Верувате ли во Божја казна? Мислите ли дека секој порано или подоцна си го добива тоа што го заслужил, и плаќа за гревовите што ги сторил?
Да, верувам - What goes around - comes around. Сепак, повеќе би го нарекла карма, отколку божја казна.
Јас верувам.. секогаш кога некој ќе ми згреши а неможам да му вратам , велам: Господ гледа тој нека ти врати, кога јас неможам
Карма?!О,да...Судбини и божиј казни?!О,не... Силно верувам дека кога-тогаш се вртат нештата и искрено со душа го чекам денот кога ќе се случи тоа и напорно работам да го убрзам процесот,сепак на крај се зависи од нас самите.
Не знам дали тоа може да се нарече божја казна или пак карма...Верувам дека порано или подоцна секој си го добива заслуженото.Самата јас за некои грешки што ги правам чувствувам како да сум казнета со последиците и слично.
исто и јас верувам...посебно кога сум некогаш лута на некој го користам тој израз Господ гледа тој нека ти врати, кога јас неможам......
не верувавам во божја казна ниту пак во судбина,но верувам дека тркалото се врти и дека еден ден се ке си дојде на свое место.самите ние со нашите постапки си го кроиме животот,значи како правиш така и ќе ти се враќка,не можеш да очекуваш да си лош спрема сите а овие да ти враќаат со убаво.така да самиот човек си е креатор на својот живот,Bог и судбината немаат никаква врска со тоа што самиот ќе си направеш.единствено верувам во карма и во самата себе!
Верувам во божја казна,зло за зло се враќа.Само некогаш не можам да го сфатам бог зошто невините души ги зема,како би злите луѓе да гледаат и да патат...
Можам да кажам само дека се во животот се враќа и се се плаќа,како и старата изрека,како правиш,така ќе ти прават,едноставно е
Верувам во Божја казна, но исто така верувам дека се се случува со причина, така што кога на добрите луѓе им се случуваат некои лоши работи, секогаш потоа се случува нешто добро поради кое се забораваат лошите работи.
Верувам бо Божјата казна.Тој сто ја заслужува ако не ја добие на овој свет сигурно ке ја доби горе на другиот пред Бог