Бадник и Божиќ за мене се најубавите празници во годината. Тогаш имам некое посебно чувство, се чувствувам исполнето и среќно. Ги сакам сите тие адети и обичаи кои се прават, прекрасните јадења ммм
Јас си ги сакам и Бадник и Бозик, а бадник ососбено, оти лепчето со паричка ми е многу интересно ко помала знаев да зиркам каде е тоцно париЧката и најЧесто погодував, ехехехехехе па така да секогаш го криеја мајка ми и баба ми покојна од мене лепчето за да не го најдам. Потоа сватив дека секогаш го ставаатод Зито Лукс во средината, па не ми беше интересно, ама друго е дома кога е направено, никогаш не знаеш каде е е, и е поинтересно, само опасно, оти ако не го приметиш завиткано во сребреста фолија, можес и да го голтнеш ппп скраја да е
A инаку на едниот од екс момцињата на Бозик му е именден, па секоја година му Честитам, а така ке биде оваа, иако веке неколку месеци не сме заедно, и мислам дека е така подобро, оти не се издрзуваШе веке, т.е. незнам која него би го издрзала освен јас
Божиќ е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари. Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости. Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.
Божоќ е единствен празник каде се чуствува таа домаша еуфорија со сите членови зберени на едно место... Многу го сакам Божиќ .... Тој период ми е најубав во годината
Божиќ го очекувам со нетрпение. Сакам кога сме сите дома заедно и разговараме. Овој празник ми дава мир и спокој на душата.
Божиќ е еден од моите најомилени празници, заедно со Бадник секако. Многу ја сакам атмосферата на Божиќ, кога целото семејство е собрано. Ги сакам сите обичаи, а најмногу лепчето со паричка. На Божиќ се чувствувам многу убаво, исполнето и дефинитвино тоа е нешто што не се опишува со зборови. Еден од најубавите празници.
За мене ова е најубавиот празник (Божиќ ми е и куќна слава) и најубавиот период во годината исполнет со преубави празници и целото тоа празнично расположение, градот и домовие накитени, се собира фамилијата заедно, едноставно целиот тој период ми е некако волшебен и магичен. Не е џабе кажано ''кај и да си за Божиќ дома да си''.
ахх колку само ми е најубав празникот и кога сум била помала,се сеќавам дека секогаш за божиќ во мене имало нешто носталгично,на тој празник нешто се буди во мене, најубаво ми е тогаш
Според мене Божиќ е многу многу поубав од Нова Година(која има само симболиско значење на нов почеток)
Уште од мала многу се радував на Божиќ,ми носи многу расположение и посебно ми е мило што тогаш се собираме цело семејство .Многу сакам да гледам и филмови за Исус ,дефинивно ми е најомилен празник
Јас Божиќ го сакам најмногу и тогаш ми е роденден и пресреќна сум што мајка ми ме родила на Божиќ. Не се викам Христина само да ви кажам хахаха
Божиќ или Божик е денот на христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари. Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости. Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“ Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот - начелото на идниот век. Навуходоносор во неговиот таинствен сон го гледа образот на Рождеството Христово, протолкуван од Данаил (2 глава). Карпата којашто се отцепила од планината без да ја допре човечка рака и го разрушила големиот идол е образ на Христовото раѓање.Обично во иконата на Христовото раѓање Спасителот има сликовита врска со каменот кој го победил и разрушил страшниот човечки егоизам, во ликот на идол. Младенецот е претставен повиен, во средина на иконата. Земјата во иконата на Рождеството Христово не се претставува мазна и рамна, туку е полна со движење, разиграност, ридови и процепи. Тоа движење потсетува на морските бранови. Обично во иконата на Рождеството се изобразуваат исто така и ангелите, мудреците и пастирите. Ангелите, како први гласници на Радосната вест за Рождеството Христово, мудреците и пастирите - претставници на човечкиот род, се поканети да му се поклонат на Христа. Во горниот дел од иконата се претставува ѕвездата која ги води мудреците на еден начин кој ретко се среќава. Таа е испратена да стои точно на врвот од пештерата. Витлеемската ѕвезда се запазува како симбол не само во иконата на Рождеството, но и во Светата Литургија. Свеќникот кој се поставува во повечерието на Рождеството во средината на храмот, исто така ја симболизира ѕвездата. Очигледно е дека таа зазема многу важно место на празникот Рождество, зашто е древен симбол на Христа, како што ни сведочи и Откровението: „Корен и потомок сум Давидов - Свтла и Утринска Ѕвезда.“ Обично е изобразен и Јосиф, заштитникот на Дева, исполнет со тага, измачуван од сомнежи, неможејќи да го разбере таинството на Раѓањето на Синот од Девата. Карактеристично за многу икони на Рождеството е дека Богородица гледа не кон Спасителот, туку кон Јосиф, со поглед исполнет со разбирање и длабока сочувствителност. Очигледно е дека таа со сите сили сака да му помогне. Иконата на Христа е образец или слика на бесконечната слава на доброволното предавање на Христа. СРЕЌЕН БОЖИК НА СИТЕ ФЕМИНКИ
Еден од моите омилини празнициии шири таква убава атмосферааа секогаш се чувствувам убаво и расположено на тој ден. СРЕЌЕН БОЖОЌ НА СИТЕЕЕ!
И јас повеќе го сакам Божиќ од Нова година. Повеќе ми ја исполнува душата со чувства на радост и среќа. Нова година е како обичен ден за мене кој го одбележува почетокот на новата година. Ништо друго...
Исто и јас како Даниела.. Повеќе го сакам Божиќ. За нова година и немам некоја еуфорија.. Една најобична ноќ.. Незнам стварно зошто толкава галама се дигна.. На Божиќ некако ептен ми е убав денот.. Даваат некои такви филмчиња на тв.. Некоја ,,магија,, има
Божиќ, еве уште малку и тука е. Ах, одвај чекам да дојде, не за друго, туку некаква магија има на тој празничен ден. Сите се заедно, сите се среќни. Никој нема намуртен да сретнеш на улица. Сакам повеќе такви денови.