.


    И 3000 за излегување на 15 години? На што можеш да потрошиш толку пари?
     
    На SnowWhite8, darkmoon186, Бугарката и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.567
    Пол:
    Женски
    Најнормален живот за тинејџери со 3000 на излегување? Во Македонија? :|

    Не сум за тоа дека сите што живеат на висока нога се арогантни и лоши личности, ама децава од твоето друштво баш го исполнуваат тој стереотип. Те исмејуваат, те ценат по тоа каков телефон имаш и колку можеш да потрошиш на излегување, ти создаваат комплекси... Не вреди со такви (не)луѓе да си го трошиш времето и да ги нарекуваш друштво :)
     
    На Бугарката, Ketchup, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Со прескокање го читам постов (пошто малку е голем и некако нема space) и во себе си викам...

    [​IMG]
     
    На Summerlover, Juicy, simonka93 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Е, да ви кажам јас една приказна...
    Имав јас еден дечко што живеел така, од дома не воделе сметка колку се троши и како се троши, по 500 денари најмалку на ден за кредит само добивал (сметајте колку помали биле и плати и трошоци на тоа време, па 500 денари колку се). По 5-6 сладоледи на ден јадел најмалку како дете, што и да посакал секогаш се купувало, никој не водел сметка кој што јаде, како и што се купува. И, ете, доаѓа до ситуација да не може да се заработува како што се заработувало кога бил мал, ама тој нема навики за трошење, не знае да јаде дома, не знае да цени вредност на парите, живее од ден за ден... Од него никогаш нема да биде домакин и добар родител, па да зема и 10000 евра плата. Многу погрешно воспитување, многу погрешен пристап. Децата треба да се учат да ценат труд, а не материјаЛни вредности.
    Јас никогаш не сум знаела колку плата земаат мајка ми и татко ми, секогаш сум знаела колку имам џепарац на ден и тоа секогаш било доволно за моите потреби, а малку за да се расфрлам, дали ќе го потрошам цел или ќе заштедам дел било мое.
     
    На SnowWhite8, Tanjamm, I I и 6 други им се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.730
    Допаѓања:
    145.109
    Не се криви децата, криви се родителите.
    На мало прцуле ќе му дадам 3000ден за излегување.
    Секако.
     
    На Keiner, Askopje, Бугарката и 9 други им се допаѓа ова.
  10. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    (facepalm) Какво време дојде, па мене со по 100 ден ме пуштале да излезам... Дали родителите патат од комплекси дека немале, па децава имаат се', или пак немаат доволно време за нив, па материјално им се оддолжуваат... Ужасната сум од однесувањето на тинејџерите денес, ни култура, ни почит, ама битно ајфон :x
     
    На Dadusicka, Kitty23, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Парите од магаре прават човек. Колку пати сум била принудена да трпам присуство на... какви глупи луѓе вие не сте свесни, затоа што остатокот од друштвото воочил дека имаат пари. Богатиот додека е богат, секогаш ќе има отворени врати во животот, без разлика колку вреди како личност.
     
    На Nalutena1, Dadusicka и Бугарката им се допаѓа ова.
  12. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Чекај бе ја и сега не трошам по 3000 на излегување не па на 15 години :)
    Овие дечки се класа погоре од тебе и џабе да се нервираш, батали ги. Најди си нормални луѓе на твое ниво финансиски.
     
    На Бугарката, theowndemon и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Или остани во друштвото и омажи се со некој од нив за 5-10 години.
     
    На La.loca и crimson им се допаѓа ова.
  14. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
    Во мојата рана возраст, бев во едно елитно богато друштво, после тоа како што растевме си ги кажувавме мислењата така опуштени бевме сите, али после неколку години како што созревавме, абе од толку многу пари што се имаше тие почна по лош пат и јас полека полека излегов од таа група.
     
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Не сум имала никој во друштво богат и да отскокнува од останатите, сите сме на некое исто рамниште горе-долу. Би ми било крајно непријатно да сум со некој/а пријател/ка која е екстремно богата.

    За примерот со кој е започната темата, не ги осудувам родителите на богатите што ги советуваат децата да го бираат своето друштво според својот статус, едноставно таквите деца живеат полуксузен живот и се движат исто во луксузни места каде пријатели од пониска класа не можат да си дозволат таков стил на живот. Можеби не фер, но тоа е реалност
     
    На Feminka192, Dust и Dadusicka им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Јас немам проблем да се дружам со луѓе од различни бекграунди ако тие како луѓе и карактери му одговараат на мојот карактер. Пријателството не познава социјални разлики и други разлики обусловени од потекло. Не мора секој ден да излегуваме на исти места за да бидеме пријатели! Тоа е чувство кое се носи во себе.
     
    На Dadusicka, Feminka192, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.932
    Допаѓања:
    12.590
    Ист случај имав и јас. Дечкото јадеше по ресторани два пати дневно. Од дома до работа иако имаше 5 минути одеше со такси. Имаше и богато друштво, така да ми беше непријатно кога требаше да одам некаде со нив затоа што сум ограничена со пари, а тие и до Охрид да одат, 5 кафиња во пет кафичи денеска ќе пијат ако им текне.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи ако детето се дружи со богати другарчиња, дека ќе биде поценето или повоспитано, зашто некогаш и од елитата се издвојуваат некултурни и невоспитани деца, а од послабо ситуираните, умни и воспитани.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Не е до сумата на пари која ја добиваат децата, туку како ја трошат.
    Ако дома не ги воспитаат да знаат како да менаџираат со парите, на осум годишна возраст ќе се расфрлуваат по чоколади и играчки, на тринаесет по брендирана гардероба и техника, а веќе на петнаесет кокаинче и харвајски мраз, па после култната реченица, ,,каде згрешивме, не требаше да му/и даваме толку пари". Nope, само требаше да ги научите како да ги користат ебените пари. Толку.
     
    На Sejfullai му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.110
    Допаѓања:
    124.788
    Пол:
    Женски
    Комуницирам со луѓе поради нивните карактери.
    Размазени деришта не поднесувам.