јас без боди не живеам ! Од септември до крајот на мај е на мене ! Ги купивам од Бит пазар за 100=150 денари и зима немам ! пери носи Аплауз кој ги измислил
Изгледа ќе да сум единствена која носи боди дванаесет месеци во годината. Мразам голи половини и бодито ми е единствен спас. Плус, многу лесно се преладувам, па кога доаѓа време за циклус вриштам од болки ако не сум носела боди и сум спиела со голо половинче. Едноставно нема шанси да го соблечам од мене. Ми стана како втора кожа и не го ни чувствувам. Ги мразам оние боди-ролка на долги ракави. Ме нервираат. Имам неколку од оние со подебели прерамки и пар чипкани за спешл окејшнс , ама сепак омилени ми се обичните памучни со тенки прерамки.
и мене тоа ме интересира и јас барам во city mall во продавниците што се за долна облека има може , ма да сигурно би било малце поскапо ако најдеш прва кажувај
БОДИ-најголемиот непријател на машкиот род ХАхаха, носам боди во секое време освен во лето, имам, неколку обични памучни црни. и имам едно црвено чипкено
Боди е најпрактичната работа што некој успеал да ја измисли. Ги нема оние набори како кај маица. Нема гола половина.
Најудобното нешто ми е, гајле ми е дали го сакале машките или не Некогаш дури и во лето носам, кога не е претерано жешко. Како втора кожа ми е, многу поубаво се чувствувам.
Во цел живот имам имано само две бодиња. Едно сино и едно виолетово. За џабе ги купив. Хм... Тоа каде што се закопчуваат ми е тотално незгодно. Еднаш го облеков едното и веднаш го собчеков. Утредента, летнаа во канта. Такво нешто веќе не облекувам.