Што порадо би биле? Сиромашен гениј или богат идиот. Под идиот подразбирам да си стварно глупав, глуп чоек. А под сиромашен подразбирам да немаш скршена пара, да немаш пари песок во очи да си фрлиш! А под богат да имаш 10 пати повеќе од парите на Бил Гејтс. 10 пати повеќе! каков дечко вие би одбрале?
eпа прашанјево е тешко но јас би одбрала сиромашен-гениј затоа што ќе биде гениј ќе си измисли некоја фирма некоја скапоцена и нема веќе да биде сиромашен
хахахха браво цирибела за одговорот,ме насмеа а тренди паметно размислуваш -за мене јас би одбрала гениј во секој случај,неможам да ги поднесувам глупавите колку и да се богати.тој што е гениј ќе биде гениј и ако е сиромашен...
Човек кој ќе го сакам и кој ќе ме сака може да биде сиромашен гениј или богат идиот ...никогаш не вели никогаш понекогаш не размислуваме со мозочињата пред да се заљубиме во некој љубовта е слепа
првиот: ако е толку богат (10 пати повеќе од Гејтс) неможе да биде глупав.. сигурно ќе биде и 10 пати по интелигентен од Бил Гејтс за да може да го стекне тоа богатство... вториот: ако бил толку голем гениј немал да остане толку сиромав... сигурно ќе имал барем најдено работа за нормално да живее или пак ќе измислеше нешто за да стигне до пари... сепак овој не би го избрала затоа што кога гладта тропа на врата, љубовта излегува низ прозорец.
Епа јас ќе ви кажам од лично искуство. Кога го запознав дечко ми немаше ни скршена пара, а само што завршил факултет. Излеговме неколку пати и отпосле сиротиот ми кажа дека се позајмил за да ме почасти кафе. Кај него видов еден чуден сјај, живост, оптимизам и желба за живот. Тој е страшно интелегентен и не ме изненади кога ми кажа дека е со сите 10ки. Подолго време неможеше да најде работа, а неговите другари сите со врски си најдоа и го заборавија буквално. Еве го денес има супер одлична работа, има пари, правиме планови за да си купиме стан, идеме по одмори и верувајте сите тие другари што му свртеа грб, денес него го молат за да им заврши некоја работа. Затоа на сите ви препорачувам да не се залетувате по пари, тие се пролазна работа!!!
баш од овие причини би одбрала сиромашен гениј. Тој ако е интелегентен и упорен, ќе се снајде во животот.
Сиромашен гениј затоа што кога човек е интелегентен ќе знае да се снајде и да опстане,а уште повеќе и да успее во животот.А што ќе се случи кога богатиот идиот ќе изгуби богатството,како што знаеме тркалото се врти,е тогаш мислам дека таквите мамини и татини галеничиња кои за ништо во животот не се помачиле ако нема кој пак за нив да трча и да ги бутка напред, би биле доведени до просјачки стап.
точмо така те подрзувам никогас нисто не се знае најбитно е да те сака,поштува,цени и ред други работи неможес да кажеш дали богат или сиромашен позз...
може некој кога ќе чита ќе рече што се фолираат овие сите. на првиот кој ќе налетаат со пари веднаш ќе му се фрлат. но верувајте не е така. бар јас мислам дека сиромашен-гениј да имам покрај мене би ми било поубаво во животот отколку богат идиот. поради фактот што сиромашниот се во животот знае да цени дупло, отколку богатиот кој со пари може да купи се дури и љубов
Кратко и јасно:на идиот и најголемо богатство да му дадеш,ќе потроши се кога е без мозок! А овој другиот ако е гениј ќе најде начин да успее во животот....
гениј... чим е гениј ќе успее во животот и ќе заработи нешто..ама богатиот идиот ќе си остане засекогаш глуп и на глупости ќе си ги потроши парите
се разбира дека гениј, колку и да е сиромашен, кој би одбрала идиот-глуп?? колку и да е богат, пак ќе биде тоа што е, со пари не се купува паметот
Дефинитивно сиромашен гениј кој е премногу заљубен во мене. Ниедни пари на светот нема да ме привлечат кон некого, посебно ако е идиот, само ке го исмевам и ке се срамам од него Убаво некој пиша погоре, во стилот на: Некој ке си рече што им е на овие глумат, да видат некој со пари одма ке се стрчаат, но кој е паметен знае, не е среќата во парите.