... jas sum bog osamenata... I vide taa deka ve4nosta e zdodevna i resi da si najde zabava. na po4etokot sozdade TAA nebesa i zemja. a zemjata bese pusta i prazna i temnina ja pokrivase bezdnata i duhot nejzin se dvizese nad vodata.i TAA re4e; "neka bide svetlina" i bi svetlina i bi den bi nok DEN PRVI. i go oddeli bog svodot od zemjata i zemjata od vodata. i vide Taa deka e dobro i bi den bi nok DEN VTORI. i sozdade taa na zemjata rastenija koi ke rasnat. i stavi seme vo niv. I bi den bi nok DEN TRETI. potoa re4e TAA: " da se pojavat svetila na nebesniot svod za da im go delat deot od nokta, da bidat znaci na vreminjata" i vide TAA deka e dobro i ja nare4e svetlinata den a temninata nok. i vi den bi nok DEN 4ETVRTI. i pusti bog od sebe zivi sustestva na zemjata. gi sozdade ribite vo vodata, pticite na neboto i zivotnite na zemjata. i gi blagoslovi TAA: " razmnozuvajte se, napolnete gi vodite vo morinjata, naselete ja zemjata..." i vide bog deka e dobro I bi den bi nok DEN PETTI. bidejki TAA bese zaljubena vo sebe, bese narcis re4e: "da sozdademe 4ovek spored nasiot lik" i zede kal i ja napravi zenata. i vi vdahna dusa vo NOSOT, ZENATA OZIVEJA. i vide TAA deka ZENATA e dobra i bi den bi nok den SESTI. na sedmiot den TAA zapali cigara i go gledase svoeto delo, no vide deka zenata e mnogu nezna i mnogu se ma4i, ta zede REBRO od nejzinite REBRA i go napravi mazot, posilen a pomalku umen. i i re4e bog na ZENATA: " da go koristis samo za da ti pomaga okolu teskite fizi4ki raboti i da se razmnozuvas" i g blagoslovi: " da odmaras sest dena vo nedelata a na sedmiot da mu pomognes na mazot tvoj" i zamina TAA na godisen odmor. vremeto minuvase, rabotite se menuvaa. mazot ja zloupotrebi svojata fizi4ka mok i ja maltertirase ZENATA ta zavladea so nea. se drugo odese vo sovrsen red, kaj pingvinite zenkite gi nesea jajcata i pak zaminuvaa ostavajki gi mazjacite da se grizat za decata, kukavicata gi nesese svoite jajca vo tugi gnezda, bogomilkata go jadese svojot partner otkako ke ja oplodese, samo zenata nemozese da izleze na kraj so mazot. zavrsi godisniot odmor, TAA se vrati. koga vide bog sto se slu4ilo i se obrati na ZENATA: " sto napravi zeno??? o4ekuvav poveke od tebe. kako mu dozvoli na ovaa sustestvo da zavladee so tebe??" i crni oblaci go pokrija neboto. I TAA zgrme: " od od adam do moisej, od noe do juda, od aristotel do da vin4i, od od elvis prisli do paulo koeljo, se do barak obama ke bides gazena od mazot... po kazna sama ke se boris za svoite prava, bez moja pomos, se dodeka ne dojdes do toa sto bese tvoe na po4etokot." ja zede TAA svojata nova VERSA4I jakna i zamina zasekogas... [mod-kirilica:1bkycccx][/mod-kirilica:1bkycccx]
Се извинувам, што е ова на кое одвоив драгоцено време да го прочитам? Не е напишано од тебе, така? Барем мислам така, зашто останатите мислења ти се напишани на кирилица. Ако ова не е твој текст, безразлика дали ти се допаѓа или не, треба да наведеш од каде е превземан.
Бог не постои, бог е само замисла со една цел -оправдување и разбирање на работи која нашата психа, свест што било, со својата ограниченост не може да ги разбере. Да не коментирам дека не верувам ни во полот на оваа замисла. Постои некоја боженствена енергија, бран кој осцилира постојано, секаде околу нас, ама тој нема вагина. Крај на пркаската. Бог, Господ е се, само не фигура налик на Ѓорѓи Колозов. Се додека се залагате за ваков тип на феминизам, као демек поврзан со најдоминантната религија, пиши пропало на рамноправноста. Лена, for God's sake, те молам, нафино те молам, без 43твор4иња бидејќи ова е форум, не мирц.
Приказнава е недовршена. Каде замина засекогаш? Умре или во друга земја замина? И не е фер. Господ да имала верса4и јакна, а јас со јакна од 600 денари да фурам.
ЛенаФ, благодарам многу, што ја осветли темата религија со твоето по4итувано присуство и не‘ избави од мракот на на6ето незнаење, ама доволно е, не‘ ни помагај повеќе, многу ќе нау4име, аман. Значи првиот ма6ки примерок на 4овек ти бил Верса4И и бил ли4ен креатор на Креаторката која била партигрл и пу6а4ка, ммм... А, ти пророк си ?! Блес(к)авост на нивоУ, недостапно за оби4ните смртници!!!
А што демек не може да биде? Доста со тој шовинизам, не беше работата за Бог што те цитирав, туку што тоа го правиш невозможна мисија, жена е недостојна да биде Бог? И зошто мислиш дека Бог е маж, дека си го видел на слика на тајната вечера? Можеби Бог има пол, можеби и тој е една душа како што сме сите ние но ја доживеала својата нирвана и сега е нашиот водич, можеби...постојат многу можеби, секој може да се потпре на едно од тие-можеби, но немој и тука да шириш шовинизам, колку малку треба да напишеш а да делуваш дискриминаторски. А мислењето на ЛенаФ откако ги прочитав првите две реченици, сфатив дека не вреди да читам понатаму а не па да коментирам било што и да го копирала не знам која и била намерата, да биде интересна?
Бог е СЕ ! Не е жена не е маж.Се насмеав зошто првпат сретнав реченица во стилот на-бог е жена,а не дека сум шовинист. За болдираново-жена е недостојна за да биде бог?
Не може да биде ни во форма на жена ни во форма на маж ... Ако веќе постои јас лично не верувам во Бог
Попрво мислев дека ќе биде избришана темава отколку моето мислење, ама нема врска . За да биде ова тема, треба да биде започната со некој факт, со некое издржано тврдење, доказ или статија, па макар била и приказна, видео запис или слика која докажува дека бог е жена па макар и свое убедување поради нешто. Целата дискусија има погрешен почеток, не велам дека не треба да се изнесуваат ставови, но со соодветен почеток кој има јасна намера. Ајде, овој пат помина нареден пат биди по јасен. Еве да ти реплицирам-Зошто е страшно Бог да биде жена? Ако не си го сретнал тоа до сега никаде, не значи дека не може да биде. И што ти значи тоа Бог е СЕ? Мислиш на тоа-Бог е секоја тревка, Бог е во секое растение, Бог е секој човек, животно, воздухот кој што го дишеме? Општо до сите-Потребен е многу по конкретен одговор од овој, зашто тоа е мистерија која допрва ја откриваме. Веруваш дека Бог е СЕ, а сепак не си сигурен дека тоа е така, одењето во црква не е доказ дека знаеш што е Бог, молитвата пак не те прави сигурен, религијата не го објаснува Бог во вистинско светло. Зошто тогаш сите мислиме дека го знаеме Бог? Кој е тој? Некој пред кого треба да имаме стравопочит? (не прави она, не прави ова, пости, не убивај) Тоа иако изгледаат како негови наредби кои треба да се почитуваат со доза на страв од казна, всушност се однапред поставени правила кои ние како заедница на луѓе треба да ги почитуваме за да поставиме ред на земјата. Значи сето тоа што произлегува од религиите не се различни учења и сфаќања на светот туку едни исти правила за ред, да не би постоеле религиите за да не држат заедно, животов на земјата би изгубил смисла. Бог е СЕ. Тој го праќа Исус, Буда, Кришна, Алах да воспостават ред за да не се истребиме меѓусебно. Но кој е Бог? Ако се`настанало од него, па мора и тој некако да настанал, која е неговата животна сторија? Некако ми изгледа слепо и еднострано верувањето без објаснување - Бог е нашиот создател. Можеби и е, но за да е , треба да биде по напреден од нај интелигентниот човек и од нај интелигентната машина. Тоа не води да се замислиме дека можеби Бог е посовршен од било што и од било кого. Еве на пример да земеме став дека Бог е СЕ. Ако е СЕ и ако тој е нашиот создател и водич, зар не треба тој да има облик како човекот и род како скоро целиот животински свет. Како тоа да не е ниту маж, ниту жена? Е што е де? И мене ме фасцинираат многу религиски приказни и до некаде верувам дека се вистинити, особено уживам кога ќе читам стории од нашата пријателка од форумов Серафима. Не знам од каде и се, но навистина опуштаат. Но секоја таква приказна ме води да размислувам како е тоа можно и си го поврзувам со други теории за светот кои тука би биле оф топик. И највеќе заради тоа му реплицирав на Шмекер,ако е страшно тврдењето дека Бог е жена, нека објасни зошто е маж, или зошто е СЕ, и зошто да не може да биде жена?
Интелегентно размислуваш... Никој не рече дека е страшно да биде "жена",па дали сме го сретнале или не тоа кко поим негде. Бог е Се значи-Бог е создадател ! Го создал универзумот,а тоа не е мала работа Види јја емисијава кога ќе можеш http://www.youtube.com/watch?v=7_2Ts0JpB-M Не е Бог секое растение или тревка,туку секое растение или тревка е дел од него-тоа ми е поентата.Ние,заедно со планетава сме многу мали,тоа ќе ти стане јасно откога ќе ја изгледаш емисијава,и може тогаш човек да добие некоја стравопочит кон тоа,колку многу сме ние само еден мал дел."Е што е де?" Е мора ли да е нешто? Не нам шо е,али не мора ни ние да се мачиме да го растумачиме во некаков облик оти ќе ни биде полесно-затоа викам,Бог е се! позз
Кога ја видов темава си реков,ех како не Бог е жена,не може некој толку ранлив да биде Бог. Ама моето мислење за Бог е дека Бог е дух.И маж и жена.И воздух и се.Дека Бог е насекаде.И во нас.
Бог е и маж и жена. Зашто од една страна бог мора да го создаде жена или мајкта природа ,но бог во христијанството ја оплодува Богородица и таа го раѓа исус така да во овој случај е маж. Вака малце логички според мене.
Се прашувам дали тој што го напишал и верува во ова, е воопшто и правилен христијански верник? Нити го прочитав воведот нити планирам, не сакам моето драгоцено време да го трошам на пагански работи! Најстарата книга е Библијата, дали некој што ја прочитал, сретнал ваква работа? Дај ве молам не си ги валкајте мислите...уште малце ќе го направите транвестит...срамота!
Е ако бог е жена не се сомневам дека ќе има крај на свет Ма дај не се зае*авајте и не замарајте со глупости.... Какви жени какви глупости.. Си знајме кој ни е бог,оние што си веруваме во него.А оние кои не веруваат,па веруваат дека бог е жена,тогаш и магарето нека им биди бог :geek:
Во божественото откровение „Неперсонален и персонален Бог - човековото ограничено сфаќање и представа за бога.„ дознаваме дека Божјиот Дух ги содржи во себе и машкиот и женскиот принцип. Но како манифестирана форма во Небесата се јавува како Бог-Отец. * * * * * Интересено е ова околу називот Богородица... зарем на Бог му е потребно некој да го роди? Дали тоа значи дека всушност постои бог и божица? Но тоа тогаш е спротивно на она пророкот Мојсеј го пренел како објава во Десетте заповеди, спротивно би било и на она што Исус од Назарет го подучувал дека има само еден Бог, Отецот кој е на Небото. Библијата не е најстара книга. Дел од хиндуистичките свети списи, како и вавилонските, египетските се далеку постари. Во хиндузимот инаку постои сфаќања дека во одредени времиња Бог (според логиката дека на Бог ништо не му е невозможно) се појавувал и како жена која се борела со демонските кралеви.
Зошто не веруваш, Бог е еден и тој постои, а ти не веруваш бидејки не го гледаш хехе, тоа го викаат сите атеисти хехе, јас не можам да сфатам како човек не верува во Господ.