Bozik e praznik za dusata.ima nekoe posebno custvo na ubavina,smirenost, toplina bliskost.Jas Bozik go sakam mnogu poveke od nova godina, a vie?
Па јас сум атеист, но многу го почитувам Божик и еуфоријата што ја дава и е секако многу поважен од новогодишниот ден. За жал не чуствувам некоја голема еуфорија и не му се радувам како порано, некако патетично ми е тоа семејно собирање, но сигурна сум дека кога ќе пораснам ова мислење ќе ми се измени.
Znaete,mislam oti nepotrebno se akame za Nova godina :roll: toa i ne e bas nas obicaj,sekako deka e poubavo cuvstvoto za Bozik.Druga e euforijata,pa gosti i se ostanato,ama i za nova godina e ubavo i veselo,pa kako site taka i jas
Здраво на сите кои го сакаат Божиќ, Не знам зошто постојано се споредуваат Божиќ и нова година. Да, блиску се како календарски денови, но всушност според своето значење се премногу далеку. Божиќ како и Велигден (тие се според мене два најголеми,најсвечени денови) е свет ден. Невозможно е да се споредува со нова година. Нова година е само ден кога поминува една календарска година и се заменува со нова. Секој ден може да го славиме како нова година. Можеме да направиме голема забава, да се собереме во кафеана, да се собереме на журка дома, да ја споделиме ноќта со близок. Тоа може да биде секој ден од годината, само треба да постои малку поголема желба. Ова го зборувам од аспект на возрасен затоа што сепак за тинејџерите ова е убав и значаен ден, но и тие кога ќе поминат неколку нови години на различни начини велат „досадно е тоа, лани бевме у кафана, претходната година правевме домашна журка...“ Божиќ е посебен ден. Прво поради своето значење, а потоа поради неговиот претходник Бадник. Семејната вечера, сите оние обичаи врзани со тој ден и тој празник. Навистина е убаво чувството кога ќе појдете во црква и ќе ја слушнете празницната молитва, убаво е кога целото семејство ќе се собере на семејната трпеза, убав е самиот чин на кршење на лепчето, а пак да не зборувам за среќата која ја носи онаа малечка паричка скриена во него, убав е чинот на внесување на бадниковото гранче во домот, па бадниковиот оган и да не должам убаво е се поврзано со Божиќ. Божиќ е ден кога на посебен начин се среќаваме со своите најблиски, кога си посакуваме пред се здравје и љубов. Мислам дека нема некој да не се сеќава за божиќните празници во детството, за местенките на паричките (кај децата) се со цел да се види една голема насмевка на нивните лица. Затоа сакајте го и славете го со најголеми почести овој празник и сите заедно на фоирумов ќе си го честитаме најубавиот ден во годината.
prethodniot post me natera da pi[am, mnogu me interesiraat narodnite obi;ai i nivnata simbolika, pa aj ka\etye nekoj adet od va[iot kraj, i ako znaete nsapi[ete go zna;eweto na istiot
Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, осбоено поврзани со Бадниковата вечера. Зборот Бадник веројадно доаѓа од старословенски - да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник - будник“. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај обредниот оган. Истражувачите сметаат дека во праисторијата овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна, Христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека Христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил: „Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“ Во Македонија Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите. На Бадник во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои. Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во врска со обредните коледарски огнови е и обичајот коледица. И денес како и во минатото и во селата и во градовите во сите краишта на Македонија помали или поголеми групи деца палат оган и го прескокаат. Рано изутрината на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се: пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др.[3] Една од најпеаните песни што и сега се пее во овие случаи „Коледе леде“ Меѓу дванаесетте големи христијански празници Божиќ се празнува најсвечено. На овој ден се празнува раѓањето на Господ Исус Христос, второто лице од Светата Троица. Обичаи Обичаите што се изведуваат на Бадник и Божиќ се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, но она што е заедничко секако се богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, коледниот оган и бадниковото дрво, како и коледарските песни. За Бадник трпезата секогаш е посна, но исклучително богата ( посна сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл.) Пред да започнат домашните да вечераат, домаќинот го отворал прозорецот и го поканувал Дедо Боже на вечера со зборовите: "Повели Дедо Боже да вечераме". Во некои места софрата се изнесувала во дворот и оттука се упатувала поканата кон Дедо Боже. Обичај е по вечерата софрата да не се крева. Храната останувае цела ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божиќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. На Бадник во секоја куќа се меси обредно лепче со пара, познато како кравајче во кое се става сребрена пара. Кога сите ќе седнат на вечера домаќинот откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата, и оној што ќе ја најдел парата ја ставал во чаша со вино од која сите пијат за здравје и среќа. На оној што ќе му падне парата се верува дека годината ќе му донесе многу среќа, радост, успех и богатство. Со Божиќ е поврзана и поговорката: "Пред Божиќ зад Божиќ кај да си, дома да си" што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом. На Божиќ се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село. Божиќ, според црковниот календар, се празнува три дена. Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.
Nova Godina e samo eden iskomercijaliziran praznik. Se znae deka Bozik e eden od najgolemite pravoslavni praznici i vo nikoj slucaj ne smee da se sporeduva so nova godina. Bozik mi e eden od najomilenite praznici(zaedno so Veligden) Za Bozik ne postam, ama za Veligden si postam i toa mi e mn ubav ritual na procistuvanje na dusata i na teloto
Svetlina, duri sega go procitav postot i navistina me voodusevi (sto si po struka- ili vaka privatno gi poznavas ovie obicai) sekoja cest poooz
A jas se sekjavam deka porano samo za Vasilica se stavase paricka, a za Bozik ne...mislam barem taka bese kaj nas
Kiki-Riki, Ова воопшто не ми е професија. Преведувач сум, ама во голема мера ги познавам нашите обичаи. Поздрав!
Според мене Нова Година е веќе преногу искомерцијализирана работа. Додека за Божиќ..... еее тоа е вече енешто друго.... Совршена хармонија според мене.
VO NEKOI GRADOVI ZNAM POTOCNO ZA PRILEP DEKA PARICKATA SE STAVA VO LEPCE NA VASILICA NA 13 JANUARI A VO DR E NA 6 JANUARI NA BADNIK
Нова година воопшто и не е празник.Мене Нова година не ми значи ништо. Божиќ е всушност празник кој е матица на сите други црковни празници.На секое Божиќно утро ми се јавува неверојатно чувство на исполнетост,како што кажа Хипи,совршена хармонија.
Еден обичен ден, момент, премин од една во друга календарска одина. Крај на една и почеток на друга година.... да, само тоа е за мене Нова Година. Ден, за некого празник што ме потсетува на многу светки, алхохол, ништо посебно ... Е Божиќ ми е посебен ден од годината, најпосебен.. имам чудно чувство, неописливо, барем кај мене дома сите се среќни и се чувствува љубов, да и во обични денови не обеваат исти чувства, но на Божиќ се посебни, најубав ден во годината, го обожвам !
Пред 5години на Бадник почина баба ми која премногу ја сакав. Изминативе 4години за мене овој празник беше се само добар не. Некако со омраза го дочекував, без воопшто радост. Ме потсеќа на сите изминати години кога баба ми на тој ден месеше еден преубав зелник, кој никогаш повеќе не го вкусив(не ни верувам дека некој би го направил ист), на вообичаените местенки со паричката кои толку умешно ги правеше, на преубавата трпеза, мирисот во домот, вечерата полна со љубов... Но, годинава како нешто да се промени во мене(ништо значајно и видливо), се осеќам среќно, исполнето и со душа го чекам Божиќ. Обврските нема да ми дозволат но, ќе се потрудам максимално да уживам во празникот.