Сите избравте демек сиромашен гениј а врие државава од спонзоруши, што покажува колку сме лицемерни и неискрени дури би овде. Неможе некој да биде гение а да биде сиромашен, ако е гение ќе знае да го уновчи својот талент. Затоа што гение значи да бидеш посебно талентиран со надпросечна дарба во некоја област а ако е надарен односно гение тогаш ќе знае и како да го уновчиш барем да не биде голтар туку просечно ситуиран дечко. За богатите секогаш се вели дека се идиоти само затоа што ни се недостапни за нас обичните смртници, обично тие луге бираат девојки со соодветен статус или надпросечна убавина која ние обичните смртници ја немаме. Јас сум убедена дека 90% од вас посакуваме да имаме некој богат идиот покрај нас.
Целосно се сложувам со @Strumka22 . Демек, ако е сиромашен, не може да биде идиот? Да појдам од тоа, денес можно е да имаш талент за актер, фантастични вокални способности, да имаш совршено тело за модел, и тоа да не биде откриено, бидејќи конкуренцијата е огромна, и потребни се многу пари. А со овие талент- шоуа, и тоа е релативно возможно, да бидете забележани. За мене гениј е Тесла, а таков талент денес, е невозможно да се поттисне. Ако во некоја личност лежи гениј, тоа ќе го увиди некој тип кој има финансии, а се што му недостига е некој кој има идеја, па од тука би рекла дека е речиси невозможно да биде сиромашен. На крајот на краиштата, повремено читаме статии, неретко наши познаници кои успеале, и стигнале многу, ама баш многу далеку. Сиромаштијата ако не лично, сме имале прилика да видиме како изгледа кај наши блиски, роднини, пријатели, комшии, и ни малку не е пријатна за гледање, а уште помалку пријатна да ја почувствуваме на своја кожа. Да бидеме реални, љубовта нема да направи да престанат кркорењата во стомакот, оти е празен.
Разочарувате, ви фали оригиналност! Двајцата треба да добијат по еден метак у чело. Така од идиотов би ги присвоиле парите, додека од генијов идеите. Се треба да ве учи човек бе мајката...
ЕЕе ама одите во танчина. Има многу талентирани луѓе кои што не успеале да го уновчат тоа од икс причини. Факт е дека во денешно време повеќе би успеал некој просечен или подпросечен со добра позадина, отколку некој гение кој што нема кој да го поттурне напред. Има и од богатите паметни и интелигентни луѓе. Не мора да значи дека ако некој е богат, по дифолт е идиот. Прашањето е поставено така као што е. Инаку нормлано дека секоја посакува богат дечко но и да има нешто во црпката. А не да имам пари колку ми душа сака, ама да се замарам со глупоќа и идиотизам секој ден. Надвор од поставеното прашање, секако дека посакувам некој добро ситуиран но и паметен.
Абе се тесно си е поврзано,кој ќе рече не сака богат ќе излаже,сакам и јас..ама океј,не по секоја цена,не би можела да трпам ептен голем глупак и идиот покрај мене,а во мали количини да е приглупичок е ок ( да го раководиш како сакаш)барем ќе имаш пари да лечиш фрустрации,оти ако е приглупичок а сиромашен па тотоално ти е за џабе се, од друга страна па,кога ќе си гладен цревата нема да те прашаат зошто си,затоа жени берете ум и добро согледајте со кој ќе завршите,убаво е да се има љубов ама не се живее само од истата,потребни се многу работи за да се опстои на светов
А, од кај знам дека сиромашниот гениј цел живот нема да ја потценува мојата интелигенција?!И достигнувања во животот, амбиции. Се што ќе кажам или направам да биде биде помалку вредно пошто еве, тој е гениј и ПАМЕТЕН Е.А ние другите сме само обичен плебс за него.Plain Jane да не речам. Башка, на страна тоа што ќе живееме во сиромаштија пошто нели избрав сиромашен гениј, цел живот исфрустриран како тој гението живее во сиромаштија покрај татини синчиња даааалеку поифериорни од него живеат во изобилие, па следуваат изговори од типот- системот е крив, општеството е затруено со погрешни вредности ииии...ај зае*и. За богатиот идиот да не ни почнувам пак... За мене еден нормален дечко што ќе ме сака и цени, може?
Ako e genij nema da bide siromasen,moze nema da bide ni bogat no ke ima kolku za eden sreden zivot. Ako e idiot nema da bide dolgo bogat,ke gi potrosi parite.Specalenite pari brzo se trosat. Jas i mm koga se zemavme nemavme nisto,soba po soba si pravevme,kola si kupivme..moze ne ni izviraat pari no za eden ubav zivot imame drugo ne mi treba.
Оваа тема некако ми нема смисла. Човекот не се дели ниту на сиромашен гениј ниту на богат идиот, глупости. Едноставно се случува љубовта, го сакаш поради сите маани и недостатоци покрај сите позитивни и негативни ствари. Љубовта е чуство што не се мери ниту со идиоти ниту со гении ниту со богати и сиромашни. Секоја поединка си има свој карактер став чуства мисли итн... Се сакаме ради икс работи се почитуваме ради икс работи. Да така не се сложувам со ова епитетите за човековата интелигенција. Љубовта ја сочинуваат сосем други нешта ја створаат сосем други работи.
Си сакате богат идиот и готово не се филмајте сега околу сиромашен гениј пошто тој “гениј“ нема да ви плати за луксузните патувања во Дубаи, Њујорк, Лас Вегас итн. Кој е тој гениј кој е сиромашен? Ако има таков тогаш е глуп! Секој што е паметен порано или подоцна во животот ќе направи пари и тука ќе стапите вие жените на сцена и ќе го (за)сакате таквиот човек. Тоа не ве прави спонзоруши, туку паметни девојки. Зошто да живеете сиромашно со некој копук? Од љубов не се живее. Нормално ако сте фини девојки тогаш све е ок, а ако го молзете финансиски тогаш тој стварно станува богат идиот и дозволува жена да му извлекува кеш како да е подвижен банкомат. Да се има пари е убаво тоа е факт! Колку и да си паметен гениј тоа нема да ти ја плати сметката во ресторан или да ти наполни гориво во кола ако немаш вода во очи. Парите го вртат светот. И жените преку сексот. 2 факти од праисторијата кои ќе продолжат да владеат до крајот на човештвото. Секој бега од сиромаштија, така што не знам која е таа девојка што толку би се затрескала во сиромашен гениј. Убаво е вака да живееме во бајки на форум, но реалноста е сосема друга, нема што тука да се лажеме. Сиромашен гениј нема да ви купи iPhone 6 за роденден туку богато идиотче, токму затоа си го сакате. Си сакате богати + паметни (а ако е идиот тогаш ќе му ја толерирате таа особина некако или на крај ќе го шутнете), едноставно deal with it девојки money talks! Не да talks туку screams!
Не ги делам луѓето според материјалното богатство. Не си богат ако имаш пари, не се „палам“ на луѓе со коли, мотори,секоја вечер по ресторанти и сл. Богат си ако имаш внатрешна убавина, фамилија, пријатели, луѓе кои те сакаат и секогаш ќе ти помогнат. Фала му на Бога што го имам она второто и доволно ми е. Парите се заработуваат и се трошат. Она второто не можеш да го заработиш лесно, можеби не можеш никогаш да го заработиш, но се зависи од нас самите. Ако дозволиш некогаш парите да те сменат, не си ни половина од човек. Доколку сакам некој ќе бидам со него и на врвот,заедно ќе уживме и на дното заедно ќе се бориме. Имам прекрасен дечко во секоја смисла на зборот, има и материјално богатство ама оди по патот со двете нозе.Премногу е скромен, паметен, штедлив. Совршенсто е Неговото мислење за мене е правилна одлука. Како што би рекла една моја другарка „Дома не е секогаш куќата во која живееш. Дома може да биде и нечии раце, нечија прегратка.“ Според мене темава нема смисла затоа што богатството не треба да биде услов за љубов.
Па добро, многу гении низ историјата биле и умреле сиромашни. Никола Тесла, Моцарт, Ван Гог... листата е долга. Инаку темава ми е без врска и немам што да кажам, сакав само на ова да искоментирам.
Drugo vreme, drugi vrednosti. Pri deneshni uslovi nitu eden od niv ne bi pominal taka. A jas sepak pishuvam za vremeto vo koe zhiveam.
Не мора да значи. Има луѓе на кои умот им работи натпросечно за некои работи, ама не ги бива за правење богатство. Може и еден професор во средно да е генијалец, па да живее на скромна плата. Познавам човек кој знае ненормално многу нешта до најмал детаљ, па е сиромашен. А дефинитивно припаѓа на категоријата генијалци, по кој сакаш критериум мери го освен по економскиот.