Да сум на ваше место,би одбрал Богат идиот,гениј ма што сака нека биде само пари нека има. Битен е моментот кога ќе снема пари шутни го
Богат - сиромашен е релативна категорија. Понекогаш имаме повеќе, понекогаш помалку. Финансиите се менлива состојба. Гениј - глупак; не значи дека сме компатибилни со едниот или другиот. За себе знам дека сакам партнер со кој заеднички ќе допринесуваме финансиски. Не сакам да сум во врска/брак со "богаташ" од кој ќе зависам. Ниту сакам гениј или not-so-smart person ако немаме љубов, почит, разбирање. Љубовта е важна колку што се важни и финансиите. Но тоа не значи дека треба да даваме предност само на љубовта или само на финансиите. Баланс меѓу сето ова, тоа е најважно. А со вистинската личност покрај себе би требало да се постигне таквиот баланс.
Луѓе гледајте да најдете некој со кого ќе се разбирате и меѓусебо ќе се надополнувате. Некој кој би ви помогнал во секоја дадена ситуација, секако и вие треба да сте тука за него кога му е најпотребно. Ако барате богати или сиромашни секогаш ќе правите грешки. Барајте личност со која ќе се чувствувате среќно, исполнето и задоволно.
Првиот во никој случај затоа што знам дека нема да бидам среќна и ќе страдам со него, а вака сиромашен гениј, што ако е сиромашен ако ме сака и цени тоа ми е најважно, па така од сиромашни и двајцата ќе направиме нешто заедно да се смени тоа
Инаку најдобро е да си имаш свои средства колку толку да не зависиш од никого оти маф е работата и во двата случаи.
Сериозно темава? Сиромашен гениј, пошто богат идиот за брзо време губи се, толку има во главата. Ама баш се. Нема ни пари, ни мозок. Од искуство зборам.
Сиромашен гениј. Подобро да биде паметен, него богат а глупав. И најбитно да ме цени и почитува. Парите не го прават човекот, можат само да го променат на полошо.
Е што ќе ми е генијалец, по квизови ли ќе го носам? Ако е гениј нема да биде сиромашен, би ја искористил главата да дојде до некој денар.
Еве мајка ми,не е вработена не пегла не пере чисти а има време да се среди.А не е мажена ни за богат идиот ни за сиромашен гениј.
Мислам не знам зошто мене ми објаснуваш, мојата теза ја кажав под таа слика, а другото е само кој како сака да го свати на сликата дали да се насмее дали да не. И ова е лично за секој поединечно, значи секој сам за себе да си каже што мисли.