Читајте и ролајте се од смеење http://off.net.mk/lokalno/razno/nema-sila-koja-vodite-na-vardar-makar-na-den-kje-gi-napravi-sveti
Не останал рамнодушен оној кој во периодот на празникот водици се затекнал во некое од мијачките села. Секој ден од празнувањето е пропратен со различни настани кои ги зближуваат присутните и им допринесуваат да понесат дел од таа прекрасна атмосфера во своите срца оставајки ги да мечтаат до следната година за ново видување(пулење). После Галичката свадба во лето, во зимскиот период покрај убавината на крчин и стогово под зимска обвивка причина плус е да ги посетите Мијачките села крај река и да уживате во благодетите на традиционално празнување на Водици. Одржувањето и почитувањето на сите обичаи, кои се одвиваат според непишано но однапред предвидено сценарио, се практикуваат со векови. Битушани се особено горди на тоа што успеале да ги задржат изворните форми на празнувањето без притоа миграцијата да има влијание на нив. Во монографијата, низ 11 поглавја, е проследено празнувањето на Богојавление преку специфичната битушка традиција, која е компарирана со обредите карактеристични за одделни делови на западна Македонија - вели Арсоска http://www.novamakedonija.com.mk/Ne...НЕСКО&id=e884f800-ba09-4538-9a5f-244e12e74d09
Кога би ни се јавила некоја многу важна личност, претседател или премиер на некоја држава или некој познат глумец, музичар, спортист и ние кажеме на друштвото за тоа, секој ќе не праша а зошто ти се јави? Што ти кажа? Многу нормално дека нема муабетот да остане само на тоа дека ни се јавил и како јако ѕвонел телефонот при повикот. Слично е и со Божјото јавување. Еве што проговорил Бог при јавувањето на Водици: „ И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!”“ (ев. Матеј 3:17, Библијата) Бог се јавил и на гората на преобрежението (празникот Преобрежение) и изговорил слични зборови, малку надополнети: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината; слушајте Го Него!“ (ев. Матеј 17:5, Библијата) Така што ако сакаме да имаме ронка полза од овој празник и од овие честитања, треба да му бидеме послушни на Исус. У спротивно џабе „за многу години напомош, вистина се јави, здравје, бериќет итн“.
Не сакам да коментирам за друго, ама бидејќи деталите отсекогаш ми паѓале во очи: не е Преобрежение, туку Преображение. Господ наш Христос не се преобрежа, туку се преобрази. Бог се јави, за многу години празникот!
Не мора да каже нешто иако да добредојден неговиот исказ. Поентата на празникот е дека духовното-Божје чедо се манифестира материјално при крстењето во реката Јордан. Поентата на овој празник е духовноста што ја носиме да ја покажуваме со дела во постоечкиот свет,во материјата секојдневно. Не само лицемерно за многу години а додека го кажуваш тоа му завидуваш или мислиш лошо на тој што му велиш. Ако немаш ништо добро во себе си поарно молчи или очисти ја душата до степен да делиш добрини секојдневно. Сепак се е личен избор и лично видување.
Ги читав коментариве ама нема ништо за ова што ме интересира, па ќе прашам. Ме интересира традицијата за Водици со кумовите и одењето во село. Не знам дали е ова повеќе карактеристично за одреден крај во државава или го има насекаде. Се збираат во некое село и таму кумовите даваат ручек, вечера, но ме интересира повеќе околу тоа и што точно се прави. Бидејќи не сум дел од таа традиција, не одам на такви собири. Како се одредува кој е кум? Во селото нема фрлање крст, каде би го фрлале? Гледам со врзувањето на крстот се оставаат и пари, кумот ги остава тие пари или и луѓето?