Богатиот идиот, пошто е идиот, нема долго да биде богат. А генијот, ќе си направи парички. Simple as that. Само ова треба на долгорочни патеки да се гледа, нели.
Дajте ми богат идиот,ќе го направам уште побогат,ми треба почетен капитал,после нема да има право на збор и ќе трпи дур си правам лезети со сиромашниот гениј,а потоа ќе го разведам и ќе живеам со сега веќе богатиот гениј во нашиот огромен замок и ќе стануваме се побогати и побогати. Ова е уште подобро!
Никогаш не велам никогаш, може да се случи и едното и другото, но кога веќе морам да бирам би го одбрала генијот. Ако е гениј, нема да биде сиромашен. Некако тие две не ми идат заедно. Ќе иновира нешто и ете Како и да е, јас ќе имам одлична работа и ќе го спасам од сиромаштијата, ако е сиромашен
Бидејќи според првиот пост на темава треба да одлучам што би била јас и каков дечко би одбрала според дадениот избор, би рекла - јас сиромашен гениј, тој - богат идиот.
Значи сите од старт викате ако е гениј нема да биде сиромашен ќе се снајде ова она, значи пак сакате богатство. Да и јас навивам за љубов, ама тешката егзистенција ја убива љубовта факт! Не е ко у шпанските серии немаат за леб ама битно се сакаат највеќе на свет. Го бирам богатиот идиот бе. Што ако е идиот, и да сака ако има толку мн пари колку што е опишано во воведот на темата нема да може да ги потроши цел живот и на крај краева он колку сака нека е идиот јас ќе си го живеам животот покрај него ќе имам се што ќе посакам, додека другиов освен љубов за жал ќе нема ништо повеќе да ми пружи, реална сум!
Сиромашен гениј не може да постои, барем не до толку сиромашен па да нема леб да јади. Во секој случај би одбрала богат идиот, што ќе му правам ан гениј само ќе ме нервира, бидејќи ем гениј, ем нема пари! Што ќе ми е таков гениј? значи тој не се труди да го покаже тоа што го знае.
Знам луѓе што се генијалци а пак се сиромашни, мислам не до толку колку што е тука опишано ама ипак, човек талентиран генијалец за архитектура, првенец на генерација да работи на одржување машини со пропала фирма??? И како не постојат, џабе му е генијалноста ако нема среќа, ако не успее да се снајде сам, ако нема кој да го гурне, додека овој идиотов што ако е глуп коа имал среќа и напраил милијарди, и баш повеќето по светов се такви, од глупост од чиста среќа праваат огромна пара, а генијалците што? Многу малку се тие што со генијалноста створиле богатство и отишле далеку. Затоа неможе да речете дека генијалец неможе да е сиромашен, е може и тоа како. Плус од дрга страна мааа што ќе ми е генијалец па да е подобар од мене, да ми мудрува и да ми се праи попаметен , подобро вака идиот ќе го музам до последен цент мухахах
Богат идиот!!!! Ееее гении има што на крај се што добиле е шизофренија, така да немам гаранција вака ем глуп ем богат ке си имам мирна глава
Помеѓу генијалноста и идиотизмот границата е тенка. Јас сум за златна средина. Не мора да е богат, доволно е да е амбициозен и да знае да си ги заработи парите. Не мора да е гениј, доволно е да е паметен и разумен. А не, исто не мора да е „идиот“, затоа што глупави луѓе ме иритираат како појава, поготово оние кои се прават згора и паметни. Значи сума сумарум, паметен дечко на магаре со реална амбиција да се качи на коњ
Хмм..никогаш не сум сакала да имам дечко кој ќе е сиромашен. Не ми треба таков.Нејкам цело време да ми кука како нема пари.Ама па нејкам и некој со препрепремногу пари бидејќи таквите најчесто нејќат обична девојка која ќе знае што сака, и нема да му иде по газот. Значи заклучок:златна средина да има за еден нормален живот и да може да си приушти и малце луксуз
ниту богат идиот,ниту сиромашен гениј.подобро јас да бидам богата со извонреден генијализам,па самата ќе си бирам што сакам.плус сами ќе ти доаѓаат а ти само ќе пребираш и одбиваш непожелни прилики.
Богат идиот. Паметен што ќе ми е, не ќе го праќам по квизови!! хехеххехеххе Парите го вртат светот. Тој богат, јас генијалка, совршенство. Уште да го најдам....
Офф-топик Мене тоа никако не ми иде. Сега идиот да биде богат може, ако татко му е богат да има од некаде пари инаку од кај ќе му се парите. Ако е гениј ќе си има парички нели ќе се разбира у нешто и ќе си добива пари за сработеното. Он-топик Со идиот не се излегува на крај така да не би започнала врска со таков, мислам од старт нема ништо да ме привлече. Парите ми се најмалку битни во една врска, така да по бараното би избрала сиромашен гениј.
Види со генијот па уште помалце можеш да излезеш на крај, во се ќе те надмудрува ако не си гениј ко него, а во случајов е претставен како супериорен гениј Боље идиотчево ќе го смоташ
Сиромашен гениј. Само нека ми ги возврати чувствата и среќно ќе си живееме А ќе најде начин да стане богат - штом е гениј!