Преубави Ме интересира каде може да најдам квалитетни алатки за работа, конкретно за нанесување на ројал ајсинг? Бев во Меркур, Алфи, Хубо, Карес нигде нема освен пластични, многу широки. На крај земав од ДМ, има едно мало меѓутоа за попрецизно цртање треба уште помал отвор.
Dolce има најмногу избор за изработки одамна не сум била не знам дали уште постои, имаше кај католичка и во мичурин. Ама за ова тебе што ти треба, јас не користам шприцеви, најчесто земам зиплок ќесички, ги полнам во долниот ќош и сецнувам на крајот колку ми треба да е широко/тесно. Не се мачам да мијам, после иде во канта, а башка може 10 бои од еднаш да имам.
Баш ме заинтересира ова. И јас сакам да направам вакви. Каде можам да најдам материјали за работа, а да не е на интернет?
Jumbo, сум гледала и Хубо маркет, во поголеми маркети ( ова за оние шаблоните, елка, звезда, дедо мраз и други). Шприц со 10 различни дезени имам од хубо земено, ама дали мн стискав го пукнав хахаха