Богојавление( Водици ) Сите само гледаат да го фатат крстот поради наградите што ќе му ги подарат -.- Јас многу го почитувам овај христијански празник али луѓево стварно се ненормални, крстот ќе го фати оној на кој што му е среќата а не да се тепаат кој да го фати -.-..
Богојавление( Водици ) Редовно го следам фрлањето на крстот во Кичево. Не сум приметила некои инциденти. Можеби ги имало, кој знае. Пишувам на темава за да се пофалам дека годинава сум млада кума во моето село. Чичко ми е стар кум, ние млади. Имаме убава традиција. Порано славевме водици со песна, ора. Но сега не, заради тоа што многу луѓе од селото умреа. И во нивна чест, музика не. Стариот кум дава ручек, потоа се оди на честитање кај младите кумови. И продолжуваме по куќи. Во секоја куќа има поставено на маса по нешто слатко, солено. Многу ми е интересна атмосферата за водици.
Богојавление( Водици ) неможам ни да опишам колкава е среќата кога крстот го фаќа некој од твојата фамилија. братучед ми(син на стрико ми) годинава го фати крстот по 5ти пат,а и јас редовно се капам за Водици. Ја знам и песната и сите адети, кај нас Водици се празнува со 40.000 луѓе
[СДК] Сакам да кажам... Бог се јави !!! -" Ќе дојде време кога луѓето во служба на Бога ќе имаат помалку верба од обичните луѓе " -" Не суди да не ти биде судено ! " ...но сум сепак човек и голем грешник и морам да споменам дека црквите имаат ценовник а луѓето немаат култура. Гледам пренос во живо од Вардар и се срамам што сум дел од така невоспитан народ. Во црква постарите за време на читање на Евангелие си прават меѓу себе муабети, уште да си запишат рецепти. Негодуваат за времетраењето на службата и покрај тоа што има место за седење. Ги бришат иконите со пари, или ги прекрстуваат во полош случај. Младите пак се непристојно облечени. И сите се борат да стигнат до казанот со света вода како во него пари да има, истото и за нафора. Во духот на православието, секому посакувам повеќе трпение оваа година. Секому, па и себеси. Трпението ќе не спаси !
[СДК] Сакам да кажам... Абе македончиња, нели ви е срам ... Од ваков празник ужас знаете да направите. Можевме ли толку алчен и толку безобразен народ да сме ...
[СДК] Сакам да кажам... Сега видов на вести што се дешавало денес кога се фрлал крстот во Вардар, значи стварно сме стока народ! Срамота!
[СДК] Сакам да кажам... http://www.youtube.com/watch?v=vMU0KfzvqZU http://www.novamakedonija.com.mk/DetalN ... tant=29851 мизерии ! да не кажам ( ) не е убаво
[СДК] Сакам да кажам... Неможам да ја најдам снимката , пушти вести и чуди се каде живееме т.е меѓу каков народ живееме...
[СДК] Сакам да кажам... Спојлер Прости им Господи,не знаат што прават... Не секој кој пости е верник,не секој кој скока по крстот верува во Бог....
[СДК] Сакам да кажам... Едвај чекам вечер да излезат сите клипчиња од фрлање на крстот денес. Ама врв ми се оние од Вардар што си зимаат СВЕТЕНА вода... и си подпивнуваат. Фанатици, фанатици евриуеар. Ако барем еден знае што им значи празников, јас ќе се обесам на првата крива круша. Во Штип бе, жена го фатила крстот, мажи се налутиле и и го украле. Е до таму сме!
[СДК] Сакам да кажам... Денес видов колку ,,христијани имало,, благодарение на Скопје. Добро луѓе влегувате во вода заради плазма телевизори,фрижидери или дека навистина сте христијани и сакате да го фатите крстот. Тоа што денес се случи е срамота бре срамота! Свештениците ги замолуваат да се вратат на брегот тие уште стоат. Требаше навистина да го фрлат горе во тоа кај што стоеше предходно,но арно му направи го фрли на другиот крај од реката. Па и тој што го фати нека му е со среќа ама се однесуваше како да победил на натпревар бокс. Буквално така се однесуваше. Ајде догодина на тој што ќе го фати крстот ќе му дадат икона,да ве видам колкумина ќе се фрлат. Па и по правило треба книга,икона да се даде а не телевизори,печки,фрижидери,лап топи,телефони.Така луѓето ги сменуваат на полошо,да станат поалчни. Се разочарав!!!!Се разочарав!!!! Среќен празник Христијани.Бог се јави!
[СДК] Сакам да кажам... Па свештениците биле некој си добри луѓе и пример за чесност и искреност и пропаѓирање на верата и религијата како што треба .. пфф се лажеш (со исклучок на мн мал број што не се истакнуваат јавно може да се каже дека се вистинските свештеници )Се дуго од нив е бизнис,лопужана од луѓе и алчност-и .Секаде има некултурни луѓе но прав верник нема потреба да се истакнува и пропагира нешто што не сигурен дали е точно.Види ги другите клипови и кажи дали се краде крст .. (небитно од каде е ТОЈ ! )
[СДК] Сакам да кажам... сдк Даниел 3 год се фрла по крстот, минатата год прескокна дека не беше тука. не му е за плазма-пошто има плазма дома верувам дека и др год ке скока ако е у Мк
[СДК] Сакам да кажам... Dvolicen ептен ми се бендиса една феминка имаше доле аватар ли се вика незнам Црква НЕ,Бог Да. Целата реченица си кажува се. Јасно ми е се, истото мислење го имам и јас,но неубаво изгледаше од страна на народот. Свештениците убаво ги замолиа но едниот го тушка другиот назад а тој останува напред. За Даниел знам дека и предходно го имал фатено крстот не ми беше за него наменето целиот пост за плазмите само наменето за него ми беше тоа дека така се однесуваше откако го фати крстот,тоа ми сметаше.
[СДК] Сакам да кажам... Овие две видеа се во предност за денес: http://www.youtube.com/watch?v=z_uK3IwxONo http://www.youtube.com/watch?v=vMU0KfzvqZU Ама овa видео нема конкуренција http://www.youtube.com/watch?v=6JxPyEprX8Y
[СДК] Сакам да кажам... Нити пак јас сакав некој да навредам,омаловажам и дадам како лош пример од каде потекнува ...Да, има можеби вистина во тоа што го велиш ,незнам кој е дечкото ,дали го има фатено друг пат крстот итн ..Налив на емоции си го прават своето ,важно е што не направил непромислени работи што се срам-О-ТА за еден христијански празник со големо значење . Ти малце изгенерализира, лошо се изрази а не си мислела така .. (делуваше непријатно ) Во секој случај ,нека се почитува традицијата .Кој сака нека верува во тоа ,нека учевствува и многу пати да успева да го фати крстот (не ни менува ништо ) .Нема правила така да нема ни лутиш и право за осуда . Срамот е тоа што некој ке си го носат како товар цел живот доволна казна им е тоа што ја добиваат за гревовите нивни .