И јас. Дедо Мраз ми беше многу антипатичен Повеќе потрошиле во правење на филмов одколку што заработиле. Засекогаш омилен од овие филмчиња ми е трилогијата Christmas Prince, безвезални се сите од прв до последен ама тоа е
Да не лутам на нетов барајќи предлози, некои убави божиќни филмови за празнициве да се гледаат да предложите. Понови да се би сакала.
Klaus (2019) Let it snow (2019) A boy called Christmas (2021) Ако сакаш некој со повеќе ром-ком, тогаш Holidate (2020) или Holiday in the Wild (2019) со Кристин Дејвис. Мислам дека сите ги има на Нетфликс.
Многу убаво и интересно божиќно филмче со Линдзи Лохан.Го има на Нетфликс кој сака да го погледне. Falling for Christmas (2022)
Фала ти. Изгледав се. Давајте уште предлози за романтични Божиќни филмови, ги обожавам филмовиве ама не знам веќе што да гледам
Ете ти идеја го пишав погоре Falling for Christmas (2022) со Линдзи Лохан гледај го ако го немаш до сега гледано.Убаво божиќно и романтично филмче.
Годинава слабо гледам вакви, ама еве што ми е на листата: Violent night Falling for Christmas The Noel Diary Christmas with you Сите се од 2022 и немам поим дали некој ќе ми се допадне, ама ќе ги гледам кога ќе останам послободна околу празнициве.
Еден предлог од мене за предобар Божиќен филм. Ќе си го цитирам мислењето од темата за пишување рецензија за филмот што последен сме го гледале.
Каков е филмов, вреди да се гледа? Ми стои на листата филмови планирани за гледање, никако не му најдов време да го гледам.
Доколку ви се допаѓа Die Hard, или не сте за шеќерести филмчиња, тогаш Fatman (2020), со Мел Гибсон. Некој се обидува да го убие Дедо Мраз. Црн хумор и фантазија во реалистичен зимски амбиент. Го гледав за Нова година, го даваа на ТВ и супер ми дојде.
Има едно постаро филмче од '83та: Едно дете Ралфи сè што сака за подарок за Божиќ е играчка пиштол, но неговите не сакаат да му го купат бидејќи можел око да си истера со него. Покрај многуте смешни дешавки, Ралфи се труди да ги убеди да му го подарат. Малце е детски, ама е heartwarming. Особено ако сакате постари филмови. А во '22 направија продолжение, секако Ралфи е возрасен маж со своја фамилија: Бидејќи татко му ќе почине, за Божиќ одат кај мајка му и негова задача е да им приреди совршена божиќна вечер. Од нови овој ми се допадна: Не е апла божиќен филм, ама дејствието е за време на празниците кога еден студент заглавува на кампус со еден професор (и готвачката и чистачот). Ептен симпатичен ми е, и ми се допаѓа вајбот како да е сниман во '70ти-'80ти.