Pred nekoj den najdov na popust bodi vo edna prodavnica vo Bunjakovec za 90 denari..no za zal bese edinstveno. Dali znaete kade na drugo mesto mozam da najdam pamucno bodi?
Има во Интимо во подрумот во Трговски. 180 се ама вредат парите.Јас си купив 2 и си ги изнаносев и не се ни малце скинати.
Јас боди си купувам од пазарче си ги перам убаво и гајле немам. Бодите сегде ми се исти некако...Ама најубава работа за у зима
абе јас си купувам од зелено пазарче по 100 и 150 ден. а има и во Стружанка и во Винка Виница исто по 150 ден. памучни супер се и од ноември до мај не ги соблекувам..освен за перење....ептен се згодни
Боди не носам само на лето, затоа што стварно не се издржува. Во другите периоди од годината не го слекувам од на мене. А и колку ми е убаво кога носам хулахопки и сукњичка, па бодито си го закопчувам над хулахопките и цела вечер немам гајле дали ќе ми паднат
Задолжителен дел ми е од облеката и не го носам само во лето.Покрај тоа што го носам за да ме топли,некако посредено и посигурно се чувствувам и не морам во секој момент да мислам дали нешто ќе ми се види ако се поднаведнам. Носам најобични,од 150 ден,црни.
ops: Е јас имам проблем со нив.Висока сум мноогу,183 цм и кога и да облечам боди ме трга,ме стега,дури и најголемиот број ме нервира.Ккао да сум тргната нагоре.Значи ниту едно не ми чини.Ама затоа ак си носам маички од Ерос,се лепат на тело,убав материјал,не се вадат над фармерки,и уживам со такви.А кога бев помала си носев боди,Ама помала
Ами што мислеше Сите во фамилијата ми се високи,морав и јас Некогаш се нервирам порадио тоа ама повеќето си се сакам.Нескромно нели? ops:
и јас го имам тој проблем со бодинњата иако не сум 183 хах, и сите ми се мали па не е фер кај да си купиме ние височките бодиња ај некој нека се сети и нас и нека почне да прави и поголеми не е фер, ќе го купам и со едно перење ми е мало се собрало страшноооо, имам само 2-3 бодиња што ми се точни а др така си стојат а имам еен куп што ми биле точни кога сум ги купила и после перењето не ме собираат го имам истото чувство како да ме тегнат :? :? :?
Јас не можам да се замислам без боди, не функционурам... кога ке почне да се затоплува ептен ми е чудно без нив додека се навикнам.. да можам и летно време би си ги носела.. имам секакви бои, црни, бели, розеви,жолти дури и црвено имам... Исто и јас од пазарче си ги купувам
Бидито го рачунам како дел од себе, а не како потреба да го облечам во интимисимо имас боди докај 200ден се сега ама квалитетни, во стружанка исто така, а и на пазарче како што кажаа сите останати
Ех да не беше ова бодито до сега отидоа бубрезите го носам секој ден, а за излегување зависи ама најчесто не
Јас без Боди сум никој и ништо ! Сериозно, мразам ако грбот ми е гол Иначе на фб имаше една група: Боди - најголем машки непријател! Сигурно ги мразат тие три копчиња долу
До пред две години, не носев боди, воопшто. Гол грб, и терај. Е ама откако почнаа да ме болат бубрези, ми се јави и инфекција на уринарен тракт - предизвикана од настинка, т.е шетање гола, докторката ми рече - освен терапија со апчиња, да си купиш и боди! Смешно или не, ама тоа е... Имам три четири, обични, две црни, едно бело, едно црвено и едно така, посексиљаво, како корсет е, ама го носам само кога сум посвечено облечена, зошто е досадно, со врвки, со такви за закопчување од сите три страни А групата на Фб, за која и Брајт спомна, ме изнасмеа Дечко ми стално ме зеза дека само тоа му пречи во предиграта, губи време на соблекување боди! Е ама здравјето ми е поважно отколку неговиот кренат пријател :mrgreen:
Хахахаха исто .. првиот пат зимава кога ме виде .. и глеа вика .. што по ѓаволите е ова ? Иначе носам .. ама коа иам добиено ме стега дека све .. и хулахопки и влошка и боди .. ама што се мора се мора