Mис на нет има еден куп кои можиш да ги симниш и испринташ.. Напиши Adult coloring pages и ти излегуваат милион слики, исто и на Pinterest имаш огромен избор
Со какви боички боите? Јас имам дрвени од Џамбо, ама толку се лоши... Нијанси нема, на пример сите сини како исто да бојат, стискај колку сакаш боите се бледи Дајте ми предлог за некои квалитетни боички Се мислев во Просветно дело да прашам.
ОК, мислев ќе ме релаксира ова, го видов на форумов пред некое време, па во Германија случајно најдов една интересна за 3,99 и ја купив. И ја искинав Купив и боици, ќе смирувам нерви. Седнав, почнав, се туфкав пола саат какви бои да ставам бидејќи сум антиталент за цртање, боење и се измеѓу. И на крај одлучив да ја искинам. Барем бесот го истурив на неа.. Мене ми треба упатство за употреба очигледно. А дај ми во фотошоп или илустратор, мајстор сум
@Avery јас ги користам овие од Просветно Дело Убави се, убаво бојат ко мрсни боички се и при режење не се кршат. Задоволна сум многу. Тука има 18 боички, а има и од повеќе што се
Јас користам Primo, од просветно дело ги имам купено, ми ги пофали продавачката, џоа италијански биле.
И јас почнав да бојам и ми годи ептен.Прво почнав за викенд, кога ке ми дојдеа дечињата од сестра ми на гости, па со нив ке седнев и јас да бојам и да си разговараме, и приметив дека ме опушта боењто.Бидејки преку недела по цел ден сум на работа пред компјутер, по пат до работа и назад читам, а дома почнав да бојам барем 1 саат приквечер и баш ме опушта.За анкциозност највеке ми помага читањето, ме релаксира ептен, ама претежно читам пдф книги на телефонот па после работа да читам и дома ми се ептен преоптеретување за очите, ова со боењево на приквечер ми дава простор за одмор откако ке ги завршам обврските дома, бидејки не сум љубител на долго гледање тв.Мажот ми ме зафркава за боењето, ми вика и колаж дека ке ми купи демек не сум ги надминала сите фази од детството, ама сепак ми дава простор да си уживам во хобито.Незнам зошто луѓето се преоптоварени со предрасуди, ако малце излезеш од зацртаните шаблони на ова квази општество одма си чуден, нешто ти фали, до скоро ми солеа памет за читањето, како можеш да читаш, губиш време, има филм по таа книга не читај, толку ли вишок време имаш, демек сите се подомакинки и слични идиотизми, сега за боењево иста песна само дополнета.Незнам за вас, ама мене ова крајно ме револтира, одам на работа, си имам нормален брак и нормално среден дом, и ако сакам 1-2 часа да си посветам во денот на работи кои ме опуштаат одма тоа некој го етикетира.Не мора сите да венеме пред телевизор за да бидеме нормални.Иначе боенкиве што ги продаваат по книжарниците се безобразно скапи, затоа си принтам од интернет.За боички најубави мене ми се Гиото, земав едни од Кам ама не се баш најдобри.Сега видов дека во стокомак има боички на акција ефтини, планирам да земам од тие да ги пробам.Од различен производител различни нијанси се, така да што повеке бои, поубави цртежи. Супер е што прикачувате обоени цртежи, браво!
Едно амле се заразив со овие... Избоив шлен и плен. И горд сум си на сработеното. Арно ама, сега, откако читам мислења по темава, стварно бе! Ова на некој начин напнува, еј! Чудна работа... Не сум размислил дека е така. Ама кога ќе се присетам на времето кога боев како да сум во градинка, катадневно - ме смируваше! Ми ги тргаше мислите и ми се приспиваше. Треба да земам да искашкам уште некоја страна. Инаку, си ги принтам јас. Многу скапи ми се тие официјалните книги, а разлика нема.
Bravo jas navistina nemam nitu nervi nitu zivci za vakvi sitnici a nitu vreme sto e najbitno. I koga ke smetam deka ke imam vreme sigurno ke mi se tresat racete voglavno sekoja vecerspremam nagledni sredstva za na rabota pa ok ete toa me opusta