Бадниковите огнови веќе не ми се она што ми беа некогаш, не присуствувам на нив, но кој си оди нека си оди, нема што да судам за тоа. А за апелот годинава, мислам дека е во ред, но огновите бадникови не се единствената причина за загадувањето ниту избегнувањето на палењето е којзнае какво решение. Треба посериозни мерки да се превземат а не да се фаќаме за сламка.
Еве еден краток, но поучен текст поврзан со Божиќ: Обидот на царот Ирод да го убие бебето Исус - во историски контекст
Исус се роди, среќен Божиќ на сите христијани! Како што објави ангелската песна - нека е слава на Бога во висините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја! Доколку сакате да видите како се прославува Божиќ во протестантските цркви, повелете утре на Божиќна богослужба во некоја од протестските цркви. Мојата локална црква ќе има Божиќна богослужба во 11:00 часот, спроти Лептокарија (позади Вегера).
Дојде Светлината во овој мрачен свет! Христос се роди! На сите христијани им го честитам Божиќ со следниве библиски цитати напишани по хронолошки редослед од времето на Мојсеј, до Исус: “Го гледам, но не сега; Го набљудувам, но не од близина; Ѕвезда излегува од Јакова, Жезал се издига од Израел.” (Броеви 24:17) „Народ кој одеше во темнина виде голема светлина; оние што живееа во мрачна земја, ги осветли силна светлина.“ (Пророк Исаија 9:2) „и ете, ѕвездата, што (мудреците) ја видоа на исток, одеше пред нив додека не дојде и не застана над местото каде беше Детето.“ (ев. Матеј 2:9) „Се јави човек, испратен од Бога, по име Јован (Кристител). Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, па сите да поверуваат преку него. Тој не беше светлина, туку дојде да сведочи за Светлината. Вистинската Светлина, Која го осветлува секој човек, доаѓаше во светот.“ (ев. Јован 1:6-9) „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.” (Исус, ев. Јован 8:12)
Lugenca,sreken praznik Da go slavime ushte mn mn godini. Da pomozi na site,i vernici i nevernici. Hristos se rodi,navistina se rodi.