Ами така е тоа е најточно Но темава вика меѓу нив двајца што би одбрале.Сиромашен гениј(оти поверојатно е да стане богат потоа)
Бегајте само од сиромашен идиот- ја знаете онаа- кај гол па и зол , а ова другово, па... ќе се најде некаков баланс
Како прво, насловот на темата не е соодветен. Можело наместо идиот да се употреби термин-будала, а не да се употребува терминот идиот во вакви негативни конотации. Многу иритираат тие секојдневни муабети, напишани текстови и ставање на некои медицински изрази и состојби на погрешно место, како што се идиот во случајов, дебил, ментален, ретардиран. Треба прво да се научи значењето на тие зборови пред да се употреби терминот било каде. Кога би биле свесни за значењето на сите тие термини, не верувам дека би ни било сеедно каде и за што ги употребуваме. Вака од насловот, се прави споредба помеѓу богата личност со длабока ментална заостанатост, кој ја немал таа среќа да се развие психички и физички нормално и сиромашен гениј, кој ја немал среќата да се збогати. Јасна ми е поентата, само изјавив револт на термините. Од овие двајца (богат будала и сиромашен гениј) би избрала да бидам некој трет .
Епа би го земала за маж богат идиот а за швалер сиромашен генијјј заедно ќе му ги украдеме праите на идиототт И среќнаа УЖИВАНЦИЈАААААААА
Не сакам да одам толку до екстремности но, кога треба да одберам тоа би било сиромашен гениј. Па нели е гениј, ќе најде начин да спечали нешто генијчето мое. Хах
Сиромашен Гениј во секој случај...барем ке ме чува и почитува.. Но ако знаеш да го смениш богатиот идиот, и како многу типки што прават, "да им го завртат мозокот" за 360 степени , тогаш најдобар погодок е тоа..од тебе зависи..
Сиромашен Гениј Во секој случај,ќе знае да ме цени и почитува ќе ме сака со сите мои доблести и мани со взаемна подршка и чиста ,искрена ЉУБОВ ќе постигнеме се ,бидејки најдобро да бидеш со Човек отколку со Богат Идиот кому И душата да му ја предадеш тој не ќе може тоа да го согледа Сиромавиот Гениј трезни и паметни одлуки донесува,а Богатиот Идиот е само ИДИОТ
Сиромашен гениј! Таков дечко барам, да биде гениј. Да биде многу паметен, таа особина ми е секогаш на прво место, пред карактерот, убавината и пред сите други. Па затоа никогаш не сум имала дечко, и покрај тоа што сум 18 и пол години.
гениј неможе да биде сиромашен,кога тогаш ке си го наплати знаењето,а богатиов идиот или ке ги искоцка сите пари,може и да ги ишмрка,или да му се погоди некоја уште поголема идиотка што ке му ги испегла на visa gold така да,ја би најнормален воспитан човек..
Би одбрала сиромашен-гениј. тој ке се снајде и нема веке да биде сиромашен и плуст тоа ке биде многу интелигентен и ке има повеке време за мене а не како богатите имам работа треба ова она да го направам. нив поважен им е бизнисот
Сиромашен гениј дефинитивно...Ме нервираат богати идиоти кои за жал во денешно време ги има се повеќе
Сиромашниот гениј е побогат од богатиот идиот. Ако е гениј значи има огромно знаење, а само знаењето нема цена и никој не може да ти го земе. За разлика од него, материјалното се троши брзо Па сега видете си
Сиромашен гениј !! Парите се пролазни и можат да се запечалат за кратко време, ако неможе некој сам, тогаш сојузно. Ама сепак нема пара која што може да ја откупи глупавоста.. Не се врти се околу парите.
Богат идиот- како и самиот наслов идиот и ќе си остане, она што го прави главен се само парите. Сиромашен гениј- со негово знаење би требало да си го наплати знаењето кад-тад ма да во нашава држава ни генијците не се ценат така да Јас би за нешто помеѓу, златна средина