боди носам последниве 3 години и се заразив. првото боди ми беше поклон баш вака чипкано како на сликава. немора да носиш прслуче ни гакички , меѓутоа станав фан на бодито. последно време не ги соблакам и поради фактот што на работа како составен дел од униформа ни се црни ролки или бели па си ги заменуваме и со боди со долги ракави во бело и црна комбинација хехех. добар изум е тоа бодито за секоја пригода и за секаде
Постојано носам боди, носам дури и во лето но само кога имам добиено, си купувам од пазар и не се кој знае колку квалитетни ама добри се
Секогаш, ама баш секогаш имам боди на мене. Се чувствувам некако стегнато )) само 2 месеци во годината не носам, периодот во лето кога е пеколно топло. Имам 5-6 сиво, кафено, кремаво, бело и неколку црни
Боди почна мајка ми да ме тера да носам , и ја послушам .Сега барем раат сум неморам да се грижам дека кога ќе се наведнам ќе ми се види нешто што нетреба ми купи во различни бои и сега дури и кеф ми е кога си ги облекувам имам : 2 црни , едно бело , едно сиво и едно темнорозево
Кога мајка ми ми купи боди си викам што и е на женава се шекнала, што ќе ми е тоа мене си имам и гаќи и маици ама кога почнав да го носам заборавив што е тоа маица барем во зимо и есен...абе пери носи..ем ти е топло ем не си ги рекламираш гаќите
Боди тоа сум јас...со тешки маkи се разделуваме секоја пролет Жими се многу тешко ми пага кога морам да го оставам..сум правела напори и до доцна пролет да си го носам ама пусто жешко не се трпи Боди рокс бре алал да му е на оној кој го измислил.
значи зимава добив огромна потреба да го стоплам делот околу кичмата и ајде боди да си купам...епа сакав поквалитетно и шетнав по нашиве продавници за долна облека сосе глорија (без лиска да се разбереме)некои маалски.....мн скапи бодињава под 1000 тешко имаше ама тие под 1000ка не беа баш баш на квалитет....каде да најдам пристапна цена а памучно топло да е сосе корпи кај градите ..ако знае некој нека пише позз
Постојано носам боди и едноставно неможам без него некако не се чувствувам удобно.Само 1 или 2 месеци во годината не го носам,а тоа е летно време кога е многу топло.
Не можам без него си го носам од септември до јуни имам различни бои но најчести црни носам.си ги купувам од пазарче 100,150ден,зависи каде.имам и боди на долги ракави и ептен е супер за зима,плус си го носам и под некоја блуза како додатно затоплување,или ако блузата ми е на кратки ракави бодито одоздола и топ е.имам и боди со кратки ракавчиња и со полуролка. закон работа само,на машкиот пол не им се баш омилени, Спојлер имаат голем мака додека сфатат од каде да се откопча и тешко им оди
Во последно време без боди не живеам. ПОстојано е на мене, ми праи друштво Неможам да ги поднесам обичните маици така да бодито ми е фејворит и ги исполнува сите мои стандарди. Имам многу бодиЊА (хаха) ии си ги обожаваааам
Господ здравје да му даде на тој што го измислил навистина практична работа. Не мора да му ја мислиш дали ќе ти се извади од фармерките ем те топли. Ма најдобри другарчиња сме си зимно време
Леле никаде без мојот најдобар пријател бодито, а на маж ми најголем непријател , но има среќа што не можам да спијам со закопчено боди . Ги имам на Винка Виница по 150 ден памучни во сите можни бои од црвена, до 2-3 црни, кафеаво, жолто, розе. Оваа зима си купив и ролка боди црна ама душата и ја извадив носејќи. Имам две црвено и црно чипкано танга боди но овие обичните ми се подобри, секако тие ги носам за специјални вечери