1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Богојавление (Водици)

Дискусија во 'Религија' започната од Ashling, 20 јануари 2011.

  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
    Водици се празнува два дена. Првиот ден 19-ти јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20-ти јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици.
    Денес традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода - река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

    Овој ритуал го симболизира влегуањето на Христос во реката Јордан.
    Во библиската Палестина, на реката Јордан, се слушал гласот на пророкот Св. Јован Крстител, кој ги повикувал луѓето да се покајат за своите гревови и да примат крштение. Ги крштевал луѓето од Ерусалим и од цела Јудеја. И Господ Исус Христос доаѓа при Јована на јорданските води. Тој ја позна величината на Христовата божествена природа и затоа зборува: "Еве го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!". Тој го крштева Христа во р. Јордан.

    Со тоа Христос го потопи прародителскиот грев и гревовите на сите луѓе од постоењето на светот. Штом се крстил, излегол од реката, му се отвориле Небесата и Духот Божји во телесен вид како гулаб се спуштил над Него. Глас од Небесата говорел: "Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја! "Гласот на Отецот е упатен кон Неговиот Син, но поради Него ги повикува сите луѓе од светот да станат синови и ќерки Божји.



    Во погорниот текст е предадено вистинското значење на водици.
    Она што ме загрижува.
    Какви се следниве верници?
    http://www.youtube.com/watch?v=Y4yX875l ... r_embedded
    http://www.youtube.com/watch?v=RcmbZjWffiU
    http://www.youtube.com/watch?v=-lTtxkbf ... r_embedded
    http://www.youtube.com/watch?v=EuvC9GTb ... r_embedded

    Неколку години со ред се случуваат скандали на овој баш голем православен празник.
    И која би била другата поента да го фатат крстот,кога тоа го прават со караници,скандали и мошне нечесно.
    Охрид поготово е познат по вечните скандали за Водици.
    Како тие ГОЛЕМИ верници планираат духовно да се прочистат,кога влегуваат во водата со нечесни намери?
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Богојавление( Водици )

    Ех да е само за Водици...овде јавно срамот го гледаш,пошо е групна активност,инаку ние сме си познати као декларативни верници.
    Баш занимливо...сепак сме само животни,не?!
    Јас се забавував со клиповиве,чисто зошто си потврдувам дека сум у право за многу работи,на повеќе наврати и заради тоа и не се чувствувам изненадена,возменирена,разочарана и не знам уште каква.Не очекувам многу од луѓето.
     
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.606
    Допаѓања:
    250.865
    Пол:
    Женски
    Богојавление( Водици )

    И јас почнав да не очекувам ништо позитивно од луѓето само за да не се разочарувам. Смешкиве на Водици се со години наназад...на почетокот на традицијава во Скопје ми беше смешно кога ќе слушнев дека на човекот што ќе го фати крстот му подаруваат шпорет, фрижидер...сега се модернизирале па синоќа чув премиерот ќе му подарел лап топ :tmi: А во Охрид, или како што сами сакаат да го наречат македонскиот Ерусалим секоја година крстот го фаќаат луѓе од истата тајфа кој подоцна шетаат со крстот по куќите низ Варош и собираат пари. Да е уште посмешно сами ова го раскажуваа во една документарна емисија. А за клуповите од погоре нема што да се коментира, која е поентата да се бориш буквално за да дојдеш до крстот и на излегување луѓето да те исвиркаат???? Го губиме достоинството, а страшно е што секој пат кога ќе си помислиме дека сме го допреле дното сами си се изненадуваме на полошо.
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Богојавление( Водици )

    Работава е „Дај ваму крстот пиии**а ти материна, ќе ти и*ам све по список слушаш? Упс о попе ај за многу години празников.“ И тука следи три пати по ред крстење.

    Ма немам зборови.

    Убав празник, уште луѓето да беа „поубави“ се ќе си беше на место.

    Кога не би било тажно, би било смешно. И баш ко што кажа Лилит, да беше само до Водици, ќе беше арно.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Богојавление( Водици )

    Не присуствував на фрлањето, не гледав ни на ТВ.

    Многу ми е простачки целиот акт, почнувајќи од обичните граѓани кои место тивко да стојат и да набљудуваат- гракаат како гаврани,гледаат дали ги снимаат, се туркаат за да коментираат нешто пред камера; потоа нивното непочитување кон пеењето на попот- еднаш ја имам слушнато репликата: " Попе, абе доста пееш, ајде фрлај крстот, се заледија децата" - и тоа неколку пати на сред пеење, па можете да заклучите која е почитта кон настанот. |(

    А Поповите :x тоа е приказна сама за себе, сите знаеме колку се “хумани“ и “чесни“.


    Така што, кој сака нека оди, нека гледа- мене целата работа ми личи на еден циркуз, каде што однапред се знае некогаш кому ќе му биде фрлен крстот во рака ;)

    Типично Балкански, нели? :)
     
    На FBI, LivingGlam и julie77 им се допаѓа ова.
  6. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Богојавление( Водици )

    Леле,баш сакав денес да отворам ваква тема.Вчера го видов клипчето за тие во Делчево,лудаци бе.ЦЦЦЦ до кај оди народот.Па и луѓето насобрани и застанати одат да гледаат сеир.Уште да навиваа.Смешки.
    Инаку да кажам за празникот Богојавление Водици.Мене ми е еден од поубавите празници во годината.Зошто? Бидејќи татко ми е од село,таму на посебен начин се прославува празникот.Во селото има 9 посебни крста,и во секој крст има кумови(кои даваат вечера), се оди во црква и се е добро организирано.На пример ние живееме во град,но за овој ден одиме во село зошто е посебно,баш се чуствува празнично расположение.Нема фрлање на крст,бидејќи нема река во селото така голема да се фрли крстот.Туку сите нови кумови излегуваат од црквата со крстот на глава и одредена група на деца и полева со вода.До сега немало никаков скандал,па се надевам дека и во иднина нема да има :) .Мене ме интересира дали на ваков сличен начин се празнува празникот во селата од Источна Македонија или како се празнува таму?
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Богојавление( Водици )

    Преубав празник и прекрасна традиција, уништена од некултура и простотилак. :|
    Секоја година се нервираме за истото, и упорно и упорно си продолжува и се повторува (за Охрид зборувам).
    Како може упорно да местат никогаш нема да сфатам, добро не гледаат ли дека се провидни и уништуваат една убава традиција?
    Ако се најде некој Варошанец на форумов убаво би било да видите како тие гледаат на овие местенки.
    Варошаните биле од Господ благословени, нивна е оваа традиција и нема шанси друг да го фати крстот. :lol: Лани само што го фати некој крстот се слуша на микрофон: "Епа шо да ви прам, пак е истиот" :fubar:
    Поповите само грешат во пеењето, дали се предозирани од топла ракија не знам...
    Да не знаеш дали да се смееш или да плачеш. Мафија на секој чекор.

    Сепак уште имам убаво чувство на празников, ја сакам атмосферата и Охрид на тој празник, оваа година задоцнив за фрлањето и ги испуштив местенките, па само уживав во прошетката. Живеам до црква и се’ уште ја чувствувам нерасипаната духовност на празникот на некој начин, ги сакам камбаните што ме будат и пеењето што се слуша цел ден.
     
  8. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Богојавление( Водици )

    Браво за "вернициве" секоја чест. Жално е што се тоа млади луѓе и немаат никакви критериуми, на празник, на ваков свет чин тие се испотепаа за Крстот ко да не се свесни ни каде се, ни зашто се таму... Па и овие магарињава што скокаат во базенот ко да е 15 август а они да се на воен, да ги фатиш сите до еден и да им кажеш убаво. :@ Срамота невидена!!!
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Богојавление( Водици )

    Ливинг,лани се разжестивте по тема Варошани...мајмунлаци тешки слушнав.Боксови мавање под вода,гребење,ко да на водици важи правило од ватерполо да му се плукнам.Се што е под површина на вода-не се суди.А башка тоа попчето да ми ти било поткупено...јас не им го сфаќам меракот со местенки,како му е мирна душата после не знам?!Каков верник е?!
    Или овие копучињава...на едниот пантоланите му ги смкнаа,задникот гол,батето се тепа! :D
     
    На FBI, Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Богојавление( Водици )

    Веќе 3 -4 години по ред не сум присуствувала на Фрлањето на крстот и ништо не сум пропуштила. И така мојот град го покажуваа на сите телевизии, ние сме за пример. :puke: И после лугето ке се декларираат како верници, ова што го прават е срамота и за градот и за црквата и за цела Македонија, јас не сум многу голема верничка но вакви нешта ме иритираат....
    http://www.youtube.com/watch?v=Y4yX875l ... r_embedded
    И да ви кажам јас не паметам некој поштено да го фатил крстот во мојот град.
     
  11. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Богојавление( Водици )

    Neznam kolku ste zapoznaeni vo Ohrid krstot sto go frla popot na edniot kraj e metalen i potonuva vo voda.Za da se fati krstot vo Ohrid treba da ste isklucitelno dobri nurkaci. i nemoj da mi kazete deka podobro ke nurka nekoj sto 20 pati bil na plaza i nekoj sto zivee pokraj voda i znae da pliva od 3 godini.Inaku od drugite naselbi i sela sto se pokraj voda si organiziraat sami ne odat na pristaniste. Toa e mojata teorija i izvinete za kirilicata ama ova morav da go kazam.

    [mod-kirilica:worried:aukee8l][/mod-kirilica:worried:aukee8l]
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Богојавление( Водици )

    Лилит лани беше ептен жестоко, чашата се прели. А за Варошани може цела тема да се отвори, има материјал. :lol:

    Инаку, ми се допадна церемонијата на групно крштевање во Охрид годинава. Не ја гледав во живо, но добра идеја е.

    Едит: еве, се јави Варошанец ^.
    Тие родени се во вода ако не сте знаеле, овие сељаниве доселеници не знаат да пливаат :rofl:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.655
    Пол:
    Женски
    Богојавление( Водици )

    Убав празник беше ова на времето. Не дека не си е убав празникот сам по себе, ама го искомерцијализираа и исполитизираа до таа мера, што сите овие случувања станаа вистинска фарса. Јас сум од Охрид, и паметам дека порано не се правеше толкава фешта околу фрлањето на крстот. Се фрлаше рано наутро, уште во 7 саат, имаше многу повеќе луѓе отколку сега, ама Охриѓани, и да, само Варошани го фаќаа крстот и тогаш, ама пак, немаше вакви скандали и глупости како сега. Барем не паметам. Ама зборувам за периодот пред формирање на друштва за комерцијализација на празникот.

    Ако Варошани си земаат конкретно за привилегија секоја година да го фаќаат крстот, нека им е, ама не е фер спрема оние останатите кои се фрлаат чисто од желба, од мерак да го фатат, да се почувствуваат избрани во тој момент, а не само заради парите или наградите што се добиваат.
    Документарецот „Чистилиште на душата“ на Илија Пиперкоски требаше да открие нешто околу таа „традиција“ на варошката тајфа секоја година да го фаќа крстот, ама за жал, тоа не се случи. Или авторот се исплашил од реперкусии, или само сакал да привлече внимание, не знам... ама можеби требаше да каже нешто повеќе за она што се крие зад кулисите на прославата на Водици во Охрид.

    http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&id=27006

    http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&id=27055

    А за ова во Делчево немам коментар :x
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Богојавление( Водици )

    Неколку години и јас го гледав крстот во Делчево ама за никаде е како и сега оваа на снимката... Никогаш поштено не го фаќаат... Цццц ќе се тепаат за еден крст не ми се јасни тие луѓе
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.655
    Пол:
    Женски
    Богојавление( Водици )


    В раце им го фрла попот на Варошани бидејќи не дочекуваат тој прво да го фрли, па да се фрлат тие. А правило е прво крстот да се фрли, а после да влезат оние што сакаат да го фатат. А крстот што се фрла во Охрид никогаш не бил дрвен, ама последниве години мислам дека таков фрлаат, бидејќи една година се изгуби некаде на дното, па одвај го најдоа. Ако грешам, поправете ме.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Богојавление( Водици )

    Анат се сеќавам на тие денови, беше навистина преубаво доживување да си на пристаниште на овој ден. Сега сите се дотеруваат и фрцкаат од сабајле за да се средени за кафето што ќе го испијат потоа, излегуваат зашто е шема. :tmi:
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Богојавление( Водици )

    Што би рекла една моја другарка од Охрид, во Охрид ни Чак Норис немој да го фатит крстот...од варошани :)
     
    На Strumfeta93, Annath и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Богојавление( Водици )

    Дали крстот во Охрид воопшто се фрли во вода?-.-
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Богојавление( Водици )

    Леле овие од Делчево :x Резили, бруки... Па што друго македонско би имало гледаност на јутјуб 11.000?
    Дури и без зборови останав. Не бев да го гледам фрлањето на крстот никаде, а богами откако ги видов клиповиве и немам зошто да жалам. Прекрасен празник да се претвори во свињарија.
     
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Богојавление( Водици )

    Овие пак од Дедебалци....леле на што личи тоа ??? СРАМОТА !!!
    Порано свечените носии се носеле на Велигден и на Водици, самото тоа треба да ни укаже за значењето на овие два празника. Денеска повеќе ништо нема иста смисла, кога гледам кој се се фрла по крстот :x ....И така во нашата држава се продолжува и продолжува да оди во надолна линија