Да не малце се потценува вредноста на парите??? Ај вака замислете, едниот живее во колиба од дрво направена, без услови за живот, без веце, без кревет, без ништо, проси за леб и секаде моли за да најде работа бидејќи таков парталко (за жал) никој не сака да го вработи! Ама замислете го како многу паметен и интелигентен но без ксмет! Другиот е богаташ, со куќа на Мајами, со лимузини, со ланец на хотели, со послуга, со богатство невидено! Ама е глуп, секој мубает му е безвезе, не сфаќа ништо... И... сиромашниот или богатиот????? а?
Ваква строга граница не се поставува во ништо ,па нити ни во оваа таканаречена класификација на два вида машки што е направена.Некогаш човек колку и да е паметен,ако нема услови,неможе сам да измисли топла вода и да направи од неговиот свет прекрасно место за живеење.Секој го бира она покрај кое се чувствува сигурно и емоционално а и материјално,без лажни скромности.Без пари човек не може аналгин за глава да купи,а камоли нешто друго.Безпарицата ќе ја убие и најголемата љубов на светот,оти не е само ние ќе се сакаме и се‘ ќе биде ок.Ама ич не е така!
Не би го одбрала ни едното ни другото туку златна средина. Не може без пари да се живее, од љубов не се живее, не се хранат деца, неможе да се направи покрив над глава... А неможе да се живее ниту со некој глуп, туп и неупотреблив
Држи муабетов на мина,потполно се согласувам дека е така,но сепак од искуство да си кажам нешто.Летово запознав еден згоден и преубав дечко,излеговме неколку пати,има одлично платена работа,тоа се забележува уште на прв поглед,стварно одлично изгледа,згоден и убав,ме земаше со џип,па потоа со друга кола...каде уште не бил на шетање,дечко за на изглед ПЕРФЕКТЕН,немам зборови. Но...фалеше нешто...типот е ладен,не се замара со ништо,не е задоволен од работата,сака нешто повеќе,не се шегува многу,муабет наоѓавме некако,но не онака да си тече како што треба,па да се смееш,да се шегуваш...После 3-4 излегувања сфатив дека не би можела да бидам со ваков човек.Џабе е да бидете пар од соништата навидум,а да неможеш да допреш до неговата душа. Сега си имам дечко,кој има исто така добра работа,има кола која ни приближно не изгледа како џип,и не е супер богаташ како првиот тип. Но,прави да се чувствувам како принцеза, секогаш знае што да направи и каже,да ме расположи,да ме изненади,да ме насмее... Тоа е тоа што би требало да постои во една врска. Парите се трошат и заработуваат,доагаат и си одат. Некој со труд може да заработи многу,исто колку што и преку ноќ може да се изгуби богатството. Не велам дека ќе одберам сиромашен човек од богат,но ќе го одберам тој со кого ќе можам да зборам апсолутно за се,тој кого ќе можам да го побарам во 5ч сабајле ако ми треба,тој кој има доволно големо срце и топлина за да ме направи среќна.
И јас би златна средина, ама ај замисли да мораш да се определиш за еден! За кој би се одлучила, ама искрено! Колиба или замок?
Од која страна и да гледаш подобро е сиромашниот гениј ...Среќата е најважна пред се ! Џабе ти се лимузини и хотели ако не го сакаш богатиот идиот, а и како да го засакаш ако е идиот? Во моментите на неговата глупавост- на која ќе и нема крај ,ќе се сеќаваш на некој сиромашен гениј и ќе знаеш дека со него би била многу посреќна Во животот незнаеш што ќе биде и до кога ќе трае -се врти колцето ,можеби ќе се сврти на подобро и ќе се подобри финансиската ситуација на генијот или ќе се сврти на полошо кај богатиот идиот . Оффи спонзорушите масовно фатија пат за Австралија Состанок на слепо а ако незнаат јазик и глувонемо може да се каже и после еден состанок веридба и свадба и ти кажува цурата ќе си одам дома во Австралија идниот месец! дома? кај чичкото мислиш? кој е генерација на татко ти? или не е важно дека е дупло постар од тебе важно има куќа со базен омг познавам 5 девојчиња на моја возраст кои по завршувањето на средно се омажија за чичковци во Австралија. Како размислуваат?ако воопшто размислуваат... Баба ми и дедо ми повеќе пати се виделе пред свадбата и тоа во турско
Најверојатно замок, па ќе пробам да му всадам малку мозок во главата. Ако видам дека тешко сфаќа ќе му удрам клоца
Ајде јас да се изјаснам! Јас вака ја разбрав темава, едниот е наааајбогат на цел свет ама глупак невиден, а другиот е наајсиромав на свет, без сопствен дом и без 2 денари во џебот! Нема да бидам лицемерна и ќе си кажам, одбирам богат глупак! Нејќам колиба бе, можеби нејќам ни замок ама ако од двете (колиба и замок) морам да одберам тогаш би се одлучила за замок! Вистина е дека и едниот и другиот ќе ти го загорчат животот (едниот со глупавост а другиот со глад) ама ако морам (а замислив дека стварно морам ) би се одлучила за глупавиот! Не затоа што лакомам по неговите пари туку затоа што се плашам од сиромаштијата на другиот!
хахахахахаха супер тема! значи ќе кажам следново сиромашен гениј гениј-нешто што ме Spoiler навлажнува ! ! колку поинтелегентен маж- толку е подобар во кревет Spoiler на крај краева тој нема со парите да ме задоволува т.е да ми ги става таму доле и да ме ... никогаш не би идела со богат идиот- едино ако нема проблем да ми плаќа жиголо, зашто сигурна сум дека тој ако е идиот нема да знае како да те задоволи во кревет!
Или има подобра варијанта Бараш некој богат идиот му ги земаш парите и после си бараш некој сиромашен гениј
Богатиот идиот може во секое време да ги изгуби парите, да ги прокоцка итн. Why? - Затоа што е идиот и прост. Сиромашниот гениј, ако е стварно ГЕНИЈ, може многу лесно да дојде до пари и да се збогати со знаење. Симпл.
Ниту еден гениј не останал сиромашен. А кејт д грејт, беспарицата ја убива и љубовта и среќата. Нормално дека нема да имаш среќа и љубов ако дома немаш што да јадеш и деца ти плачат за леб. Јас би богат, ако ништо друго ќе му ги трошам парите.
Аууу темава Кај ќе го најдеме тој без скршен денар? Генијот-на улица како проси ( мислам дека ниедна не би го погледнала а не па да се заљуби во него ) Додека идиотов сигурно нема да се најде во друштво со смртници како нас ( значи на црвен тепих ќе го барам ) Немам никаква смисла поделбата! Да беше само богат идиот или сиромашен гениј до некаде па ќе можеше да се избере ама вака во описот како стои...Ниту еден пошто не постои...абе постои ама никако не можам да го најдам!
сиромашен гениј,кој ќе успее да биде богат но никогаш и идот има доволно памет,да биде богат така да сиромаштвото би било само привремено
Богат гениј со сиромашен идиотизам Ај да бидеме реални парите се битна поткрепа во сечиј живот и сигурно дека ниту еден човек не е имун на нив Дури и во бајките како Снежана,Пепелашка,Трнорушка.....хепи ендот е со богат принц Си знаеле луѓето од дамнешни времиња како треба права бајка да изгледа
Многу битен момент е испуштен тука... Каков му е сексуалниот перформанс? Ако го знам тоа, полесно ќе одлучам.
Повекето го бирате богатиот идиот. Мегутоа дадено дека тој е апла глуп. Што ако се стави на некаква кладба или игра што знам покер со некои луге на големи пари, и оп може сите пари наеднаш да ги изгуби. парите се трошат. Јас би на некој начин избрала и двете - Богат гениј - ке му речам одам кај некоја роднина или што и да е у странство, ке му земам голем дел од парите и ке започнам нов живот и ке си најдам љубов, или пак овој ке ми биде маж а ја ке си се швалерисувам..има полно опции - Сиромашен гениј, ке бидеме можеби некое време сиромашни, али гениј е, паметен е, а мозокот со никакви пари не се купува (зборувам за наеднаш де) така да ке направи нешто, ке започне работа, ке биде успешен ке добие унапредување итн итн.. ова е мое гледиште.
Јас би го избрала сиромашниот гениј. Ако стварно е гениј, ќе се збогати. А богат идиот во никој случај не би избрала. Да ме гази цел живот некој глупак што не може ни да се спореди со мене во памет, не благодарам! А донекде и би имал право така да се однесува, па се знае дека би била со него само заради парите, нормално дека нема да ме почитува! А за овој сиромашниот гениј, па и да не се збогати, не е страшно. Па јас за што учам, за што се надоградувам? За во иднина да можам да заработувам! И тоа убаво! Па да ни бидат доволно паричките и за двајцата Башка, ако е гениј, и со просечни плати да сме, ќе оделуваме, ќе штедиме пари за да инвестираме во некоја негова идеа. Па за некоја година, ќе се оствари и тоа! И нема да се нервирам што не трошиме многу, бидејќи ќе ми биде на ум помислата дека за некоја година ќе поминат маките и ќе можеме да уживаме во животот
Точно дека од љубов не се живее но едноставно не можам да поднесам глупави луѓе и луѓе што не знаат ниту да разговараат како што треба... Значи сепак -- сиромашен гениј