Ни едниот Богатиот идиот и да се венчаш со него ќе ги изгуби парите, кога е глуп А сиромашниот гениј ако досега не се збогатил со неговата генијалност сигурно нема ни потоа Затоа бирам златна средина
Ако некоја девојка стапи во брак со некој БОГАТ ИДИОТ, таа изгледа ќе да е yште поголема идиотка и од него
Јас ке си одберам златна средина ,не мора да е богат толку многу во новчаник важно е да биде богат во срце
Нема да изберам ниту богат идиот ниту сиромашен гениј бидејќи ако е богат,а идиот ќе неможеш 2 реда добар муабет да си направите,нема да бидеш ценета како жена,со богатството ќе привлекува уште поголеми идиотки и тебе ќе ти остане луксузен живот без љубов,внимание и задоволување на потребите како жена. А сиромашен гениј нема да изберам бидејќи сите генијалци кога ќе се фокусират на еден проблем или загатка, тие се фокусирани 24/7.. и немаат мир додека не го ро решат истиот,затоа не ми треба паметен маж кој времето би го посветувал на се освен на мене. А обично скоро сите генијалци завршиле во беда и сиромаштија,а и плус тоа ќе ми се прави многу паметен,се тој ќе е во право и јас неможам да дојдам до збор хахаха
простак од богаташ,не ми треба,парите не ми се важни,важна ми е интелигенцијата,почитта,љубовта и добрината на човекот,така да,би одбрала сиромашен гениј...иако би живеела во сиромаштија со него,ќе знам дека до мене е мозок-човек кој знае да ме почитува
Пред се оној кај кој можам да заприметам заведувачко генијален поглед. И мора ама мора да е со потемен тен. Гениј кој заедно со мене ќе стане богат . Всушност заедно ќе ја градиме нашата иднина. Пиленца слатки вљубенки... На почеток од врската невидено ме палеше дечко ми кога го гледав како работи. Значи нескромно одбирам гениј. Моја амбиција, тој да стане дипломатски претставник на Македонија што знам каде, а ја Нобеловка .
Ако е сиромашен гениј може многу лесно да се збогати... а ако е богат идиот одма ќе ги потроши парите и на крајот ќе биди ем идиот ем сиромашен, така да јас го одбирам првиот во секој случај. Не ме привлекува материјалното, една од најбитните работи кај спротивниот пол ми е да е паметен и интелегентен.. Што би правела со некој глупак до крајот на животот, како би ми бил животен сопатник тој мене ако би немал две чисти во главата
Искрено ако треба да бирам би избрала сиромашен гениј но сепак сум за некој кој ме сака и ко го сакам независно од тоа дали е богат сиромашен идиот или гениј
Сиромашен гениј пошо тој ќе успее и да не успее ќе знае да те цени а овој богатиот....... да не ти зборувам имам пробано да одам така со еден богат си беше а мене памет ми лета ќе биде вака нака ми симнува планети и ѕвезди ама кога не бива не бива глуп је ме нервира два пати пробав со него и никако не оди ете па сега си имам дечко кој не е ни богат а не е ни сиромашен убав ми е ме цени знае да се понаша и паметен је Spoiler Или ако не богат идиот па да му ги трошам парите со сиромашниов гениј
Сиромашен гениј, дефинитивно. Јас од секогаш велев дека не сакам богат дечко. Со коли, куќи, станови... Битно ми беше да имаме љубов и да се почитуваме, па ако треба и поскромно ќе живееме. Се` се стекнува со тек на време и заеднички труд. Е сега, наспроти ова, јас пред извесно време најдов богат идиот. Ми симнуваше ѕвезди, "ме сакаше" бескрајно многу, нон стоп ме носеше на вечери, на одмор, се однесуваше со мене како со принцеза. За на крај да си го покаже вистинското лице. И се` што дотогаш правеше за мене го избриша со тоа што го направи на крајот. А крајот го краси делото, нели? Знаев дека од секогаш го интересирале пари. Секој пат ненаситно зборуваше за пари, коли, богатство. Сакаше богата женска (стварно не ги разбирам ваквите, ако тој не е способен во иднина сам да заработи, нема да живее со парите од девојката, ама толку им е паметот). Кога и да излезевме заедно од околу ќе ме прашаше што работеле моите, колку пари ми давале, па каков телефон сум имала, колку ни вредела куќата.. Се фалеше. Имал не знам колку илјади евра на сметка, 5 картички, користел исклучиво оригинал парфеми, купувал скапа облека, имал ова, имал она.. И секогаш ми доаѓаше преку глава од таквите муабети. И искрено не можев да го поднесам. И зошто јас да се осетам ниско покрај таков човек? Тој и неговото глупаво однесување беа ниски. И не знам дали во иднина ќе може да задржи девојка покрај себе ако продолжи со истото однесување. Се надевам дека ќе најде богата девојка, па ќе видиме дали е се` во парите. Затоа, попрво би била со некој на кој на прво место му е љубовта, а не парите, и кој утре нема да ме остави за да биде со побогата девојка.