Во Санда има преубави боди,јас си купив бело со крем,мнгу е убав памукот и многу се меки.Сега сум во план да си купам уште некоја боја од таму.
Ептен носам боди... Топло сигурно, знам дека нема да ми излезе од пантолони (како што излагаат мајците за здола). Дури и на лето понекогаш носам. Облакаш копчаш и готово, нема да ти студи во половината, нема да те болат бубрезите...
Го сакам поради сите горенаведени причини. Го мразам поради- 1) откопчај-закопчај за ВЦ 2) ми прави дупли линии со гаќите, ме оцртува многу на фармерките 3) некогаш не можам да дишам од тесното...
Почна сезоната за боди многу ме топли и неможам да се замислам без боди. многу повеќе врши работа него ли маиците веш што треба у гаќи да ги пикнеш,па ке излезе ке се измести..
Колку што ги сакам толку и ги мразам (око човечко незаситно никогаш да не се погодело ) Ги сакам затоа што не носам маички обични ме дујат и не се чувствувам женствено во нив, и затоа што нема поубаво нешто од нив припиено з атело и потопло, е сега тие тракатланции одење во вц па тешкотии, па ако брзаш ако ти се оди многу, охохох има смеа и затоа што многу рабови се знаат на гајки едно од гајките едно од бодито аман заман
Мојата сезона на боди започнува негде октомври-ноември, па се до март-април, зависи кога ќе се стопли времето. Неговата должност, нели е да те стопли, да не ти заболат бубрезите и сл., и тоа успева. Не ми се допаѓа што ради бодито, гаќите ми одат во гз и се нервирам, али добро, тоа не е секогаш. Некогаш кога седам тоа доле желевцето знае да ме гребе, па паники ме фаќаат. Исто, уште една ситуација каде ме фаќа паника, е кога премногу ми се иде во wc, а сирота ја треба и боди да откопчувам, али добро, што е бодито криво што мене некогаш ме фаќа зорт.
Господ здравје да му даде на тој што го измислил, од 3то-4то одд немам облечено маица.Уф колку мразев да ги носам, ти се трга кога ќе седнеш па пикај ја пак во панталони, па половина гола ти мрзне, на никако не си.Ова ќе си облечеш и нема мрдање ништо, и те стегаат, и кога имаш добиено на раат си, абе милина!Од октомври негде, до април-мај си ги носам, после во лето не.Имам негде накај 10тина, црни, бели, розево, жолто, и црвено имам едно. До сега сите задоволителни се, а појма немам од кај ми се, мајка ми ми ги купува.
на студ без маица сум одела од што ме нервирала нон сто се тутка се излекува, но откако излезе ова бодиво, спас за сите нас , не честоно штом залади обавезно го носам, убаво е памучно горниот дел чипка,милина, имам бел цер и беж, ќе треба уште некое боиче да купам.
Бодито е најдобар изум секоја чест на тој што го измислил СИ го сакам и си го носам барем никогаш половината не ми е гола и до кога носам боди никогаш мајка ми невика по мене кај си пошла со таа гола половина А си носам и боди ролка сумпер ми се за со фармерки, за со плетени елеци и такви ствари
Нит сум носела, нит ќе носам... Одвратно ми е чувството, неубаво, шубе... А па секс да започнам со боди на мене Ноу веј! Хулахопки (освен кога морам морам, стварно морам, кога носам фустанче или сукња, инаку и да е - 100 - ЈОК!) и боди моите најголеми непријатели, и најголемите причинители на кавгите со мајка ми во изминатите години.
за тој што го измислил... како што сум зимурлива, не можам да се замислам без боди на ладново (од самата помисла се наежив ), па уште да осетам дека ладно ми поминува на грб аууу брррр
Не можам да живеам без боди, ги имам многу, 2 црни, 2 бели, 1 розев, 1 сив. Смрт ми е кога ке се затопли времето и треба да го извадам бодито, навикнана сум на него и имам проблеми после кога ке го извадам, стомак боли па бубрези ова она.. Важно благословени да се премногу работа ми вршат, бидејки секако мразам маици у гаќи и такви глупости. И не ми пречат дека треба да го откопчувам закопчувам за одење во веце, испраксирана сум веке
Редовно присутно парче во мојата гардероба (сезона есен - зима со дадени исклучоци ). Ги имам и на кратки, и долги ракави (овие посебно си ги обожувам - супер одат во комбинација со волнени блузи и блузони ).
Зимно време - неизоставен дел од мојата облека. Ептен ми се практички, имам само едно со долги ракави како ролка, но не го носам зошто мразам затворен врат, се чувствувам како да ме дави некој намерно, а останатите нон-стоп ги менувам. Спасител ми е во ладните денови, навикната сум веќе и не можам без..
Зимата без боди за мене е не замислива. Од септември-октомви кога ке гоставам вадење на лето + ги имам во сите боички
Од кога ги настинав бубрезите една зима убавезно носам значи преку ден убавезно.. Ама за излегвање неможам и да сакам на хаљина не оди боди а стварно е убаво да се носи затоа што еден ден треба да бидеме мајки
Без боди неможам да живеам, имам многу, во сите бои, со долги, по прерамки Постојано носам боди па дури и на лето