[СДК] Сакам да кажам... Дволичен, а кадее почитта кон луѓето кои дошле да присуствуваат на овој настан ? Засрамота, се срамам од тој народ што се покажа денеска. Никаква почит кон свештените лица и кон сите присутни луѓе. А, тој што го фати, како рикаше, чиниш животно е, а не човек. Врв на дебилизам. Но, и за другите градови се спомнуваат срамни работи, во Охрид по 18 пат го фатил некој од Варош, во Струга пак наместено на човек, во Ново Село Крстот бил насилно одземене па интервенирала полиција. Ова ли се верници ? Или алчни луѓе за малку слава и пари ?
[СДК] Сакам да кажам... Истото би го напишала ова и јас ама ете не ми текнало во моментот. Дволичен се извинувам,не мислев никого да навредам искрено,ниту мислев нешто лошо само се разочарав од однесувањето на народот.
[СДК] Сакам да кажам... Јас имам едно прашање Баш се уклучив на форумов за да видам размислувања од денешните случувања ама просто ме интересира... Што е тоа христијанско во фрлање на крст? Мислам дека е апсурдно да се зборува за религија, кога ова е само традиција и не е поврзана толку јасно со религијата. Дали не сум запознаена доволно, или денес луѓето што влегуваат во вода треба да се крштеваат? Помогнете ми да ја видам целта на овој настан, а да биде поврзана со христијанството, затоа што мене ми нема апсолутно никаква логика крст да се фрла во вода, а само еден од сите тие христијани да биде "среќен" Дали воопшто некој од тие што отишле да го фатат крстот, всушност размислуваат дека и повторно се крштеваат? Стварно не ми е јасно, стварно ве молам да ми укажете на христијанското во оваа традиција
Расчачкав малку и еве на што налетав: Фрлањето на крстот не е христијански Нововоспоставената традиција фрлање на светиот крст во вода на празникот Богојавление воопшто не е во согласност со христијанските традиции и не треба да се прави, вели теологот Јован Таковски, професор по догматика на Богословскиот факултет на МПЦ „Свети Климент Охридски“. Зошто сметате дека ова е спротивно на христијанските канони? - Овој обичај не е христијански, не е православен. Тој е преземен од грчките обичаи, исто како што презедовме и некои други обичаи што воопшто не ни се својствени, како што се палењето бадник или колењето курбан. Ваков обичај се појави во Грција кон крајот на 19 век, во периодот кога Грчката православна црква беше во најголема духовна криза. Оттаму се прошири и кај нас. Имаше обид да се прошири и во Русија, но таму го спречија. Тој воопшто не се практикува во најголемиот дел од православните земји. Се прави само во Грција, кај нас и во поново време во Србија, но пак под грчко влијание. Во другите православни земји се прославува така како што треба, само со светење вода. На Света Гора, на пример, монасите само го спуштат крстот во водата за да ја осветат и ништо повеќе. Во моите проучување на свети Климент Охридски, на пример, никаде не сум нашол дека Богојавление се одбележува со фрлање на крстот. Тој ги повикува верниците да се причестат, да земат света вода, да ја однесат во домовите, но никогаш не му се случило да го фрли крстот во водите на Охридско Езеро. Она што се прави по нашите цркви како празнична служба е во ред, с` до моментот кога се фрла крстот. Значи ли ова дека оние верници што во близина немаат реки и езера, не можат да го прослават празникот како што треба? Дали на ова ги предупредивте владиците од Светиот синод на МПЦ? - На тоа им укажував во повеќе наврати, но одговорот секогаш беше ист: како на народот да му се објасни дека ваквата традиција воопшто не треба да се прави. Ми рекоа, гледаш колку народ се собира на бреговите на реките. Оттогаш, не е ништо сменето и празнувањето оди по старо. Имате ли чувство дека ова прослава на извесен начин се комерцијализира, дека се делат подароци, поради кои се случуваат и тепачки меѓу верниците? - Да. Факт е дека чинот на фрлањето на светот крст во водите е искомерцијализиран. Со тоа добива димензии што ја надминуваат суштината на празникот. Се добива впечаток како добивањето фрижидер или шпорет да е најголем мотив за фаќањето на крстот. Ја слушнав изјавата на едно момче што го фати крстот и рече дека е добар „христијанин“. Замислете, не знае ни зборот христијанин правилно да го искаже. Има многу трагикомични ситуации при ваквото празнување. Едноставно, не можам да го одобрам тоа. Затоа и никогаш досега не сум отишол на Камениот мост во Скопје да го гледам фрлањето. Повелете линк од целото интервју http://www.dnevnik.mk/?ItemID=1AFEEB9EE ... 05FFF401F5
како се викаше тој што го фати во Скопје крстот дончевски ама името како му беше ? ми треба за лична работа ако можи да ми кажете
Мислам дека беше Даниел. Видов што се случуваше во Скопје, но во Штип и го украдоа крстот на девојката која го фати . Значи каков се народ постои.
Многу некултура покажана спрема жената од Штип чинам дека беше...но ова во продолжение ме изнасмеа http://www.youtube.com/watch?v=cW6MGrRh8Wk
Излезете од водата или ќе пристапиме кон кажување на вашата мајка Кажаа дека од наредната година нема да има награди, Црквата така одлучи, па белки ќе се стави крај на овој циркус. Не знам. Порано им се смеев на Србите и Бугарите (заради турбофолкот), ама ова испадна денес да ти е срам од сопственото државјанство, стварно не знам во Македонија кога и како се појавија овие сељачишта потешки од тие оригиналите у соседството. Инаку овој обичај постои и во други источноевропски држави па не гледам никаде да се искомерцијализирала целата работа. А не дека сум верник па местото да ми е во оваа тема, ама вестите порано или подоцна се шират и надвор од државата и ова е брука. Ништо чудно што никој во светот не не сфаќа сериозно. Сељаци на Вардар се тепаат за плазма или што и да беше наградата, сељаци по социјалните мрежи се попалија по кумата со многу шминка и добри финансии... Тоа е.
Го гледав преносот од Скопје и што да видам.Свештеникот им вика одете назад да го фрлиме крстот, овие стојат како дебили.Едно десет пати им рече.Не требаше да го фрлат воопшто.Значи стока народ има и крај.Во Охридон пак мислиш светот ќе пропадне светот ако некој од Варош не го фати крстот, немој некој сељак случајно да го земе.Пу да ти се плукнам на простотилакот.
Бруки живи!!! Мило ми е што никогаш во живо не сум присуствувала на вакви дешавки. Муслиманите ги ценам што не прават вакви циркуси и никогаш јавно не го омаловажуваат зборот на свештеното лице. За срам! Aма и наградите им се грешка според мене. Кога тоа што од толку луѓе некој ќе биде среќен да го фати крстот ќе биде единствена и сосем доволна награда и циркусиве од недоволно духовниве луѓе ќе бидат помалку на број. Однесувањето кон нашиот голем поглавар и тоа во јавност беше без преседан.
Никаква култура немаме, за срамота беше тоа што се случи на Вардар вчера. Македонче и од авион се познава, како овци сме, треба да не врзат за да застанеме кај што треба, Бруки!!!
Мислам дека наградите како бела техника, мобилни телефони, лап-топ компјутери и др. не се толку пресудни за ваквото дивјачко однесување на дел од скокачите по крстовите. Сепак, ако некој сака да си се промовира себе си, својот статус или својата фирма или општина со подарување на вакви награди, подобро и поуспешно ќе го направи тоа ако LCD телевизорот, климата, фрижидерот, компјутерот,... ги даде во некој дом за деца без родители, болница, градинка и сл.Има милион подобри места каде оваа роба може да заврши, во споредба со домот на некој празноглавец кој во име на Водици е спремен да искрши нечиј нос, рака, да исчаши нечиј зглоб, па дури и да удави некој само да стигне до крстот. Го гледав фрлањето на крстот во Скопје и ќе кажам браво за дел од скокачите кои беа разбрани и се повлекоа на кејот, а секоја чест за оние кои не ни влегоа во водата додека свештениците уште читаа. Тие се најголемите и вистинските победници (ако има такво нешто на овој настан). Примитивизмот на поединци треба да се бара во нешто друго, за кое и црквата сноси одредена вина. Црквата преку своите свештеници не врши никаква улога на верска едукација, советување, никакво заштитничко наметнување над своите верници, дури тешко ги наметнува како приоритети многу од начелата на православното христијанство. Секогаш кога попот доаѓа дома да ни крсти вода за слава или за празник, задишан од брзање само набрзинка чита молитва, зема пари и излегува. Никогаш не прашува дали треба некоја духовна помош, поддршка, било каков совет, не мачи ли нешто, дури нема можност за најобичен разговор. Најголем виновник за се ова е државата која е директно виновна за неписменоста на луѓето, за тоа што не прави ништо за будење на нивната свест, култура, а највеќе подобрување на социјалниот статус. А христијанството ти се гади? Не генерализирај! Секаде има црни овци. Особено кај нив е калабалак, ама не е тема за тоа.
Каде реков дека Христијанството ми се гади? Дали ти личи да извртуваш зборови? Реков дека однесувањето на поединци како од примерон ме нервира. Напротив, си го сакам Христијанството и баш поради тоа сум тажна кога јавно се дозволува непочитување кон црквата и/или свештените лица. Ги споменав Муслиманите затоа што не сум слушнала ни на телевизија ни никаде јавно да се омаловажи нивното свештено лице. Тоа е за почит. Дома секој може да си мисли што си сака или евентуално пред помало друштво, но се знае во присуство на духовно лице од религијата кон која се декларираме дека припаѓаме како треба да се однесуваме.
Незнам зошто сите се преокупиравте со клипов,мене воопшто не ми е смешен, напротив најнормален од сите досега. Човекот си викнал поп,да ја освети водата, нема никакви награди, си се капи за здравје. Во Охрид мене ми е далеку посмешно фрлањето на крстот, бидејќи да, таков народ сме. Кај нас фрлањето на крстот значи натпревар, барем оние што се фрлаат специјално за да го фатат. И не се децата криви, МПЦ е крива што дозволи разоразни дарувања од државни функционери, кумови, градоначалници и што ли уште не. Па и мене да ми го фрлат мечето Ушко во Вардар и да ми речат за најсреќниот фаќач следува ТВ, 10 000 денари парична награда и јас ќе скокам. Сума сумарум, скормните верници си се капат настрана за здравје, веќе кога го упропастија значењето на крстот како симбол на христијанството, останатите што се тепаат по него им треба домашна и општа култура. И искрено,искрено се надевам дека г.г. Стефан ќе си го одржи зборот за другата година, пошо од голем христијански празник се прави калакурница. Крстот и поклон икона за фаќачот на крстот. Ајде тогаш да ве видам.
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... y-6gFilJYY За споредба - прославување на Водици во Русија
Баш така. Ама и икона им е многу. Без награди. А крстот нека го предаде догодина на следниот победник. Пошо се знае нашено, кал да е гагарија да е... Инаку не забележав дека го исмевале човекот од клипот погоре шо го цитираше. Ама ете... no comment. Инаку браво за Русиве. Кога е во прашање верата, често ме воодушевуваат.
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=4 ... 64E0E0D758 Попот ќе се удавел. Тоа ако не е знак не знам што е. Мене уште ми стои во сеќавање едно клипче кога попот место крстот го брцна микрофонот во светата вода и ќе го фрлаше во реката. Треба да престанат со овие награди и глупости, се знае зошто се фрлаат по крстот, се изместија сите вредности веќе. Па затоа и вакви циркуси ќе гледаме.
Не знам дали имате приметено ама во помалите места има жени, кои држат икони и стојат до поповите кога го фрлаат крстот. Значи обични жени, што немаат никаква врска со црквата. Додека беше жива мајкаи на нина ми, таа секоја година ја носеше иконата, а откако почина, нина ми ја презеде улогата. Малку ми е чудно. Да не знае некој зошто и каков е тој обичај или што и да е?