1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бог е жена

Дискусија во 'Религија' започната од LennaF, 12 јануари 2012.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Да бе, демек не сум правел хумор со машки, па тоа не било феминизам, а ако некој спомне хумор со жена, одма кладата ја спремаш. Извини ако те навредив, еве баш мислам дека ти би била добра божица :makeup::rain::sun::rain::sun:
     
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Pa i zafrkavanjata so maski mn ne vi idat oti zavrsete so skrsen vrat
     
  3. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    On a more serious note, фактот што на Бог се гледа како маж и се користат машките заменки е уште еден доказ повеќе во прилог на тоа дека Бог е човечка измислица.
    God just happens to be a man and he just happens to dictate the moral standards fit for the times in which the Bible was written.
    Знам што ќе кажете, Бог не е маж, не може да има пол, апсурдно е и се согласувам. Ама очигледно има. :D Не ја напишав јас Библијата.

    Библискиот Бог е добриот вид монарх кој им бил потребен на луѓето за утеха и надеж. Логично е во патријархално време, тој имагинарен монарх да добие машки карактеристики.
    Исто така, зошто Исус е маж? Зошто Бог не испратил ќерка? И овие прашања не се во форма на triggered angry feminist, туку уште еден доказ плус дека сето тоа е сосема очекувано земајќи го предвид времето во кое де случувало.
    Секако дека Исус *бил* божјиот син, затоа што да беше ќерка немаше никој да ја сфати сериозно кога ќе се расфрлаше со мудролии во патријархална средина.

    Така, Бог да добива форма на маж, т.е. самиот да се претставува себеси на пророците како маж, a и неговиот offspring исто така да биде маж е најлогичниот исход во приказна напишана во патријархално време.
    Она што не е логично е Бог да се претставува себеси како маж, сите негови ангели исто така да бидат мажи и неговиот син да биде исто така маж, а и неговите апостоли... Единствениот што не е маж овде е Марија, од очигледни причини, ама ме чуди како и таа не е маж кога наводно Исус можел да се роди и покрај различни пречки во половите органи. :lol:

    Не е логично Бог да тврди дека ги сака сите негови чеда еднакво, а упорно да ги фаворизира оние од машки пол. Ова е сексизам, појава карактеристична за луѓето, што не би требало да биде одлика of a God that we know and love. Тоа ме тера да извлечам логичен заклучок дека God didn't create man in his own image, it was actually quite the opposite.
     
    На WildMk, Srckata28, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Бог не е ниту машко, ниту женско, туку тој е Бог. Бог е дух, а духот нема пол. Но мислам дека тоа околу половите веќе сте го расчистиле до тука. Е сега зошто Библијата ја користи личната заменка ТОЈ, а не ТАА кога се обраќа кон Бог. Епа мора една од тие две заменки да се користи, затоа што ТОА не е опција. Во еврејскиот јазик ТОА се користи само за неличносни предмети или објекти. Е сега замислете, ако вие сте Бог и сакате да се објавите и да бидете сериозно сфатени од тогашното патријархално општество, дали ќе одберете ТОЈ или ТАА како лична заменка за Бог?

    "И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. " (Битие 1:27, Библијата)

    Овој стих не вели: Го создаде Бог мажот според образот Свој, ниту пак жената според образот Свој, туку и двајцата според ОБРАЗОТ Свој. Зборот "образ" што се користи погоре во хебрејскиот јазик означува "образец, лик, подобие". Оттука следува дека Бог има и машки и женски карактеристики. Еве неколку пример за женските карактеристики на Бог:

    Во следниов стих Бог се објавува како Мајка над мајките:
    "Може ли жена да го заборави породот свој? Да не се смилува на чедото од утробата своја? А и кога би го заборавила, Јас тебе нема да те заборавам." (Исаија 49:15, Библијата)

    Господ како мајка која утешува:

    "Како што мајката го утешува своето дете, така јас ќе те утешам тебе" (Исаија 66:13, Библијата)

    Бог како Носител од утробата:

    "Послушај Ме, доме Јаковов и сиот остаток од домот Израилев, кого го носам од утробата, кого го држав од раѓањето"(Исаија 46:3, Библијата)

    Бог со женски врисок:

    "Господ излегува како Јунак, како војник ја поттикнува својата жар. Со борбен извик и со воена викотница оди јуначки на Својот непријател. „Молчев долго, бев тивок, се воздржував; сега викам како жена кога раѓа, збивам и воздивнувам." (Исаија 42:13-14, Библијата)

    Во следниов стих Христос се опишува Себе Си т.е. Бог какo квачка што ги собира своите пилиња.
    "Ерусалиме! Ерусалиме, што ги убиваш пророците и што ги каменуваш испратените при тебе! Колку пати сакав да ги соберам твоите деца, како што квачката ги собира своите пилиња под крилата, но не сакавте!"
    (Матеј 23:37, Библијата)

    Заклучок:
    Библискиот Бог не е ниту машко, ниту женско, туку е Бог. Бог е Дух и нема пол. Сепак Бог има и мажествени и женствени супериорни атрибути/карактеристики.
     
    На blonde_supergirl и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Oh honey no... :D

    Чекај да расчистиме една работа. Бог си ги одбрал машките заменки за да се адаптира на патријархалното општество?
    Ова очекуваш некој да го сфати како пологично од што знам еве, дека патријархалното општество си го адаптирало Бог на своите стандарди?

    Она кога мораш да избереш меѓу две заменки бидејќи јазикот на твојата совршена креација нема заменка за non-binary ентитет. #godproblems

    Извини, ама многу ми е смешно кога некој пробува да ги приспособи застарените морално-сомнителни проблеми кои се јавуваат во Библијата за да ја оправда барем малку.
    Твојот обид беше благо очаен, особено при крајот со квачката.

    Бидејќи сите добро знаеме дека Библијата е благо кажано дискриминаторски настроена кон жените (на пример 1 Тимоти 2:12), залудно е да настојуваме дека нема никаков проблем по ова прашање во неа со цитати од типот Бог викна како жена на пораѓање. Е сега, тоа повлекува прашања зошто Библијата е сексистичка кога Бог не (би требало да) е. Ќе застанам овде.

    Не ми пречи што во Библијата има сексизам, бидејќи знам дека е нормално за тоа време и дека би било апсурдно да бараме од неа еднаквост на ниво што го имаме денес. Но тоа е бидејќи сум свесна дека е напишана од луѓе кои не знаеле зошто некои работи се правилни, а некои не. Но ако некој ми тврди дека во Библијата вмешал прсти Бог, кој знае што е правилно, и тврди дека токму сексизмот е правилен, ќе морам да речам sit the fuck down. Време е да ставиме граница помеѓу real life и екстремно стара литература.
     
    На WildMk, Ketchup, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Бог е маж.
    Божица Жена.
    Или обратно беше:
    Таа Бог?
    Тој Божица?
    :^)
    Сешто(facepalm):rofl::rofl:
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ај ти одговори ми прво дали ако во Библијата за Бог стоеше личната заменка „Таа“, ти ќе реагираше вака? :) И каква ќе беше твојата реакција? Баш ме занима.

    Ако си атеист кој верува дека Бог не постои и дека е само мисловна креација на луѓето, многу нормално дека ќе ти биде пологично второто. Но ако одиш според науката, разумот, логиката и лесно увидиш дека атеизмот е бесмислен и контрадикторен и дека Бог и те како постои, тогаш ќе ти биде пологично првото - дека Бог се објавил како што сакал се објавил и тоа без претходно никаквка консултација со феминистите :)

    Не е тоа #godproblems туку #FeminismProblems. Бог нема никаков проблем тука и Тој јасно кажува дека нема пол, дека не е ниту машко, ниту женско, дека и машките и женските се создадени според Божјиот лик и образец итн. Се разбира дека Бог знаел дека еден ден ќе се појават група феминисти, ама далеку од тоа дека Тој сега ќе се спушти на тоа ниво да конструира нов јазик со заменки за non-binary ентитети само за да не ја навреди феминистичката лична преференца Бог да не се изразува во машки род :D
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @EvAngelos
    Апсолутно ќе застанам на страната на @Lella за ова, без разлика дали се дискутира од гледна точка на верник или на атеист.
    Никаде во Библијата не стои дека Бог им рекол "Викај ме Тој за подобро да ме прифатат".
    Факт е дека Библијата е пишувана од луѓе и дека Бог апсолутно морал да биде во машки род, за да биде прифатена. Ама тие што ја пишувале го ставиле во машки род затоа што тоа било единствена опција која влегла во "изборот". Не верувам дека женскиот род воопшто и бил земен во предвид, а уште помалку дека седнале и размислувале кој род ќе биде подобро прифатен.
     
    На SV1911, Someonespecial и kikkki им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    А каде јас реков дека Бог рекол така?

    Па и јас истото го реков, само со други зборови. Ако некои седнале да размислуваат дали вака или така да пишат, тоа веќе не може да биде Божја објава, туку чисто човечка конструкција. Другарка ти @Lella го верува баш тоа, дека Библијата е човечка конструкција, а не Божја објава.
     
  10. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Секако не. Ќе реагирав вака: Хмм, зошто во Библијата Бог е во женски род кога тоа апсолутно не пали кај патријархално воспитаните луѓе во тоа време?

    Ти кажав, мене ми е јасно зошто Бог е во машки род, исто како што ми е јасно зошто Трамп е претседател. Таква била средината, така пишувале пророците.

    Ама зошто Бог решил да се објави како маж? Јас да сум семоќно битие кое тврди дека ги смета мажите и жените еднакви, ќе им се покажев на пророците толку gender neutral што ќе мораат да си измислат нови заменки, за да се прикажам во вистинска форма.

    Ова би било најлогично и најразумно решение за Бог да се претстави онаков каков што е, или барем пологично од тоа да мора да ја истакнува својата женска природа преку компарација со квачки. :D

    Но како што знаеме, ова не е случај кај Библијата. Па бидејќи има причина во скоро сите приказни на Х. К. Андерсен владетелот да е претставен во машки род, така и во приказните во Библијата владетелот е во машки род. Тоа е карактеристично за фикцијата. Си ја приспособуваш за своите читатели.
     
    На WildMk, Someonespecial и Ketchup им се допаѓа ова.
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Не можам да разберам само како ви текнува да цитирате извадоци од книги напишани од луѓе и нив да ги сфаќате сериозно? Јас сум неутрална, не сум атеист па да мислам само од таа перспектива, туку и да постои нешто што го создало универзумот, сигурно тоа битие е далеку поразумно за да ги напише глупостите ко примерот со квачката погоре. Нема наука тука никаква, нема факти, сѐ се само приказни тоа.
     
    На Lella, Someonespecial, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Бог е жена?
    [​IMG]
     
    На WildMk и kikkki им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Зaр смеел Бoг дa се пoјaви кaкo женa кoгa знaел кaквa е пoзицијaтa нa женaтa вo тoa време? Мoрaл дa се прилaгoдувa. Денес дa се пoјaви и дa сaкa дa е oзбилнo сфaтен, ќе требa дa рaзгледa првo кaде се пoјaвувa пa сooдветнo дa се претстaви. Некaде ќе е женa сo aтрибути и прoвoкaтивнa oблекa, некaде мaж нa висoкa функцијa вo влaдa. Пo преференции нa нaрoдoт. Вo тoa време билo пoприфaтливo мaж дa е, и тoa е тoa.
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Тоа и ми беше поентата. Ниту ти чини што е ТОЈ, ниту што е ТАА, а убеден сум дека да беше и ТОА, пак ќе најдеше некоја замерка. Ме потсеќаш на оваа слика :D

    [​IMG]

    Абе штета што Бог не се консултирал со тебе пред да се објавува, пред да го прави светов воопшто... ее да му беше советник ти, се ќе цветаше сега :)
    Типична атеистичка фраза... „да бев ја Бог“ све ќе беше најбоље, имаше ред да турам, ќе направев се супер, немаше да има проблеми, дилеми... а да земеш да го ставиш директор во едно основно училиште нема да може со децата да се спрами, бог ќе стануел.

    Тотално си ја утнала поентата на цитатот. Еве ќе го цитирам пак:

    "Ерусалиме! Ерусалиме, што ги убиваш пророците и што ги каменуваш испратените при тебе! Колку пати сакав да ги соберам твоите деца, како што квачката ги собира своите пилиња под крилата, но не сакавте!"
    (Исус Христос, ев. Матеј 23:37, Библијата)

    Значи намерата на оваа изјава на Исус не е да ја прикаже женската природа преку компарација со квачки, туку прави илустрација со каква љубов сакал да ги собере евреите и да ги вразуми, но тие одбивале и затоа Исус му пророкувал и темелно уништување на Ерусалим и на Храмот - што се случило во 70та година наша ера во прецизни детали како што прорекол Исус. Идејата дека таму Бог покажува една женска страна од себе и индиректна, индиректно забележана од читателите, а не дека тоа му било целта.

    Нема ништо лошо или срамно во илустрацијата со квачката (кокошката) што ги собира своите пилиња под своите крилја. Впрочем од таму доаѓа и зборот „закрила“, да бидеш под нечија закрила, заштита. Тоа што денес зборот кокошка се употребува за некоја омразена девојка, бившата на дечко ти или свекрва или сл. тоа е проблем со нашето денешно разбирање. Тогаш зборот кокошка значело благослов, богатство. И денес се тоа, само што не го осеќаме, затоа што некој на готово ни дава чикен бургер, стекови, пилешки прсти... некој на готово ни дава сладолед, торти, колачи со јајца, јајцата ги наоѓаме во маркетите и потсвесно си мислиле дека тие таму настануваат, а забораваме дека некоја кокошка таму седела со денови врз јајцето што ти ќе го лапнеш за 2 минути :)

    Смејте се колку сакате, ама за мене нема послатка и помајчинска слика од кокошка која што си ги гушнала своите уплашени пилиња под својата закрила:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Rama и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Мене ми е апсолутно прифатливо што се користат машки заменки. Само потенцирам дека семоќен Бог не би се чувствувал принуден да мора да избира меѓу опции од човечка креација. Ако сакал да се прикаже како the non-binary thing that he is немало да треба да има проблем.
    Ама Бог во Библијата е машки претставен, што не е одлика на Бог кој има карактеристики на мажи и на жени (да не речам квачки). Тоа е карактеристика на типичен монарх во тоа време, а тоа ја поддржува тезата дека Библијата е човечки напишана книга. Во спротивно, монархот ќе си беше non-binary каков што е, а не како маж.
    Патем, има една многу убава gender neutral заменка, they/them. Ме интересира зошто Бог не си ја искористил таа кога им се претставувал на пророците. Или што не ги натерал да измислат специјално божја заменка. Или нешто сосем трето, од кај да знам јас, тој е семоќниот. Веројатно знаел дека машките заменки ќе створат заблуда меѓу моите и твоите комшии, а и сите други кои ако ги прашаме ќе кажат дека е маж, освен двајца без тројца.

    А што сега демек Бог се претставува каков што е е понелогична фраза од Бог се претставува каков што не е?
    Не знам како да ти објаснам, логиката не функционира така. Логиката е многу едноставна. Ако веќе треба да вложуваш толку умствена енергија за да оправдаш нешто што треба да биде очигледно, не ти чини теоријата.

    Фала многу за мета-анализата на пасусот со квачката. За жал, фактот што делот на квачката не е пејоративно кажан во Библијата (повторно, фала што кажа, се надевам имаш некоја слична анализа и на 1 Тимоти 2:12) не ја потврдува на никој начин тезата дека Библијата е напишана од божји раце. Сфаќам дека Бог е (би бил) бесполово битие, со нели карактеристики на мажи и жени (кои се патем многу стереотипни, ама ај).
    Но исто така сфаќам дека Бог не би се претставил како маж бидејќи тоа оди против логиката.

    Бог нели не е сексист? Па тоа треба на сите нас да ни биде доказ дека сексистичките работи во Библијата се напишани од сексистички луѓе, а не од ентитет кој има несексистички морални стандарди.
    (Под сексистички работи не мислам на квачката, иако и таа, а и сите примери кои ги наведе се поврзуваат само со мајчинството, репродуктивната фунција на жената и ништо повеќе.)
     
    На Someonespecial и RoseRain им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Јас разбирам и атеизам и се,ама ова ја преминува секоја граница на нормалното.
    Аман,никој не ве тера да верувате во Бог,а уште помалку со долгометражни реферати да докажувате оти бил жена:worried:
    Смејте се,сега ќе следуваат квази напади од типот"така осеќаш,така ти кажа срцето,или дај факти и аргументи".... :D
    Замислете 21 век сме,и немаме докази(според вас)оти Бог постои,но мене не ми треба никаков доказ т.е поголем доказ од она внатрешно(духовното)и не постои ;)
    И на крајот,вас ви останува да се вадите на фори од типот дека и вие осеќате дека бил жена:D па да барате научни факти,но,мој совет,едноставно прекинете да си ја мачите душичката,ептен сте опседнати со Бог:wasntme:
     
    На carangigia, Vitaly и Petra777 им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Ќе се надоврзам на постот над мене. Некои работи треба да се доживеат а не да се видат. Некогаш, за да се поверува на нешто треба да се искуси. Бог се доживува, не се гледа. Од смешно премина во тажно глумењето жртва, во смисла, жената била дискриминирана, жената била омаловажена... Дотаму ли дојде работава, да се испотепате зошто за Бог се користи заменка од машки род? Сексизам... :x Што прочитав... Боже, прости им, не знаат што прават...
     
    На Таа Сум, carangigia, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ако ги прочиташе тие долгометражни реферати ќе видеше дека се согласуваме со Евангелос дека Бог е бесполово суштествување, ама не се согласуваме зошто користи машки заменки.
    Тој вели бидејќи така Бог одлучил според некоја мистериозна логика, јас велам дека Бог е измислен од луѓе и затоа добил машки пол. Буквално никој не тврди дека бил жена. :D
     
    На Someonespecial и DAngel им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ај вие што се чудите на вакви дискусии и „тупење“, прочитајте дефиниција за форум и вратете се, може? :D
    Не знам дали сте отвориле категорија религија по други македонски форуми (јас имам ѕирнато) и да видите за какви сè учења и прашања има теми... па мислам дека да отворите, света вода би земале да си фрлате на екран :drunk: :D

    Се согласувам потполно со Лела и Енџи (@EvAngelos, ете дојде уште една другарка да им „помогне“ :bandit: :D).
    Ќе се надоврзам и дека не е таков случајот само со христијанството и претставата за Бог и Исус во истото, туку тоа го има и во сите попознати религии. Тука е и исламот со Алах и пророкот Мухамед, Јахве во јудаизмот, Буда во будизмот... Сите во соодветната религија се сликовито антропоморфно претставени јасно со машки карактеристики, и именувани со назив лингвистички во машки род во сите јазици. Па и во политеистичките религии (дали постарите изумрени - грчка/римска митологија на пример, или сегашните како на пример хиндуизмот), генерално главни се машки богови, а женските се пред сè претставени како нивни жени...

    Значи тоа го кажуваме чисто како факт кој е пресликан од реалната ситуација со половите во општеството (посебно во минатото), и кој како таков укажува на тоа дека религијата е човечка креација, дека Библија, Куран, Талмуд итн. - сè тоа доаѓа од човечка рака. Се надевам сега појасно е :)
     
    На Lella, Briar Rose и kikkki им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Од каде ти е ова дека Бог бил принуден или дека има некаков проблем? Бог воопшто не бил принуден да мора да избира меѓу опции од човечка креација. Бог сакал така да се објави. Бог сакал да се изрази преку човечкиот јазик, да се објави преку човек-Исус, да влезе во човековата историја. Бог не морал, туку така сакал, така Му било по вољата. И зошто мислиш дека има проблем? Тоа воопшто не е проблем за Бог и за мнозинството луѓе. Тоа е проблем само на феминистите и на атеистите, кои како што видовме погоре, без разлика дали за Бог писателите би користеле ТОЈ, ТАА, ТОА.. тие секогаш и на се ќе наоѓаат замерки. Ама замерките ќе си останат кај нив, а воопшто не го тангираат и воопшто не му прават проблем на Бог.

    Велиш „од кај да знам јас, тој е семоќниот“, ама сепак му даваш забелешки, велиш зќнр му прилега што се поистоветил со ТОЈ, дека требало да се објави како non-binary gender.. шо знам, мене ми делува како ти повеќе од Бог да знаеш.
    Од секоќен Бог не се очекува да се советува со група феминисти и да пази да не ги навреди нивните џендер чувства, пс сеа за нив специјално ќе креира специјален јазик и специјални лични заменки :) Што е следно, секоќниот Бог да се уклопи на родовата идеологија креирана од пред неколку децении?

    Ја овде, на ваква тема, вооптшо не се ни трудев да го докажувам фактот дека Библијата е Божја објава напишана преку човечки раце. Дискусијата е далеку од тоа.
    Но мене ми е трагикомична оваа причинско-последична "логика" што ја користите:
    Бидејќи Бог во Библијата се изразува со ТОЈ - од тоа следи дека Библијата е човечка креација. Ха! Шах мат верници! :D