Ни едниот ни другиот. Не сум толку алчна за да трпам идиот поради пари, а овој гениј а голтар, плус го замислувам некој :geek:
јаден сиромав да е ама стварно да го сакам и тој мене... парите не би имале никаква вредност ако немаш љубов... ако имаш љубов и листе од дрво паднато ке биде вредно за тебе
Богат идиот нормално Како и да е,во 21 век живееме. Доста познато ни е на сите она влечење крај со крај секој месец... if u know what i mean
Богат идиот. Па нели идиот е. Време е јас да искористам некого, доста беше тие мене. Па фино лепо ќе се разведам , ќе му земам пола богатство, ќе си најдам љубов и ќе си бидам ем љубена ем богата. Ете така.
Тема за која треба добро да се размисли... Зависи од случајот во кој се наоѓам. Од една страна,сакаш пари и си трошиш колку сакаш,и оп за миг парите исчезнуваат. Што потоа? хах Јас би одбрала сиромашен гениј,кога тогаш ќе се збогати. Ние пред тоа сме биле богати ама времињата се изменија и парите отидоа бидејќи тогаш мсиелвме засекоаш ќе имаме...
ако е гениј, ке измисли како да избега од сиромаштијата, а штом е сиромашен значи дека не е баш гениј. ни едното ни другото од овој избор, се што е во нормала е добро, немора да биде ни гениј ни богаташ, нека биде НОРМАЛЕН
Сиромашен гениј?! Колку контрадикторни зборови. Каде може гениј да биде сиромашен? Зарем со својата интелигенција и логичко размислување би можел еден гениј да нема скршен денар? Не. Богат идиот? Ако добил на лотарија, можно е, не викам не. Ама нема долго да му траат. Како и да е хипотетички кажано, ако морам да бирам, би го одбрала генијот. Бидејки може да заработи толку лесно како што идиотот може да прокоцка. Сепак, претпочитам сама да имам контрола врз мојата финансиска состојба, што уште повеќе го потврдува мојот одговор. Двајца гении, има ли нешто подобро?
Секако Сиромашен гениј. Ако си гениј и имаш одредени интелектуални способности порано или покасно сиромаштијата ќе стане минато. Но, и да останеш сиромашен цел живот ,ако имаш богат дух ќе имаш пријатели и луѓе кои те сакаат и почитуваат, зарем има нешто повредно од тоа?
некој викаат од љубов не се живее,но и ако имаш БОГАТ ИДИОТ тогаш воопшто не се живее,па според мене најпрво е да се има слога а кај што има слога има и БОГА,па дали ке е сиромашен или богат не е битно.Сиромавиот ке печали пари,ама богатиот идиот ако нема карактер никогаш нема да може да го спечали.(сепак мое мислење е ова)
Ако е навистина гениј, тогаш е во состојба да смисли нешто генијално и да стане богат гениј. Али ако е идиот и безвредно ко*иле, тогаш не ми треба па макар и да може да ми купи ѕвезда со моето име
Не ми прави разлика богат или сиромашен, само гениј да е. Ама не таков што ќе седи дома/на Фб несвесен за својот талент, тyкy некој со елан што ќе искочи надвор и ќе ги yновчи квалитетите што ги поседyва. Секој може да си ги промени sвездите.
Би одбрала средина, ама ако морам меѓу овие би рекла дека е неможно да постои сиромашен гениј. Ако е гениј мора да профитира на тоа, но сенс да е сиромаашен.
Дефинитивно сиромашен гениј џабе му е тој што е богат идиот кога ќе ги изгуби парите на идиотски начин