Се извинувам ако веќе постои ваква тема, но навистина сакам да дојдам до вистински информации за оваа хуманитарна акција. Сигурно повеќето од вас кои се од Скопје, на плоштад или во ГТЦ ги пресретнале жени кои продаваат боенки со кои собираат средства за деца болни од канцер. Дали имате информации за тоа која организација стои позади оваа акција и дали средствата кои се собираат се насочуваат за потребите на овие дечиња и нивните родители?
Имаше на фб некој објавено и сите споделуваа дека биле фејк хуманитaрци, само многу мал процент давале таму кај што кажуваат дека оделе сите пари, а другото се во џеб. Пред неколку години со истите боенки демек собирале пари за децата на улица, претходно за друга намена. Не знам, само муабети може се.
Често ги среќавам. Искрено она што ме нервира е што ти даваат фиксна цена од 100-150 денари, за боенка која вреди 20 денари.. а да одат со цена пример 50ден верувам дека многу повеќе луѓе ќе купуваат. Денес може 100 луѓе ќе дадат по 50 денари, тоа се 5000. А по 100ка ако дадат 10луѓе тоа се 1000ден. Мислат дека ако качат цена повеќе ќе соберат. И затоа, не знаеш каде вистински треба да дадеш и да помогнеш. Како може да ми кажат дека се хуманитарци а гледаат како повеќе да ќарат.
Вака собираат пари не само за деца болни од канцер, туку и за луѓе со ретки болести. Мене пред неколку месеци ме пресретнаа на улица, не беше во Скопје ова. Ама се' си мислам од Скопје дека беа дојдени, поради зборувањето, оти ние си имаме дијалект па и посебен акцент. Кога ми рече жената боенка 100 денари... Ај и' дадов, си реков, ако е стварно за болни, би сакала да помогнам, а ако не е, нека им служи на чест и со здравје да си ги трошат. Ако е фејк, стварно забегана работа.
Јас имам информација дека 50денари одат за донација а остатокот се за нив. Како и да е и тие имаат т-ци, и тие работат за да заработат. Добро би било и ако дел од парите одат на вистинско место во ова лудо време.
Не е така, хуманост е кога собираш за да дадеш се, а не да направиш и за себе некој денар. Тоа што ти го кажуваш не е хуманост него бизнис. И не треба така да размислуваме, ако се помириме со се со овие зборови, добро е и толку да оди кај нив, секој ќе не прави будали. Ко сега што не прават и си велиме ај добро е малце што оди кај што треба. Не!
Незнам од која бранша си, но девојката или жената која стои и ги продава тие треба да земе плата, некој треба да ја плати, оти нели и таа излегла од дома и оставила фамилија која чека да донесе некој денер за да се прехранат. Тој што ги испечатил тие сликовници направил трошок треба да плати за хартија, услуга, треба да ги плати т-ците за фирмата, сметки, придонеси за вработени, даноци, итн итн. Кога ќе земеш се во обзир според моите ставови и убедувања ОК е!
Ми пристапиа еднаш во ГТЦ, мислев дека се од Харе Кришна или Јеховини сведоци и дека делат трансцендентална или библиска литература.
Во една прилика им реков дајте ми трансакциска се заќутеа и толку беше. Сум купувала, ама кога усно ти ја кажува цената и нема доказ за уплата,се е јасно.
Јас извадив 100ка и им побарав фискална. Ми рекоа немаме. Си ги вратив парите во новчаникот и си заминав
Другарка моја ги имаше прашано за која организација се работи, ако може да помогне повеќе, но не и одговорија и си заминаа велејќи "Ако не сакате да донирате, немора, само продаваме боенки."
Некоја година уназад се продаваат тие боенки, па каде е организацијата да излезе да соопшти колку средства се собрани, на кој случај или оддел се доделени, да има медиумско покритие ? Мислам дека е превара жива ова. Хуманитарно, исклучиво со уплаќање на жиро сметка на личноста/фамилијата која бара помош. Така барем знаеш во чии раце си дал макар и скромни 100 денари.
То е чиста превара. Јас имам купено такви боенки во Битола лани со цел за да донирам но дома на боенката видов редовната цена дека е далеку помала од цената по која се продаваат.
Не одат така тие работи, или барем не треба да одат. Тоа веќе бизнис е кoј гo кoристи збoрoт хумaнитaрнoст зa прoфит. Акo јaс прoдaвaм пиперки нa пaзaр и реaлнaтa ценa е 50 ден килo, мoжaм дa стaвaм ценa 80 ден и дa нaпишaм декa пaрите oдaт вo хумaнитaрни цели, a всушнoст сaмo 30 ден (прaшaње е дaли и тие ќе ги дaдaм штoм не дaвaм oтчет никaде) a прoфитoт кoј oд стaрт сум гo прерaчунaлa пaк oстaнувa зa мене. И требa дa е регулирaнo, дa се знaе oд кoјa непрoфитнa oргaнизaцијa е, зaр туку тaкa сaмoстoјнo мoжеш дa прoдaвaш пo улицa и дa велиш декa е зa хумaнитaрни цели? Дoзвoлa некoјa, лиценцa?
Небитно во муабетов која бранша сум јас, ама грешка си за ова. Тој што направил трошок за хартија а сака да биде хуман, нема да бара надоместок за хартијата, ни оној што продава ќе бара плата. Тоа е хуманоста, да даваш и да не бараш за возврат ништо. Ова што ти ми го кажуваш не е хуманост. Ако таа има фамилија дома што треба да ја прехрани, нека се вработи со регуларно работно време, во регуларна фирма, фабрика или што и да е. Не можеш од хуманост да преживуваш, освен ако бараш да донираат сретства за тебе. Нема логика хуман да сакаш да си и покрај тоа да заработиш. Јас кога донирам пари не сакам да ми одат парите за плата за некој што продавал, сакам да поможам на тие што ми кажуваат дека ќе им ги донираат. Ако од моите, твоите донирани пари си делат за плата тогаш пари не давам!
Пред некое време една жена ми нудеше боенка и ја купив. Прво се мислев дали да дадам пари. Нема да осиромашам за 100 денари. И јас имам наслушнато дека ова е превара. А уште почудно ми е што не кажуваат од која фирма се.
Не купувам, ни па давам на деца што просат на семафори од причина што и така ќе им ги земат после. Поарно храна дај им се даде барем знаеш нема да бидат гладни тој ден.