1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бог е жена

Дискусија во 'Религија' започната од LennaF, 12 јануари 2012.

  1. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    29541444_1762335507162880_1138790924452963858_n.jpg
     
    На Ygritte, ЕденЧлен, Avery и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Па ти велиш дека така избрал бидејќи општеството било патријархално. Кога Бог мора да се адаптира на сопствена креација, значи дека е принуден.
    Зошто Бог би сакал да се објави како маж, а не како она што навистина е? Нема логика, ти велам.
    И веќе неколку пати ти кажувам, кој род се користи за Бог ми е исто толку важно како кој род се користи за на Гилгамеш љубовникот. Древна литература е, не ми е гајле. Само велам дека за безвременска сакрална книга не е логично Бог да е во форма компатибилна само со тоа време (маж). Therefore, Библијата не е безвременска сакрална книга. :)

    Ти кажав, не ми е гајле каков е Бог ниту пак ми треба неговата претстава да биде gender neutral. Потенцирам дека машката претстава на Бог е толку... човечка работа.

    Не е воопшто, тоа ми беше поентата во првиот пост. Тоа што Бог не е неутрално битие какво што би се очекувало укажува на тоа дека е моделиран според човечки стандарди.
     
    На RoseRain и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Сите култури и цивилизации во минатото различно го толкувале Бог, главно низ цртежи, и таквиот негов приказ сосем случајно одговарал на "доминантниот" пол, традиција, раса и облека карактерстични токму на таа цивилизација која го претставува. И секако повторно, сосем случајно бил човек.

    Темава е отворена поради феминистички побуди, кои апсолутно ги подржувам, но исто толку и знам дека нема потреба од натпревар на полова еднаквост во тема Религија.

    Кутрите Гаунило, Августин и Аквински речиси сиот свој живот го минале во изнаоѓање "докази" дека Бог постои, и ако тие не го нашле како маж...верувајте нема ниту ние да го најдеме како жена.
    Don't waste your precious time..
     
    Последна измена: 23 март 2018
    На Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Цитираш членка која веќе подолго време не е меѓу живите.
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    1. Тоа беше мое мислење. Јас никаде не цитирав библиски цитат каде што се вели: Јас ги принудив пророците да ми се обраќаат со лична заменка во машки род бидејќи општеството е патријархално.

    2. Дури и Бог да одлучиш од мила воља да се адаптира на човештвото, тоа не значи дека бил „принуден“, туку едноставно така му било по воља. Како што 3 пати ти пишав, Бог би бил смешно папучарско богче ако земе да се прилагодува на некоја групичка феминисти таму и верници во родовата идеологија која се појавила во доцниот 20ти век.

    За Исус збориш овде? А како би било поприкладно според тебе, Бог да се објавел како овој бесполовиов човек само за да не ги навреди феминистите:
    [​IMG]

    http://www.dailymail.co.uk/femail/article-4274396/Man-spends-50-000-transform-genderless-ALIEN.html

    Бог ако е семоќен Бог, тогаш за Него не е проблем да се отелотвори и да се објави преку личноста на Исус Христос. Не мораш да гледаш во полот на Исус Христос за да провериш дали е Богочовек. Подобро погледни колку пророштва се исполниле преку Него претскажани од пророците неколку века пред Исус да се роди. Потоа погледни ги доказите за Неговото воскресение од мртвите. И така истражи дали Бог се објавил преку Него, а Неговиот пол е ирелевантен во Божјата објава.

    Искрено ја ова твоево знаеш како го читам? Као: Тоа што Бог не е според мојата замисла за бог, тоа укажува дека е моделиран според човечки стандарди. Значи или ќе биде бог како што јас си го замислувам бог, или тој бог не е бог, туку човечка измислица за бог :)
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    И како што јас исто толку пати ти пишав, Бог би бил едно чудно и контрадикторно суштество ако се појавува во која била форма што не е genderless, независно дали маж или жена. (Бог, не Исус)
    Бог како фиктивен лик има логика да има пол.
    Бог како креатор на сè, нема логика да има пол.
    Извади го феминизмот од дискусијава, нема допирна точка со тоа што ти го зборам.

    Не, за Бог кој им се претставил на пророците така што тие решиле да пишуваат за него во машки род.

    Логично од бесполов ентитет е да се прикаже бесполово, а не како маж. Противење на ова е одење против најосновна логика.

    Океј е, се согласувам дека Исус бил маж и правел magic tricks.

    Абе Евангелос, твојата замисла за Бог да не случајно не е бесполово битие? :D Па за разлика од гротото верници, јас сфаќам дека Бог не треба да има пол. Луѓето имаат пол, а не Бог. Тоа што во Библијата Бог има пол, логично ја прави Библијата повеќе човечка, а помалку божја.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ај те молам објасни што има контрадикторно во тоа да семоќниот Бог се објави преку личноста на Исус Христос кој бил од машки пол? Контрадикторно би било кога некои би велел дека семоќен Бог не може да се отелотвори во човек, а не обратно.

    Ноуп. Логично од семоќен Бог кој сака да се објави во човечка форма да се објави во човечка форма, а не како некој изрод како овој бесполовиов (кој бај д веј е верник во родовата идеологија што ја веруваш и ти ;)
    [​IMG]
    http://www.dailymail.co.uk/femail/article-4274396/Man-spends-50-000-transform-genderless-ALIEN.html

    Оди тебе да те распнат на крст на сред плоштад пред очите на стотици Скопјани и после направи трик и воскресни после три дена да те видам :)

    Молам? Каде во Библијата пишува дека Бог е машки или женски пол?
     
  8. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Напишав Бог, не Исус. Те молам остави го настрана Исус од целава работа.
    Има контрадикторно во тоа семоќниот Бог да избере да се прикаже себеси (не Исус) како маж на пророците, а всушност е бесполово битие.

    Again, не зборам за Исус. Кога пророците го слушале или виделе на Бог гласот низ душата или што ти знам очигледно слушнале маж штом го пишувале како маж. Бог да беше тој креаторот на сè, не би им се појавил како маж, туку како она што е - бесполово битие. И нема ништо навредливо во тоа Бог да е бесполово битие и да се прикаже како такво, аман, доста со сликата.

    Се имплицира со користење машки заменки, не се преправај дека не ме разбираш. Тоа ме тера да мислам или дека немаш мозочен капацитет да го сфатиш тоа што го зборувам, или немаш аргументи па се правиш наудрен. :)
     
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Целта на темава е и Бог да се исфеминизира тоест и за него феминистичка слика да се направи што не е јасно. :wasntme: Што се замарате со религија ако истата не ви се допаѓа не ми е јасно?
     
  10. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Исус не е Бог така да Библијата не е доказ дали Бог е маж или жена или е Божица.
    Усус е син божји.
    И не го чепкајте него и Библијата.
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Си помислив дека збориш за Исус, бидејќи на ниту еден пророк Бог не му се појавил во вид на маж. Ако имаш читнато некогаш Библија, еве повели цитирај ми каде тоа Бог се појавил како маж.

    Велиш слушнале маж а? Да не имаш и снимка од машкиот глас со кој им зборувал Бог? :D
    Пак ќе ти повторам, на никој од библиските пророци Бог не му се објавил како маж, ниту како жена, ниту како човек воопшто. Лик од Небото не им се појавил. Повели, цитирај ја Библијата ако тврдиш спротивно.

    Како што 4 пати ти пишав, а сега 5ти пат, Бог не би бил семоќен и суверен Бог, туку би бил смешно папучарско богче ако земе да се прилагодува некоја групичка феминисти таму и да се потресува да не ги навреди со тоа што не конструирал специјален јазик за нив каде што ќе има non-binary gender лична заменка :D
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Тоа што се користат машки заменки во Библијата за Бог е доволен доказ дека авторите на Библијата го перципирале како маж, што значи тој така им се претставил.
    That is, ако Бог постоеше, и машките заменки не беа само резултат на патријархално обликуваните умови на авторите.

    Ете и јас по петти пат...
    Gender neutral заменки за Бог не ми одат во прилог мене, ниту на некој друг феминист, туку на Бог, кој нема никаква логична причина да се претставува како маж, кога не е маж.
    Ова не го пишувам бидејќи ми оди на нерви што Бог не е жена (ама ич не ми оди, стварно ти викам) туку бидејќи има дупка во логиката.
     
    На RoseRain му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Авторите на Библијата, која очигледно ти ја немаш прочитано, никаде не напишале дека Бог е маж, а дури и јасно напишале дека Бог не е човек. Значи напишале дека Бог не е ниту човек, а камо ли па маж :)

    "Бог не е човек па да лаже" (Броеви 23:19, Библијата)

    Дупка има во твојата логика дека семоќниот Бог се припотресува од некоја групичка феминисти и требало да ги исполни нивните стандарди и очекувања од бог па да земе да конструира специјален јазик со тоа како го викаш non-binary gender за да користи таква неутрална лична заменка.

    Знам што е следно, ќе барате Бог да ги признае во Библијата и сите тие новокомпонирани над 70 родови идентитети, бидејќи нели не му прилега на еден Бог да не ја признава родовата идеологија и сите тие флуидни родови таму.
     
  14. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    А јас јасно потенцирав дека знам дека Бог не е маж. Прашањето овде е, ако Бог не е човек, зошто користи човечки заменки? :) Целта на ова не ми е да покажам дека Бог е човек, туку дека е фиктивна фигура.
    Очигледно Бог не е човек за да лаже, ама е доволно човек да користи човечки заменки. :D
    Не кажувам машки, оти тоа очигледно упорно те буни и си мислиш дека целава работа е од феминистички побуди. А јас, како добар атеист, само пробувам да ти покажам дека човечките заменки укажуваат дека Бог е човечка измислица. :D

    Си се фатил за феминизмот како слеп за стап. :D Добро, треба ли да ти нацртам? Ич не ми е гајле кои заменки ги има Бог во Библијата, а верувам уште помалку им е гајле на тие 70-те родови идентитети.

    Прашањето, како што кажав, не ми е зошто Бог избрал машки заменки, а не женски, туку зошто воопшто избрал да користи заменки што се однесуваат на луѓе.
    Gender neutral заменка би го опишувала многу подобро од машка заменка, или женска, или за среден род. Зошто? Бидејќи е gender neutral суштество, duh.

    Еве прости и' на мојава чудна логика што смета дека машка заменка се користи за мажи, женска за жени а gender neutral заменка за gender neutral суштества.
    Јас го истакнувам ова во сите постови неколкупати, а ти само велиш уаа феминист. :^)

    *Ако уште еднаш спомнеш дека ова го зборам бидејќи сакам да го наклеветам Бог дека не е феминистички настроен, сериозно ќе помислам дека имаш некаков проблем со логичко резонирање.
     
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ете кај била твојата заблуда. Потребни беа две страни за да се лоцира, али шуќур ја лоциравме :D Па ти цело време си мислела дека личните заменки ТОЈ и ТАА се однесуваат само на луѓе.
    Таа лисица, тој волк, таа Месечина, тој град, тоа село, таа игла, тоа чоколадо, тие ѕвезди, тоа Сонце, тој облак, таа љубов, тие очи...
    Епа слично е и во семитските јазици како хебрејскиот, личните заменки не означуваат само маж и жена, туку можат да се однесуваат и на предмети и поими. Значи не се тоа човечки заменки, туку родови заменки.
    Се надевам сега е појасно. Позз
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Човечки as in земни, а не што се однесуваат исклучиво на луѓе. Кога имаме суштество, му го одредуваме полот. Во зависност од полот, користиме соодветни заменки. Бог не е машки ниту женски пол, значи нема смисла да се користат ни машки и женски заменки.
    Има смисла да се користат само родови неутрални заменки за родово (и полово) неутрален ентитет.

    Дури и Бог да влегува во ист кош со сире работи што ги наброја, пак нема смисла зошто има определен род.
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.518
    Пол:
    Женски
    Нц. Господ е маж. Да беше жена ке имавме помалку проблеми.:rofl:
     
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ако добро ме служи памтењето, Бог не е дефиниран ни како маж ни како жена во Библијата - кога се појавува, тоа е во вид на запалена грмушка, глас од небото, итн.

    Дури во ренесансата започнале да го прикажуваат како маж, т.е. како брадест, пензиониран бодибилдер. :D

    Муабетите дека е маж, односно жена, повеќе ги отсликуваат личните преференци и стереотипи за полот на Бог кај луѓето, отколку што имаат некаква реална заснованост во било која од светите книги.
     
    На Таа Сум, DAngel, blonde_supergirl и 3 други им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Репликата е од мај 2012 година.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  20. feminista

    feminista Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Ќе те казни што и да е ..за напишанава тема :P