Во последниве години се актуелни боенки за возрасни, кои се наменети за релаксирање после напорниот ден, но и за развивање на креативноста. Неколку изданиа можат да се најдат во нашите книжари, по цени од околу 250 - 350 денари. Цената им е оваа оти се печатени и на хартија на која може да се бои и со водени бои. Во случај ако веќе ги имате, или пак не можете да си ги приуштите, ќе ја споделам мојата колекција на боенки кои ги имам симнато од интернет како бесплатни примероци, кои можете да си ги испечатите во книжара по сена од околу 2 денари по лист. Исто така, би можеле и вие да ги споделувате вашите боенки ( би било пожелно да се тоа самите боенки, без линкови од интернет ). И по ваш предлог, може и да си споделите како вие нешто сте обоиле. Пријатно боење.
Баш мислев да отворам ваква тема. Неодамна си ја купив боенката за креативен ум од ТРИ, а успеав да ја обојам само првата страна. Немам баш време, а кога имам - немам секогаш инспирација. Може да споделуваме и како сме обоиле нешто, ако не е проблем.
Мене многу ми се интересни и релаксирачки овие боенки. До сега си дизајнирав сама некои вакви мотиви за боење, ама ете се прелажав да си ја купам боенката за спокоен ум онака, од мерак. Не е ништо посебно, единствена предност е хартијата на која е печатена, зашто можам да си бојам и со акварел без да ми се извитка листот, ама сепак мислам дека ќе продолжам сама да си ги цртам шемите за боење на соодветна хартија. Повеќе ме релекасира цртањето отколку самото боење, зашто онака на тепка си ги измислувам цртежите, а на крај навистина имам спокоен ум барем неколку часа во текот на денот. Ќе споделам нешто од колекцијата кога ќе имам повеќе време.
Јас боев ама тоа беше апликација што ја симнав во телефон. Но нешто почна да ми кочи па ја избришав. Размислував и да купам таква боенка но сеуште не сум купила, а добро би ми дошла.
Вчера баш ја видов во книжара боенката за креативен и за спокоен ум и се двоумев дали да ја купам. Интересно е и ова за сама да си испринтам.
А оваа сега што излезе, наше - македонско производство мислам....Каде може да се купи и која е цената дали знаете?
Во книжарница Три. Има три различни и цената им е 250 и 350 ден. Може да се бои и со темперни бои, акварел... Јас ја имам боенката за спокоен ум. Приметувам како зависно од расположението ги бирам и боите. Некогаш ќе обојам со милион бои, некогаш само со 2. Некогаш се е живо или дречи, некогаш се е смирено со комплементарни тонови. А времето... Ми лета.
Ај вака сега, кој човек што цел ден работи пред компјутер со бројки или пак некоја друга работа што бара максимална концентрација, после напорниот ден на работа, ќе седне да бои и да внимава да не излезе од линија. Абе ќе земам цела боенка ќе ја искинам. Сликите што ги постиравте ми предизвикуваат анксиозност... да треба нешто да бојам подолг временски период... нема шанси. Ете го опсесивно-компулсивното во мене, ако знам дека нешто не е дозавршено, а можело ќе ме мачи и цело време ќе мислам на тоа колку треба да добојам. Едно огромно НЕ за овие боенки од мене.... од тие детските може, се што се бои за десет минути аиии тоа индијката, една година ќе ми треба да ја набојам, ете ова ми дојде на ум ...
Прв пат кога слушнав ,,боенка за возрасни'', ми отиде паметот на нешто 18+. Сега сакам да си ја боенката за спокоен ум.
Kаква врска има акнсиозност со боенкава ? Нема за излезе индијката да ти нацрта точка на чело Може некој го опушта ова наместо читање книга или гледање филм ...