Кому му текна да го измисли тоа чудо наречено боди авал му вера бе. Порано со маички одевме, пак тие се тргаат, ладно ти е. Пак не знам што уште. Седи мирен за да не ти се истргаат. А со боди што сакаш прави си, тоа си стои на место А јас на зима и на есен обавезно носам, и на пролет. На лето никогаш
Носам во зима така понекогаш, ако носам некоја малце поразголена блузичка па облакам боди одоздола место маичка
значи без боди неможам да се замислам.Ги носам од октомври до мај секој ден..имам секакви,црни,бели,сиви,розе..но најчесто носам црно
Носам боди зима,есен.прилет постојано без боди не можам да си го замислам животот а во лето поретко носам
Откако ќе залади па се до пролет си носам,практични се,не се изместуваат,но најважно-половините секогаш ми се прикриени!
Исто и јас како Faline. Неизоставен дел од гардеробата ми се тоа време. Обични, памучни. Имам и боди кои ги користам исто така кога е посвежо, а носам некоја блуза или кошула од провиден материјал. Е тие се ликрени, со чипка, со корпи... Ама па и непрактични се. Не за секој ден
Одлични се за бубрези да си стоплиш. Ем прслук ем маица. А кога ќе се наведнеш да не ти се разголи половината. Мерак! За зима се супер. Башка сум си нашла разни што изгледаат како маица и си ги носам под сако (со прслук, се разбира).
Носам боди..удобни, практични абе само пофални зборови...А многу ми е тешко кога веќе времето се затоплува и треба да престанам да носам боди, се чувсвувам незатегнато
Носам боди постојано кога е ладно, дури и сега во лето кога залади некогаш навечер например после дожд веднаш облекувам. Некако поубаво ми е со боди. До пред некое време имав 2-3 шаренки омилени ми беа ги износив ептен, ама сега ми се стари и мали веќе
Без боди не се живее, дефинитивно . Практично е, ем топли и имаш во сите бои за да си го искомбинираш со алиштата. Не носам само во лето, ама и тогаш понекогаш си облекувам
Редовно носам боди,од кога ќе залади па се до пролет негде.Ептен ми е удобно и ич не ми смета.И обично носам црно или бело.
Откако го открив чудото наречено боди, постојано си носам. Само на лето не, се разбира, иако ми е тешко да се одвикнам..
Носам боди, доста е практично и лесно се комбинира со други прачиња облека..Што е најбитно топли во ладните ноќи и денови Не го практикувам во лето