Боенкава е стварно одлична.Многу е заразно, еднаш кога ќе почнеш да боиш не можеш да престанеш Еве мое дело
Или премногу слободно време имате или многууу јаки нерви. Јас да земам сега да бојам точка по точка, квадратче по квадратче, па нема шански, ќе искинам се и ќе фрлам во корпа со отпадоци. Сигурно во една вечер не успевате се да набоите, па имам прашање. Дали не ви смета тоа што пола работа, пола боење оставате недовршено ? Самата помисла ме нервира, зошто сакам веднаш да завршам. Инаку браво, интересно изгледа, се гледа дека кај некој делува релаксирачки
Време многу и немам, ама кога имам попрво читам или бојам отколку да гледам телевизија.Има одредени теми за боење што приметив дека ме нервираат, поготово ако имаат премногу ситни детали,затоа се држам до некоја за мене златна средина, ни премногу едноставни, ни премногу комплицирани,и нормално сакам да го избојам цртежот до крај ама се случува некогаш да го оставам и на пола ако ми излезе нешто.Бојам обично за викенд по 1-2 цртежи кога ке ми дојдат внуците од сестра ми на гости, преку недела ретко имам слободно време и зависи што книга читам, обично сепак читањето ми е бр.1.
Здраво. Јас ја имам таа за креативен ден. Една другарка знае дека обожавам ова па ми купила уште една боенка и ја погодила баш истата што ја имам. Ако сака некој/а од вас да ви ја дадам за 200 денари, инаку 250 е во книжара. Вчера ми ја даде, не е ни отворена. Пишете ми ако сте заинтересирани. Поздрав
искрено многу се интересни, а и смируваат од стрес само дали некој знае како се движат цените и каде можам да ги најдам ? Позз
Немаш потреба да купуваш, побарај на гугл или на пинтерес, како адулт колоринг пејџис и испринттај си.Боенките се обично тематски и се подосадни, на интернет имаш огромен избор.
Јас веќе 2 години активно си бојам боенки Ги открив боенкиве барајќи на нет начини како да се релаксирам и справам со анксиозноста, и прочитав колку бенефиции има од нив. Тогаш уште ги немаше кај нас, па си нарачав од интернет. Мене поубав начин на опуштање ми нема, толку многу се внесувам што скрос ми се празни умот, баш зборев со психијатарот ми вика исто ко да медитираш тебе ти функционира. Јас имам три од странство, а баш би сакала да купам некоја од кај нас, ама прво барем една од овие да довршам. Еве и од мене некоја слика Ќе ги ставам во сполјер пошто се малку големки Спојлер: Боенки
Си ја земав од Матица, 420 денари е. Голем формат е и има многу страници а и хартијата е навистина квалитетна.
Има огромна разлика во хартијата. И јас имам испринтани и обоени листови од Пинтерест, меѓутоа ограничена си на боење само со дрвени боички, фломастери и евентуално мрсни боички. Купените се печатени на поквалитетна хартија и може слободно да се бои со акварел. Обичен лист хартија станува извиткан кога ќе се натопи со акварел.