Сиромашен гениј. Ти се лажеш.Не им се битни парите на сите. Парите денес ги има, ама утре може да ги снема. Што ќе ти е богат идиот кога тој троши пари безвезе? Што ако не те сака и те тепа? Кај што нема љубов, нема среќа.
Девојче, прашањето е богат идиот или сиромашен гениј и јас одговорив. Кога ќе снема пари идиотот ќе идеме кај сиромашниот гениј ако се збогатил до тогаш. Ако не пак кај некој богат идиот.
Лол, глупа тема што бара уште поглуп одговор. Ниту едното ниту другото. Не ми треба во кревет да ми го цитира Хегел, а уште помалку ми треба будала што ќе ме кредитира. Доволно имам способност да заработам пари за нормален живот без нечија интервенција.