Сиромашен гениј, затоа што сакам да бидам независна, да се издржувам сама, да успеам сама, а зад мене да стои некој од кој ми е доволно само да ме подржува и сака, да ме цени и почитува. Мислите дека некој кој би имал толку пари, 10 пати повеé од Бил Гејтс бибил способен да биде само со една жена, да сака само една ако може да ја има било која спонзоруша, а реално, во денешно време поголем дел од девојките се спонзоруши...
кхм многу невидено време е дојдено тешко... ма не ги занима љубов и разбирање бе само да има јака кола и ајдеее готово загубен памет да бил облечен на марка псс како да не, според мене и да е богат да не се мои парите?? како да не ! да се внимава на слогата и разбирањето у врската а ако од горе ти е чкртнато да имаш пак ке си имате у иднина и со тој сиромашниот
Сиромашен гениј, затоа што сепак на крај кога ќе размислиш подобро е да живееш со Гениј отколку со Идиот. Богатиот идиот и онака ќе ги потроши парите што ги заработил татко му и на крај ќе биде сиромашен Идиот
ако е сиромашен нека е,ако нема пари нека нема,и да е од село нема да ми пречи,најбитно е да не е мрзлив,да ме сака,да го сакам,да ме подржува,да имаме силен комуникативен однос,да знаеме што сакаме,да имаме цели пред нас и да се бориме заедно да ги поминиме препреките за да ги стасаме нашите цели,а и ако е генијалец некој,ке знае што прави и како ќе го направи тоа. Можеби парите преставуваат се за некого во животот али мене не ми се преоритет битно ми е да ги имам онолку колку што ми се потреби за да живеам среден,просечен живот,битно ми е да има хармонија,топлина и многу љубов,па и нека се почнува од нула....море ако треба нека се гини,ама никогаш со некој нафуран тип,за нив е како ние обичните да не знаеме ништо,а тие како да го имаа Господ за ****** фатено,затоа бојље гениј сиромашен,се врти тркалцето!!!
Преферирам сиромашен гениј . Кога - тогаш , некој ке го открие и он ке има и памет и пари . А идиотот , бадијала му се парите кога нема интелигенција . Па валјда ниедна девојка нема да седне и да разговара со куп бактериолошки загадени банкноти ! Барем ако има самопочит .
Сиромашен ГЕНИЈ неможе да постое. Интелектот секогаш ке излезе на површина, а со тоа нормално и приходите.
Не ја разбирам суштината на сиромашен гениј. Да бил толку генијален во умот сигурно немало да остане сиромашен. Богат идиот за мене.
Богат идиот или сиромашен гениј? Како што кажува насловот идиотот ќе остане вечно идиот кој ќе го прокоцка богатството или ќе му го потроши таа што е со него заради парите... А генијот нели ако е толкав гениј секогаш може да стане и богат Освен тоа одговорот тука е релативен: Колкаво богатство ти е потребно тебе, со што би се задоволила, неспособна ли си работа па бараш некој да те издржува... Среќата е најбитна и најважното е да се чуствуваш исполнето и среќно покрај оној што е до тебе... Друга е ситуацијата ако при запознавање се интересираш за дебелината на паричникот (пред се).
јас сум за сиромашен гениј оти? па затоа што богатиот чека се на готово од мама и тато, нема фатено лопата па да знае како се заработува, идиот е па ќе ги потроши парите и после ќе свири. додека пак сиромавиот ја цени парата затоа што сам заработува за живот и кога и да снема пари ќе отиде ќе најде некоја работа на ден-два и ќе се снајде, гениј е па може ќе му тргне во животот
Не е можно гениј да остане сиромашен, ако остане тогаш не е гениј, а од глупави луѓе бегам понастрана па ако сака и мулти-милијардер на куб нека е тие можат само во проблеми и во незгодни ситуации да те ставаат
Абе сиромашниот чим е гениј ќе смисли нешто па ќе станеме богати! еве не мора ни богати ама за пристоен живот! секогаш би идела на оваа варијанта,идиот кој сака покрај себе? парите нема да ме усреќат ако човекот покрај мене е ѓубре! точка!
Сиромашен гениј Идиот е и идиот ќе си умре ! а генијот ако е сиромашен нормално секој почнува од некаде. Ако е гениј има во главата, ќе смисли нешто и ќе успее повеќе од оној што живее 24/7 од буџетот на мама и тато
Сиромашен генијј...то шо е паметенн секогаш ќе биди богат...но богатиот идиот ќе ги потроши парите зошто не ги заработил...а нели незаработените пари не болат па брзо се трошат