1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бог е жена

Дискусија во 'Религија' започната од LennaF, 12 јануари 2012.

  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Не мислам јас ништо,прочитав во Библијата дека ѓаволот е жена,па сега ти види :!: .
    Сериозно го сфаќам зошто сум се уверила во тоа дека ѓаволот е жена,но тоа незначи дека го напаѓам женскиот род,било кого може да биде нејзина мета,сеедно маж или жена :emo:[/quote]

    Со оглед на тоа кога Библијата била пишувана во кое време , логично е да се зборат вакви работи за самиот женски род. Па ај врати се во историјата и сети се кога жените за прв пат добија право на се. Кога почнаа да бидат почитувани. :!:

    И незнам како можеш така Библијата пребуквално да ја сфаќаш а посебно да веруваш дека Сатана ја создал жената ...

    А ако вистински верувате во Бог,. ке сфатите дека не е ништо друго ами една Енергија, зашо инаку некој би го видел како изгледа ... Затоа и си стојам на страна од овие вакви верувања.
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Wildcherry,не сме разбрале .Таман работа ,да верувам дека Сатаната не создала нас жените,треба да ми фали нешто со мозочето бре :fubar: .
    Само реков дека верувам во Библијата и во Бог,тоа што го прочитав за Сатаната го верувам ,и таа е наш најголем непријател.
    Некој претходно ме праша која Библија ја читам,е таа со кафеавите кориците каде што пишува БИБЛИЈА-СВЕТОТО ПИСМО,мислам дека повеќето верници ја имаат прочитано.
    Во тоа јас си верувам ,ДА,и никого не напаѓам ако не верува исто како мене или има поинакво мислење :!:
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Според објавите од Духот Божји за денешницата, Бог во себе ја содржи и машката и женската енергија, па уште може да се нарече и Отец-Мајка Бог. Но Бог нема физичко тело, па оттаму и нема полови органи за да можеме да го окарактеризираме како машко или женско во човечка смисла.
    Или со зборовите на современата физика би можело да се каже дека Бог во хармонија го содржи во себе плус и минус полот, позитивот и негативот - значи, не во смисла на добро-лошо, туку во смисла на пр. како што е кај батеријата + и -
    Бог има нелична природа(Светио Дух - сèприсутниот струечки етер) и лична т.е. манифестирана природа која чистите небесни битија во Небесата ја доживуваат како Бог-Татко.

    Ако бидам во можност , подоцна ќе пренесам извадок од некои Христови објави примени низ пророчицата Божја на оваа тема.
     
    На karenin и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Никој не го има видено за да знае што е.
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Добра поента но сепак има такви жени и мажи кои имаат видено. Пророците лице в лице ги гледале тие нешта, затоа можеле да кажат за тие и други работи. Друга работа е дали ние ќе одбереме да веруваме во тоа што го пренесуваат како искуство или не.
     
  6. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    Па што знам...
    Можеби и е, не верувам баш дека мажот е способен да создаде ваква хармонија и рамномерност во светот :D... Е сега што е испопуларизирана идејата за тоа дека Бог е маж тоа е друго... Исус нели кога се моли пред да биде предаден вели Татко поштеди ме (како и да беше точно, знаете нели вечерта во гората таму) или на крстот кога е распнат, Татко зошто ме остави?
    Ама никој не бил не видел и не чул за да каже која е вистината :)
     
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Смешни ми сте искрено кога ќе речете Бог НЕ постои. Тоа е ваше размислување и не мора да се наметнува, само затоа што некој така мисли.
    А ова Бог е жена, е жими се по глупаво нешто амин :D
    И за полот на Бог ќе се расправало бре бре.. смешки вистина :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Оваа глупост ја грди под-категоријава. Очигледно е некоја зафрканција, па подобро би било да се префрли во Насмевка.

    Не заради насловот :!: . Целиот текст во целост. Повеќе ми личи на мајтап од содржина до како е напишан ,отколку на текст кој треба да стои во Религија.
     
    На tinan, hermosa и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  9. The.king

    The.king Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    138
    токму така го нема никој видено но постојат луѓе кои го истражувале тоа ама не верувам дека е жена
     
  10. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Зошто?

    Според мојот концепт за бог се уклапа.
    Ментална перцепција на бог како старец со брада е ....... за во сликовница.
    Меѓудругото, да, бог е и жена.
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Зборев за целиот „ја зеде својата верса4И јакна и замина засекогаш“ пост. :D
    Да се имаше од малце посериозен аспект разгледано темава, немаше да имам ништо против.
    Инаку ни јас не си го замислувам Бог како стар дедо со бела брада. Никако не го замислувам, а според тоа што го пишува Библијата и не би требало.
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    Во право е тесси најглупа тема во категоријава.

    Зар не не учеа дека не треба да си правиме слика на Господ од кај излезе сега ова ...
    Мислам како највеча феминистка у маало сакам да е така, ама не е...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Бог, за мене е се што се наоѓа околу мене. И јас верувам дека тука не се работи за боја на кожа, пол, години, националност. Тоа се слабости доделени на луѓето.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Се прашувам колку од вас ја имаат прочитано библијата? :?: 3? 4?

    успат, појма немате ;)
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Бог за мене не е ни жена ни маж. Бог нема човечки лик, ни лик на животно, ни на фикус.
    Бог нема лик.
    Нема ни очи, ни уши, а се‘ гледа и се‘ слуша.

    Бог е сеприсутна енергија која во секој еден момент зазема лик на се‘ што постои.
     
    На tessie и Jenniffer им се допаѓа ова.
  16. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    А не е ли исто толку смешно кога некој рече Бог ПОСТОИ ? Ако одиме по таа логика. :?: Или ова мислење е наметнато одамна и е вкоренето па е вистина под дифолт. А инаку се согласувам со твоето мислење половично, значи и да е жена и да е маж, и да постои или не, никој не може тоа да го тврди, може да претпостави и може да верува.

    Не е ли тоа целта на целата религија, верата. И што е важно како го/ја замислуваш ти, се додека веруваш во нешто. Колку да не настани хаос, нели, мора да се верува во нешто помоќно од самиот себе, во казна, во награда, во љубов. :?:

    Јас барем така мислам. ;)
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Бог не е човек па за да биде маж или жена. Бог не е суштество. Бог е НЕШТО што владее над се и што создал се. Јас мислам дека постои но не според библијата. Успат, никој никогаш не кажал дека бог е маж. Самите се потценуваме со темава. Бог може да биде и тоа. :!:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    А колку од вас ги прочитале списите на другите религии? ;) Не е само библијата... На пример во Бхагавата Пурана, еден од светите хиндуистички епови - познат и под насловот Шримад Бхагаватам, пишува дека Бог е семоќен па ако сака може да се појави во било каков облик.

    Така во 8.пеење на овој древен спис раскажана е случка каде Бог се појавува како Мохини-мурти, преубава жена која ја спасува напивката на бесмртноста од рацете на демоните кои сакале да станат бесмртни и да завладеат со вселената.

    [​IMG]
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Точно е дека не е само библијата,меѓутоа во секоја религија има Бог наречен под разни имиња со разни приказни. Во случајов се разговараше за христијанство како што знам. Првото мислење од форумџиката беше извадок од библијата каде што е сменето само ТОЈ/ТАА.
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Како велат,секоја шега пола вистина :lol:
     
    На ariela09, Agrona и Hipica им се допаѓа ова.