И оваа тема се дебатира исклучиво од аспект на Христијанството. Досадно ми е. Во Хинду религијата е маж и/или жена. По моите сфаќања, Бог не личи воопшто на човек, па затоа нема ни пол.
Поголема глупост од Бог е жена не сум слушнала. Значи, феминизам е еднаквост. Не е целта на феминизмот жената да е над мажот туку да биде еднаква со него. Што е различно ако ова шовинистичко општество кај што доминира мажот, се промени и доминира жената. Ништо, исти курац. Идејата е да бидеме еднакви. Така да колку што е глупо бог да е маж, толку е глупо и да е жена. Бог би требало да не е нешто кое има пол, ама тоа е ние луѓето сме ограничени, а мислиме дека многу го познаваме бог
Бог е душа, а душите немаат пол. Бог можи да се манифестира како сака, но не се бави со ситниците од овој свет. Додека ѓаолот си е ексцентрик и транџа и ужива во тоа. Бог не се занимава со глупости затоа што Бог е највисоката свест. Секој човек треба да се стреми кон повисока свесност. Ова е моето верување, за мене работите така стојат.
Исус има родители. Бог му е татко а света Марија богородица мајка. Јас верувам само во името на отецот, синот и светиот дух амин!