Леле мојата омилена работа од детството. Еден куп боенки имав и цело време си викав зошто не сум ги зачувала. Не знаев дека постојат за возрасни, ќе си земев некоја со мечиња и Црвенкапа А предлог за убави дрвени боички да ми дадете?
Здраво, да не знае некој во Скопјево некаде да можат да се купат само одредени дрвени боички, значи не цело пакување туку на пример само тие бои што ми требаат?
Одамна не сум боела, дури и на пола цртеж сум застанала последно . За среќа, имам неколку цртежи набоено за споделување . Само, дрвените боици што ги имам не оставаат доволно пигмент и буквално душата ја имам дадено во притискање , па ко сум ја затворила боенката некаде се копирал дел од цртежот од една на друга страна .
Многу тешко оди со дрвените боици, а со фломастери не е ист ефектот, бојата е преинтензивна, така што и јас се премачив со дрвените, боиците ми се набиваа меѓу прсти од притискање.
Јас бојам со дрвени боици претежно заради тоа што има различни нијанси; кај фломастерите тоа е поретко, плус, освен ако не си ептен внимателен и бавен, ќе имаш места каде се „сконцентирала" бојата и не се добива еднаква боја. Да не беше вака, би боела и со фломастери Овие боици со кои бојам се од Штедлер, и навистина се квалитетни од поглед на тоа дека не се кршат, ама ме изненади пигментот, некои пообични боици кои сум ги имала порано имале појак пигмент и без притискање многу. Ако некој знае дрвени боици кои ем се квалитетни (не се кршат), ем имаат пигмент, нека препорача