Бодито е супер за половината ги чува бубрезите, јас како што имам проблем со нив, порано идев со гола половина , сега не можам зимата да си ја замислам без боди и хулахопки Инаку боди се носи додека има Р во месеците
Многу убаво се чувствувам во боди посебно во зима, а има прекрасни боди со мрежа за во лето . Хулохопки не носам некако ме нервират.Само во зима на здолниште.
Јас сега скоро си се подновив и спремна сум да ја почнам сезоната на боди,и јас како вас си ги носам цела сезона до лето.Викаат штетни биле поради вагинални инфекции ама без разлика јас си ги носам цело зимо и најубаво ми е во нив
Многу ми се допадна белото боди на сликата од претходната страна поради корпите, дали некој знае каде има да се купи такво??? И сакам да си купам од оние боди со долги ракави што се ама неможам да најдам. Предложете каде да побарам?
со долги ракави има по сите пазарчиња низ скопје јас на зелено пазарче имам гледано околу 300 денари мислам дека беа со полу ролка и многу се згодни леелле колку топлат под џемперче а такви со корпи има во сара фешн и јас сега сакам да си купам
Бодито стварно е најубава работа за во зима , го закопчуваш и не се грижиш ако се наведнеш дека нешто ќе се види отпозади и сл. Единствено само во лето не носам боди. Јас преферирам бодите да бидат растегливи со повеќе ликра.Еднаш си купив боди и тоа воопшто не беше растегливо. Инаку купувам од 100 - 150 ден зависи какво ќе најдам
Обожавам да носам боди.Ја почнав сезоната пред некоја недела Сакам да се подновам со некое за да ја пречекам зимата како што треба.
Без боди сум само летно време, и за излегување не носам , кога носам поразголени маички.. Инаку по цел ден, па и за спиење сум со боди, алал да му е на тој што го измислил
Боди носам од септември до мај. Не носам кога многу ми се познава. Сакав едно време танга боди да купам, ама се предомислив. Можам да замислам колку е неудобно. Имам над 20 ама сите се црни.
Што се кине она за закопчување по 3 носења, лани 3 купив и трите се испокинаа лом Годинава си купив убави памучни, за 300 денари, а и многу се попријатни за носење, памук си е памук
Си носам редовно боди и ги имам разни (памучни, со чипка, танга, бели, црни-најмногу,кафеави, сиви...секакви) Со боди секако ми е потопло особено кога е надвор температурата ниска, затоа скоро и не излегувам без боди (правам исклучок само во лето)
А дека ми купи мајка ми едно за истата цена од некоја си продавница, не се скина тоа за закопчување. Нема врска тоа. Зависи како ќе ти се погоди.
Па не е битно дали од шутка, дали од пазар, дали од продавница, затоа што може истото на 3те меса да го купиш само по различна цена. Памучно нема во Шутка, едно исто боди, од иста фирма на сите тезги го има. Јас си купив памучно од Бисер, тоа ми беше зборот, памучно е најбитно да е. Како и да е продавнициве се преплавени со неквалитетна облека.