е со ова се слагам...јас со маица не мошам да се замислам па кога видам на некои им излегло позади како опашка... така со боди секогаш уредно....
Јас без боди не можам да се замислам но имам еден проблем од кога почнав да носам прслук (пушап) на сред прслук имам како решка и тоа ми прави да се чуствувам неубаво па затоа барам помош од вас дали и вас ви се случува ова и како се спревувате со ова... а еве уште еден месец и ќе почнеме пак да ги носеме
Bodito e zakon! GO NOSAM RECISI SITE GODISNI VREMINJA,POSTO SUM ZIMURLIVA. Kaj nas nokite lete se prilicno ladnecki,pa taka si nosam bodi i lete.
Без ова чудо не можам преку зима. Порано купував најобични од 100 денари. Ама инвестирав во две, ги земав по 250 денари. И еве, ги носам веќе две години, оваа зима ќе им биде трета Не трепнале, исто како нови се.
Носам секако, не можам без нив. Мајца неможам да поднесам затоа што постојано се вари па мораш да ја местиш постојано а тоа многу ме иритира. Најдобро решение е бодито, го закопчаш и раат си после
Сега уште малку и ќе им дојде сезоната на носење. Кога ќе почнам да ги носам некаде од средина на Октомври или почеток на Ноември до Март не ги соблекувам такаречено, само ги менувам. Имам скоро во сите бои од црна, бела, виолетова, сива. Некои веќе од носење долу кај што се копчаат ми се имаат скинато, па ќе треба и да си прикупам и нови. Битно за ништо не би ги менувала бодиве. Измислени се за во зима за нас женскиве. :up:
Моментално носам розево со чипка. Многу ми се пријатни посебно во овие периоди од годината. Имам розево,бело,кремасто... Никогаш грбот не ми е гол и се чувствувам пријатно во нив.
Многу го сакам, абе неможам сеа без него, пред една или две години неможев да смислам, па кога пробав 2 пати да го носам се заљубив у него.Баш денес си носев во школо,дека настината и ми студеше од сабајле, најобично бело си облеков
bez bodii?? nema sansaa najmnoguu go sakamm zato sto mozess slobodno da se navednes bez griza hehehe , a i eftinii se spored menee
Мене ми започна сезоната од минатата недела. Што убаво сум згреана, мераци. Сега нема соблекување до крај на пролет. Имам 6, по две од бела, црна и крем боја. Ги обожавам.
Корисна работа се, освен во лето, во сите други годишни времиња, не одам без боди Пошто мене ми е важно секогаш да сум престегната
Боди си носам обавезно уште минатата недела почнав да ги облекувам, студи навечер, имам многу со долги ракави, со рокла, на рамки секакви. Зимно време без боди нема шанси
Од пред некој ден ја почнав сезоната за носење на боди, а ќе ја завршам онаму некаде кај јуни. Сега овие неколку месеци со прерамки, а крај ноември веќе боди - полуролка. Имам секакви бои и си ги менувам.