Гениј, па макар и најсиромашен ~ ќе знае како да стекне материјални добра, а воедно треба за нешто и да се разговара, да се разменат искуства и идеи. Не е убавината на живеењето во материјалното.
BS e целатат тема. Се кладам дека сакате да биде артистички гениј, не научен гениј. Некој кој ќе ви ги опише звездите и универзумот како бесконечна комбинација на бои, призма низ која ги разбираме нашите соништа, под чија што разместеност ние се раѓаме и завршуваме, нашата судбина предодредена векови предходно од месецот и ќе ве поведе да се чувстувате како само мала капка вода во тој океан од разновидност, а сите проблеми што ги имаме се уствари толку ситни и небитни.
Ова дека генијот ке стане богат во иднина а демек идиотот ке го изгуби тоа што го има. Ама генијот, паметен, вреден не е доволно за да успее, баш тој идиотот има успеано затоа што има среќа, упорен е и нормално знае да гази по луге, да лижи г...и и така натака и сами си знаете што се.
Постојат безброј примери на генијални луѓе кои умреле во сиромаштија а нивното творештво почнало да биде ценето дури по нивната смрт. Дали е подобро да се биде Џорџ Буш или Николај Вавилов, Тесла, Гутенберг, Ван Гог, Гоген, Моцарт - никој не може да каже, Не верувам дека наведените доколку би имале избор би ја менувале творечката радост за парите и статусот на Буш или Парис Хилтон, некој транзициски олигарх од Источна Европа или припадник на нивното потомство. И покрај сето страдање кое го доживеале.
порано сметав дека поарно да е сиромашен гениј ама кога ќе ми текни како некои до небо и наназад летаат неможам. забораваат од каде дошле поризлегле. зошто не разбираат декасе ерелативно и минливо. битно да е гениј па затоа што ако е сиромашен ило богат как таг ќе си ги сменат улогите
Сиромашен гениј, ако е гениј се подразбира дека ќе биде докажан, угледен а со самото тоа и богат, само што израснал на пример во сиромашно семејство па го добил епитетот сиромашен, настрана од тоа, ме привлекуваат интелигенти и способни мажи, впрочем мислам дека нема жена која не би сакала таков маж.
Сиромашниот гениј лесно може да заработи пари да, ама не во Македонија, Така да барајте си сиромашен гениј од странство . Шала на страна и ја сум за сиромашен гениј. Затоа што познавам многу богати идиоти и не ги можам. Алергија ми искача од таквите.