1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Божја казна

Дискусија во 'Религија' започната од Unfaithful18, 19 јули 2010.

  1. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Па не баш Божја казна, да речеме дека тркалото се врти. ;)
    Се се враќа, се се плаќа.
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Не сум одмаздољубива иако умирам од нервози и смислување одмаздувачки планови кога некој ќе ми згреши, но тоа е моментално. Потоа сите тие планови се бришат. Секој што ми згрешил го оставам во Божји раце, Бог да одлучи дали ќе го казни или не. Кога-тогаш, како викаат-Господ е голем, гледа и враќа. Верувам во тоа.
     
    На PandinusImperator му/ѝ се допаѓа ова.
  3. prettyButerfly

    prettyButerfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Мислам дека кој што си сеел тоа ке си жнее...Иако денес многу би рекле дека не вреди да си добар јас мислам дека доброто со добро се враќа.Верувам дека кога-тогаш сите ќе си платиме за грешките..Божја казна ми звучи некако престрого,но да верувам дека Господ ке се погрижи секој да си го добие заслуженото.. :)
     
  4. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    :y:
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    потполно се согласувам со тебе... :clap:
     
    На PandinusImperator му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PandinusImperator

    PandinusImperator Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    драго пријателце одлучисе карма или судбина како и дае!!! во двата слуцаеви грешис бидејќи велиш работам да го убрзам процесот!!! тука ти немозеш нисто кармата или судбината го носат тоа сто заслузува твоето срце.
     
  7. PandinusImperator

    PandinusImperator Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    а што мислиш тркалото тукутака се врти?!
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Кармата е закон на акција и реакција, причина и последица. Кој верува во карма, значи верува дека постои одредена законитост, виша сила, која во религијата се нарекува Бог, па оттука во некои религии се нарекува Божја казна. Во суштина, нема голема разлика меѓу овие два поими, и да, верувам во Божја казна.
     
    На NelChe му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Карма из а бич! Ова не знам кој го кажал, ама имал неверојатно право. Верувам во карма, во Божја казна. Само што Божјата казна казнува трипати повеќе од моето страдање.
     
  10. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Ако законот на кармата вели дека после нешто што се случило,следува друго чие што постоење е предизвикано од претходното,тогаш би требало да важи- добро за добро, лошо за лошо.Јас искрено се надевам дека е тоа така,и одвај чекам да се потврди ова второво,само на нив,а не на нивни деца или внуци.
     
    На NelChe му/ѝ се допаѓа ова.
  11. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Уште од одмна човекот кренал раце од Божјото делење на правдата па создал правен систем, закони и судство. Така да не верувам во небесна правдина! Ќе ме стрефи само она што ќе си го предизвикам. А и на оние што ми направиле нешто лошо - кога тогаш и нив нешто ќе им се деси (на сите им се случува понекогаш нешто лошо) така да ќе си речам во моментот дека „Арно му се прај“- и толку. Бог нема врска со тоа. Тој е створител и не е судија!
     
  12. sweeteva

    sweeteva Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    10
    поголем непријател од себе самиот нема никој,значи сам што ќе си направиш никој неможе,но не ја потценувај божјата сила и правдина
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    The same here :lol:
    Колку и да ми грешава некој се труууудам да не враќам... а точно е тоа дека се се враќа- се се плаќа
    Можеби не е баш со брзина на светлината, ама со малку среќа се се мести како што треба :!:
     
  14. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    И јас верувам, меѓутоа, тешко ми паѓа кога ќе слушнам за некои ситуации. Кога некој греши, лошото нека му се враќа на него лично, не на неговите деца или најблиски (или како велат постарите - на најмилото).
    Кој греши на него лошото.
     
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Незнам, не сум ни помислила во такви моменти, кога некој ме повредува (на било кој начин) на Господ. Ќе си вратам јас здраво за готово, Господ случајно да не заборави. Па како и да е, Господ гледа, ама мене у тој момент важна ми е само одмаздата.

    Што ти ја знам сега...
     
  16. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Како може бе така,некој да те повреди, а ти да оставиш на Господ да врати за тебе??И јас викам така и се обидувам и тоа да го правам,ама некако тешко ми иде...Сакам да вратам со иста мерка,ее сега кога не можам ништо да направам тогаш оставам на Господ! Како викаат се се врти,се се плаќа!
     
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Божјата казна?
    Малку долга тема за разговор и размислување. Да, Господ казнува и секој за своите дела ќе одговара на Второто доаѓање на Господ кога сите ќе си добиеме она што сме заслужиле. Но за казната, овде на замјата навистина има многу за размислување. Па би почнала од овде.
    Земам пример на една жена која што прави најразлични гревови го изневерува сопругот, извршувала абортуси..... И така си живее, но доаѓа момент од нејзиниот живот кога доаѓа на пример некоја тешка болест. Ете тука е по наше кажано казната на таа жена, можеби од една страна е така, но од друга гледна точка таа болест и е испратена како еден вид воспитна мерка од страна на Бог. Зошто? Господ дојде на земјата и ги зеде на себе и нашите гревови и така и во овој случај сака да ја спаси душата на таа жена. Можеби и испраќа тешка болест, но сепак за нејзино добро да разбере и се покае за нејзините гревови. Господ ги сака сите и сака сите да се спасат, но сепак ќе се спасат само оние кои што ќе се покајат за својот грев. И во овој случај ако оваа жена се покае, ќе се спаси. Но, ако не се покае е тогаш Господ ќе ја земе нејзината душа и тогаш ќе ја казни. Но, додека е на земјата Господ во секој момент го чека нејзиното покајание, значи не станува збор за Божја казна. Како полесно да се разбере тоа? Секојдневен пример: дали мајката и таткото кога ќе згреши нешто детето го казнуваат заради грешката што ја направило, бидејќи го мразат? Сигурно не, од нивната неизмерна љубов кон своето дете тие малку го маваат по раката , образот за да му дадат до знаење повторно таа грешка да не ја прави. Така и во овој случај, таква е и љубовта на Господ кон сите нас.
    Заклучок: Господ го казнува оној што го сака, но со цел самиот да ја види својата грешка и да се поправи. И никогаш Господ не праќа поголеми искушенија од нашата сила и ни испраќа искушенија колку што можеме да издржиме.
     
    На Deemy, A-j-a, Srekicka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Божја казна -начин примитивните заедници од минатото да ги оправдаат лошите работи што им се случуваат.

    Јас верувам во Карма. 8)
     
  19. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    да верувам и сите еден ден ке платиме за насите казни и треба сеа да му ја мислиме да се покаеме за направените грески и да не ги правиме пак молам господ да е милостив како сто е и да ни ги прости гревовите инаку ке гориме
     
  20. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Јас тоа го сваќам на друг начин. Според мене Бог му дозволува на човекот да учи од сопствените грешки, ако веќе не успеал да научи од туѓите. Кога тогаш секој мора да помине низ таа лекција на животот. Животот првин не тестира дали нешто сме научиле, ако да - ке се избавиме од ситуацијата, ако не - ке стекнеме поука т.е ке ја научиме лекцијата за следен пат.

    Но сите луѓе не започнуваат од истиот тест-лекција, па затоа во различен период ке морат да го положат.