[СДК] Сакам да кажам... Прво Христос се роди се надевам сите поминавте добро. Ние Битолчани немавме можда 6 сати струја и така мисирката ни загоре После има снег што е добро и тоа дека утре ми е мака да одамкај баба ми на ручек ама тоа е
Во која фрка сум за бадниковата вечер и за божиќ др. ден ,спреам местам ,место не ме држи некоја торта ке замешам, и тоблероне обавезително......и полсе бадниковата вечер добар филм винце и в кревет се знае потоа . Го сакам овој празник ,утрото се знае в црква цела фамилија и пота цел ден со гости Нека ни е за многу години.
Мене најубав празник ми е Божиќ.А како мала па ми ја местеле паричката за да не се лутам бе,ќе ми кажат оди Дала донеси ова,донеси она,и ќе искористат за да за да го преместат лебот Ама важно јас си се радував. Тоа е битното
Божиќ е најубавиот празник за мене,посебно дека и баш на Божиќ сум родена па имам дупла причина за славење.Тогаш има неопислива хармонија во секој па и во мојот дом,сите се собираме со богата трпеза,а по заедничкиот ручек следува тортата.Како што знаеме сите Исус Христос тогаш се родил и затоа за сите нас е свет ден кога сите се весели и владее позитивната енергија кај луѓето .Тој ден е најпосебен за мене исполнет со чувства кои што прават да ми излезе срцето од возбуда,сречќа,љубов .
Денот кога во домот се чувствува топлина.Денот кога во домот се чувствува љубов.Не дека другите денови не се сакаме,но овој ден е некако посебен.Самиот тој ден ни дава надеж да го живееме животот,да ги сакаме и да се грижиме за најблиските бидејќи само тие не ни мислат лошо.Да,да.Тој ден е Божиќ. Инаку повеќе ги почитувам и сакам Божиќ и Бадник,отколку Нова Година која не е ниту празник.Само почеток на нова календарска година. Па,нека се среќни и весели овие Божиќни празници (малце порано).
Го сакам Божиќ најмногуу!! Ајде ќе ни дојде за 3 дена и тој голем Ден.. Охх колку е само прекрасно.. Па од се срце ќе си кажеме: Христос Се Роди!!
Божиќ, празник кој внесува топлина во домот и целото семејство го збира на едно место.Сите секогаш ведри и насмеани и со искрени желби во себе.
Божиќ ме асоцира на празник кога сите седат дома седнати на трпеза која е преполна со секакви јадења и се чека вртењето на питата со паричка.На овој празник дедо ми секогаш велел дека се седи дома и не се оди никаде и често знаеше да ја каже поговорката -Кај и да си пред Божиќ зад Божиќ дома да си! Нека ни се среќни празнициве па вгодина уште повесели да ги дочекаме!
Утрото децата одат по домовите и пеат коледарски песни. Коледарски песни на децата се за: здравје , бериќет и плодна година кои ги симболизирааат гласот на ангелите за Христовото раѓање. Тие носат добри вести! Домаќините им подaрауваат традиционално: костени, ореви, јаболка, бомбони и сл., некои му пуштаат и парички, што не e трaдиционално, туку модерно! Убаво e секој дом да биде посетен од повеќе деца, тоа е за напредилук во семејството. Одбивањето е лош знак. Христијанскиот празник Божиќ, ја буди топлината. За многу години!
Божиќ ми е еден од омилените празници. Се чувствува топлина и блискост меѓу членовите на семејството. Сите сме заедно. Што може повеќе да се посака од тоа.
За Божиќ знаеле и пред да се роди Исус. Еве на пример библискиот пророк Исаија околу 700тини години пред Исус да се роди запишал: „Затоа, Господ самиот ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Емануел!“ (Исаија 7:14, Библијата) Името „Емануел“ на еврејски (Еману-Ел) значи „Бог со нас“, „Бог меѓу нас“. Исус беше токму тоа, Бог кој се отелотвори и чекореше меѓу луѓето. Исто така за Божиќ знаел и библискиот пророк Михеј кој исто така 7 века пред Исус да се роди запишал: „А ти Витлеему Ефратов, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечните времиња.” (Михеј 5:2, Библијата) Витлеем е многу мало село во Јудеја. Тогаш било уште помало, затоа што денес е туристичко место заради Исусовото раѓање таму и затоа пророкот Михеј го нарекува најмалиот меѓу Јудините кнезови (градовите во Јудеја). Која е веројатноста да го погодите на среќа ова село како родно место на Месијата? За да биде пророштвото уште попрецизно, пророкот прецизира дека Владетелот ќе биде роден од Витлеем Ефратов. Што значи тоа Ефратов? Во Израел имало 2 села под името Витлеем. Едниот е Витлеем Ефратов (според човекот Ефрат), а другиот е Витлеем Завулунов (според племето на Завулон) е малку на југ (под Ерусалим, види на мапата десно). Пророкот прецизно предвидел во точно кој Витлеем ќе се роди Исус. Христовото и само Христовото потекло е од дамнини од вечни времиња и затоа знаеме дека ова пророштво се однесува на Него. Витлеем (на еврејски Бетлехем) значи „куќа на лебот“ Исус во евангелијата за себе вели „Јас сум лебот на животот…“ и „Јас сум лебот што слезе од небото..“. Лебото од Небото слегол и се вдомил во место наречено Куќа на Лебот – колку совршено го скроил тоа Бог зарем не? Ова се ткн. „Месијански пророштва“ и во Библијата ги има околу стотина кои се однесуваат за раѓањето, животот, смртта и воскресението на Исус Христос. На следниов линк можете да прочитате повеќе: http://www.apologetika.mk/?p=671
Затруените скопјани не се откажуваат од бадниковите огнови И покрај апелите да не се палат огнови за Бадник поради високата загаденост на воздухот во Скопје, во некои делови на градот веќе се поставени клади спремни за палење. На социјалните мрежи деновиве кружат апели да не се палат бадниковите огнови, за кои и црковните власти велат дека спаѓаат во пагански обичаи, поради големата загаденост, како и парите дадени за дрвата да се пренаменат. Дали, сепак, граѓаните кои ги наредиле кладите ќе се предомислат? извор: http://www.plusinfo.mk/vest/100841/zatruenite-skopjani-ne-se-otkazuvaat-od-badnikovite-ognovi
Се обидуваат да скратат традиција постара и од македонската црква.. А ако сакаат да ги пренаменат парите дадени за дрва нека донира тој што го напишал апелот, нека го продаде џипот и нека донира а не да бара да донираат луѓе кои земаат 200 евра плата и едвај чекаат да се порадуваат на празникот да се соберат со семејството.. Инаку баш од бадникарските огнови ли е затруено скопје? хаха... Да не беа бадникарските огнови може почист ќе беше воздухот во Скопје.. Во град без зеленило каков сакаш да биде воздухот? Што не ќе измислат уште Боже помогниим... Пред дваесетина години скоро цело Скопје ложело печки на дрва во своите домови па не било затруено затоа проблемот не го барајте во бадникарски огнови.
Значи логикава, ако е веќе затруено ајде уште позатруено да го направиме?! Како мислиш не било затруено пред 20 години? Било, само во помал процент - помалку домаќинства биле и не е точно дека ложеле печки скоро цело Скопјем напротив повеќето биле на парно. Но и тогаш кога бевме мали се сеќавам колку труеше зимно време Скопје без ветер.
Таткоми е од Скопје тука живеел човекот не го измислувам јас тоа а и е сигурно далеку постар од тебе.. Почисто било, дури и на слики се забележува, сега тоа што го дишиме го гледаме. И зборот ми беше дека причината поради која Скопје е затруено не се бадникарските огнови.
Татко ти е од време кога Скопје било помало со помалку жители а со тоа и помалку печки а и со поинаков градежен план. Секако дека не се, но кога веќе знаеме дека е затруено ајде да не го труеме уште повеќе!
Ајде да не го труеме и јас сум за!! Ама не ни се мешајте во обичаите кои се постари и од самото Скопје... Апелирајте ајде помалку да се возат автомобили, да се засади зеленило во Скопје наместо да се сече и тоа што го има, да не ги градат зградите една до друга бидејќи нема циркулација воздухот и уште многу други причини... Ама очигледно на некој не му смета загаденоста на Скопје туку му сметаат бадникарските огнови.
Во најмала рака е смешно, а мене лично ми е трагично, да се напише дека палење на бадникови огнови го загадува Скопје. Да, баш тој оган што се пали само една вечер во годината и тие дрвја ќе го загадат градот. Едно е црквата да каже дека тоа се пагански обичаи и дека не се поврзани со христијанството, ама нешто сосема друго е да изјавиш и напишеш ваква глупост. Апсурдно е. Непланско градење, недостиг на зелени површини и премногу автомобили кои ги има СЕКОЈ ДЕН не им пречат, ама затоа обредни огнови - ДА, им пречат. Што се однесува до апелот за дрвата да се дадат на сиромашни семејства, нека даде тој барем пола плата или еве нека го даде часовникот, не мора џипот, како донација и тогаш да правиме муабет. Нели, свештено лице е, угледна личност, па нека биде и пример.