тоа во скопје пеше срамота стварно,од други земји амбасадори гледаат срамота бе за никаде се ... прво попот води инат си мумла си пее два саати смрзнааа лугево после овие инат водат не искачаат,па попот овој им вика ако не искочите ке не го фрлам крстот леле да бев таму као ке го бутнев у тоа ладното.. важно он се наооблекол убаво да не му студи ,како не отидов да го бутнам незнам Спојлер само ке се излиеше вардар од коритити, машала попот наш многу пази на линијата гледам ...
Е од такви како тебе, со такво мислење за нашата православна црква и нашето свештенство и се случи оној инцидент. После ни` е Цацко крив што не ни` ја признаваат црквата. Па како што одредени поединци од нас (кои се многу на број) што не си ја почитуваат, ако не како симбол на нивната вера, храм-одличје на традицијата на нивната земја, не знам после шо се вреѓаме кога не ни` признаваат ни народ, ни земја, ни црква, ни ништо некои други. Не се дојдени на ред, треба ние сите да го почитуваме и признаеме она што ни` е наследено. Ако веќе се служите со ниски зборови, лоши зборови кон духовниците и чувствувате толкава огорченост кон духовници и припадници кон одредена религија, барем не ни` ја кварите категоријата која е света и од која треба да излегуваат зборови на милост, љубов, добрина и надеж. За исфрлање на такви емоции и зборови постојат други теми на форумов, пр. „Испукај се“. Само не заборавајте на цензурата (користете ѕвездички *)
Епа вака ,навистина не беше „вкусно“ тоа што го направи Владиката,ама и овие луѓето претераа. Јас многу се нервирам кога некој ќе се фрла по КРСТОТ само по наградите!А тоа се осеќа кога се „тепаат“ за него иако го имаат фатено веќе еднаш, ДА не велам НЕ фрлете се пак ама не мора да го ватите по повеќе пати,еднаш доста е. Треба на секој да му се пружи по една шанса така не е? Водици после Божиќ,Велигден Коледе(Бадник) ми е најубавиот верски празник. Го сакам бидејќи го поминувам во домашна атмосфера и од кај баба и дедо ми. Понекогаш Св. Димитрија одмине да видиме кај кој ќе го фати крстот,ама ако тато е дома,а обично е на работа
Гледав и други видеа за Водици од разни градови и села, кој од кој попримитивни. Буквално да ти се . Кое почитување скокачите го имаат кон свештените лица (без разлика кои се и какви се) и кон посетителите на тој настан? Никакво. Се брукаат самите себе, своите семејства и сите нас како народ и држава. Врв на примитивизам и некултура. Урлаат, местат на кому да се падне, се пцијат меѓусебно, прскаат по луѓето со вода, рикаат ко животни, изведуваат дебилизам..итн...тоа ли се верници ??? Јас лично се осеќав како да присуствувам на циркуз, а не како на некој свечен чин. И сето ова поради Исус... А, се прашал некој што вели Исус кога го гледа сето тоа ? Сигурно не е многу воодушевен. Пс. И да прашам нешто, каде беа родителите на тие деца. Се гордееа со нив ? Што !?
Искрено незнам како ќе биде оваа година во Скопје,се надевам нема да се повтори она од лани. За во Охрид касно станав не видов,ама колку што слушнав на тв пак имало нешто слично. Мило ми е што ги намалија подароците,всушност од секогаш сум се прашувала зошто се потребни сите тие подароци,на оној кој е вистински верник и кој од правилна причина се фрла по крстот сосема доволно е да добие нешто од такво значење.
АЈ ве замолувам тие што знаете да ми кажете, денес се капи или не? Едни велат да едни не..Па реков да прашам за да знам
http://www.ohridnews.com/vesti/79437 Ова видео повеќе од доволно кажува за крајната некултура на народов. Овие скокачи верници се прават ??? Срам и брука се ! Се чудам како попот им го фрли Крстот ? Подобро да ги оставеше така. За Охрид исто. Циркуз во живо.
Во случај да не сте знаеле: Фрлањето на крстот не е христијански - интервију со свештеникот Јован Таковски, правславен теолог.
а зимањето на пари во црква е христијански?Море лопурди,ни ја претворија религијата во пари,ако немаш пари неможеш во црква да влезеш од такви арамии.
Секако дека не е. Но тоа не ја намалува вистинитоста на кажаното: фрлањето крстот во вода не е христијански.
Преубав ми е празникот, многу му се радувам и одвај чекам да дојдее ама брзо поминуваа, во селото од каде што потекнувам се слави со музика, ора, свирки и топла ракија има кумови кои го преземаат крстот секоја година... се е едно радосно и преубаво чувство
Што мислиш колку од присутните знаат за што се слави овој празник? На трезните мислам тука, пијаните не ги ни брои пошто и да ги прашаш, ќе се збунат од прашањето
Па ти изгледа само за тие знаеш и само такви си запознал... Како демек вие сите протестанти одлично си ја знаете религијата, се кладам дека ако се прави анкета дека 60% и повеќе од протестантите врска немаат што е Христијанство..